|
|
|
|
Преглед на секвенците од основниот курс:
Основен курс 1: Што е демократија?
Постојат две можности. Едната можност се состои во тоа, поединецот сам да одлучува, бидејќи може да се пробие пред останатите членови од семејството. Така на пр., оној што го има далечинскиот управувач за телевизорот во свои раце ќе одлучи, која програма ќе се гледа.
Но, може и поинаку. Одлуките можат да ги донесуваат сите заеднички. Во нашиов случај семејството може, на пр., да се договори за гледање на некоја програма. Тогаш, оној што го има далечинскиот управувач во свои раце ќе ја вклучи програмата, која е заеднички избрана. Како што е случајот со нашето мало семејство, и во поголемите заедници, како што е случајот со државата постојат проблеми во соживотот. И тука мора да се донесат одлуки. Притоа не станува збор за некоја телевизиска програма, туку за тоа, што всушност се случува во една држава.
Ептен неправедно, нели? Но, постои и друга можност. Секој човек има права, а со тоа и мал дел од власта. Сите заедно го утврдуваат регентот, кому му ја доделуваат власта за ограничен за да може да ја отпочне својата владина програма. Но, регентот може да го стори тоа само доколку народот даде согласност за истото. Тој не може да изготви програма со која на народот му се одземаат или ограничуваат правата.
Ако батериите се потрошат, а регентот не добие нови од народот, тогаш тој повеќе не ќе може да владее. Народот треба сериозно да размисли дали да му даде нови батерии на регентот. Ова се двата начина за тоа како може да изгледа соживотот меѓу регентот и народот. Примери можат да се изнајдат за многу форми. Првата можност, диктатурата, во која народот нема речиси никакви права, преовладуваше во Европа до крајот на 18 век. Дури тогаш луѓето започнаа да ја перципираат неправедноста на овој систем. Дури подоцна постепено се рашири втората можност, демократијата, онаа со батериите, низ Европа, иако постои веќе преку 2000 години, како што ќе увидиме во Основен курс 2. Во текот на 20 век сẻ повеќе земји на најразлични начини ја практикуваат демократијата.
Maтеријали по прашањето "Што е демократија?" Овој краток пример со батериите и далечинскиот управувач ни даде еден првичен впечаток за тоа што значи демократија. Изјави на разни мислители на оваа тема се наоѓаат на посебна страна (Цитати). Покрај тоа, на располагање Ви стои и дијаграм (Дијаграм 1: цитати за демократија). А што вели лексиконот за тоа? На страната Речник се собрани кратки текстови, кои се обидуваат да дадат дефиниција на "демократија". Еде друг дел со наслов Teoрија и исполнет со бројни дијаграми се занимава со важната демократско-теоретска темелна разлика меѓу теориите на демократија теоријата на идентитет и конкурентската теорија. Освен тоа, постои уште еден дел, кој се соочува со различните типови на демократија. Таму станува збор за разликувањето на директната и репрезентативната демократија како и за различни системи како парламентарни и претседателски демократии (Tипови).
|
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|