Глобализација

 

Основен курс 1
Воведи
Листа на линкови
Содржина
Преглед

 

Глобализација



Глобализацијата претставува спорна тема, но неспорно е значењето на тематиката и тоа не само за политичкото образование. Дебатата за глобализацијата допира темелни прашања на политиката за демократија, легитимирањето или односот кон економијата во нивната срж.

Прашањето за улогата на јавната комуникација, кое станува с
поважно за (политичкото) образование, може јасно да се развие на примерот на оваа тематика. Како млад, но во меѓувреме насекаде распространет наслов, глобализацијата е инструментализирана во смисла на различни интереси. Разбирањето на овие процеси многу помага за подобро разбирање на дискусијата за глобализацијата.

Конечно, при разработката на глобализацијата се работи за актуелна дебата за централните прашања на иднината, кои мораат да си ги постават. како политиката, така и образованието.

Тематскиот комплекс Глобализација на Д@далос презентира различни обиди за дефиниција (Основен курс 1), ја нагласува мултидимензионалноста на процесите, кои се сведуваат на главниот поим глобализација (Основен курс 2), го поставува прашањето за главните причини (Основен курс 3) и проблемите што произлегуваат како последица (Основен курс 4) и, на крајот, тематизира приоди за решавање, кои се забележуваат во дебатата (Основен курс 5).

За ориентација и навигација на располагање Ви стои графички преглед на овој тематски комплекс како и содржина во писмена форма и со директни линкови за одделните страни и поглавја. Покрај тоа, можете да најдете едно поглавје со предлози за тоа, како би можело да се обликува воведот во една наставна единица за глобализација (Вовед).

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.