|




| |
Преглед за секвенците од основниот курс
Основен курс 1: Вовед
Основен курс 2:
Дидактички принципи на политичкото образование
Основен курс 3:
Основни методи на политичката настава
Основен курс 4:
Активирачки методи на политичката настава
Основен курс 5:
Демократија
на училиште

Основен курс 1: Вовед
Политичката дидактика има задача да даде научно
засновани одговори на прашањата за Што, Поради што, Зошто и Како во
поглед на политичката настава:
 |
Што треба да се научи:
Избор на теми и нивно структурирање
|
 |
Зошто и поради што
треба да се учи:
педагошки намери и нивно образложение
|
 |
Како треба да се учи:
методи, медиуми, место на учење, ситуација на учење
|
Дадениот тематски комплекс, во прв
ред, е посветен на прашањето Како и претставува важни методи за политичката
настава. На
друго место, во рамките на
Тематскиот комплекс
Политичка дидактика - можете да најдете повеќе информации за останатите две
главни прашања, за задачите и
за целите на политичкото образование.
|

 |
Tools за политичката настава
Како Tools Волфганг Зандер ги
означува алатките за планирање, реализација и рефлексија на околините
за учење. Тој разликува четири
вида на Tools, кои тука
треба да се презентираат во вид на преглед. Во останатите делови тие ќе бидат
одделно продлабочено
обработени.
Дидактички принципи: Тие помагаат при
изборот и структурирањето на тоа
што ќе биде обработувано во наставата или на семинарите. На тој начин, тие
даваат
можност да се научи комплексното поле на политиката
што тешко може да се
разграничи. Оттаму,
тие се од надредено значење при планирањето и реализацијата на политичката
настава.
Со важни дидактички
принципи се занимава
Основен курс 2.
Методи: Тие претставуваат непосредна алатка на лицето што
поучува, во наставата и на семинарите. Тие ги отовраат патиштата на учењето, со
тоа што дефинираат
чекори, текови и правила за среќавањето на лицето што поучува со постоечкиот
предмет. За основните методи како предавање, анализа на текст и разговор
во наставата станува збор во
основен курс
3,
основен курс
4 ги претставува активирачките методи како што се групна сложувалка,
дебата, игра со улоги,
планска игра и проект.
|
|


|
Медиуми: Кај
медиумите се работи за алатки, кои се одбираат,
обликуваат и употребуваат
како средства за работа и носители на информации во дидактичка смисла, за да
понудат помош
при учењето. Овде
треба да внимава на тоа дека кај овие помошни средства најчесто се работи за
медиуми, во кои истовремено се одржува политичка дискусија (како весници,
телевизиски записи, стручни книги или интернет страни.
Покрај тоа медиумите,
и тоа особено дигиталните медиуми (...), отвораат
значителни шанси за изготвување производи за учење (...) (како на пр.
изложби, документации
со слики и текстови, веб страни, дигитални филмови).
Значи, на медиумите им се припишува повеќекратно значење во политичката
настава. Во
контекст на ова треба да се гледаат исто така и дискусиите и клучните квалификации
(како професионално пребарување на интернет) и компетенцијата
за медиуми и нивната
важност во политичката настава.
Евалуација:
Волфганг Зандер како четврта алатка наведува Критериуми за набљудување,
анализа и евалуација на процесите на учење. Откако оваа област долго време
беше запоставена, и политичката дидактика како и политичкото образование сι
повеќе се отвораат за процесите на евалуација. Спорно останува, сепак, како
можат (или треба) да се направат достапни надредените цели на политичката
настава (зрел граѓанин) за евалуација.
[Сите цитати од: Wolfgang Sander, Theorie der politischen Bildung:
Geschichte - didaktische Konzeptionen - aktuelle Tendenzen und Probleme; in:
ders. (Hg.), Handbuch politische Bildung, Schriftenreihe der Bundeszentrale
fόr politische Bildung, Band 476, Bonn 2005, S. 28-30 (Волфганг Зандер,
Теорија на политичкото образование: Историја - дидактички концепции -
актуелни тенденции и проблеми; во: ист. (изд.), Прирачник за политичко
образование, Записи во томови на Сојузната централа за политичко
образование, том 476, Бон 2005, стр. 28-30)]
|
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|