Методи

 

Основен курс 1
Содржина
Преглед

 

Методи

Тематски комплекс: Методи на политичката настава

Зошто се предава политика и како се планира и подготвува професионално наставата, е прикажано во прегледот на тематскиот комплекс Политичка дидактика на Д@далос. Таму, меѓу другото, станува збор за четири чекори во подготовката на наставата:
 
bulletЧекор 1: Вовед во темата
bulletЧекор 2: Избор на дидактичката перспектива
bulletЧекор 3: Формулирање на темата
bulletЧекор 4: Планирање на текот на наставата

Дадениот тематски комплекс се занимава, како дополнување, со методи и дидактички принципи на политичкото образование, значи со практичната алатка, без која не може да се спроведе наставата. Што подетално се подразбира под ова, е покажано во Основен курс 1 како вовед.

Основен курс 2 е посветен на различни дидактички принципи, кои се покажаа од особена помош за политичката настава. Двата основни курса што следат, презентираат важни методи. Притоа, најпрво се работи за основни методи (Основен курс 3), а понатаму за поспецијални, активирачки методи на политичката настава (Основен курс 4).

Завршниот основен курс положува сметка за фактот дека политичкото образование не е едноставно предмет како секој друг, туку поставува посебни барања. Демократијата и нејзините услови не треба да се пренесуваат само теоретски, туку и да се увежбуваат практично и, пред с
, да се практикуваат на училиште (Основен курс 5).  

За ориентација и навигација на располагање стои графички преглед за овој тематски комплекс како и содржина во писмена форма со директни линкови до одделните страни и делови.

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.