|


| |
Основен курс 5:
Приоди за решавање - Global Governance
Во случај кога проблемите
заземаат сι
повеќе глобален карактер,
тогаш и решавањето на
политичките проблеми мора да се
глобализира.
За тоа постојат различни концепти
што одат дури до основање светска држава. Бидејќи,
сепак, ова барем за догледно време, ќе остане утопија и според мислењето
на многумина не би било посакувано, се бараат други, нови видови на
организациски форми за политиката во векот на глобализацијата.
Во оваа смисла стои поимот Global Governance.
Global Governance се означува како ...
 | водење на светот без светска влада |
 | внатрешна
светска политика |
 | политика на светски поредок |
 | политиката во 21 век |
 | контраконцепт на неолиберализмот |
 | одговор на глобализацијата |
На следнава табела резимирани
се различни
поимни приближувања кон Global Governance, кои даваат прв впечаток за
значенските димензии и насоката на приодите:
|
Global Governance е ... |
|
... политичка корекција на глобализираната
пазарна економија во смисла ... на вклучување на економскиот систем во
поопширни општествени цели...
[Холгер Мирле] |
... заедничко дејствување на државни и
недржавни актери од локално до глобално ниво ...
[Дирк Меснер / Франц Нушелер] |
|
... не само концепт за надворешна политика,
туку проект за реорганизација на политиката на сите нивоа на дејствување
... Global Governance значи пренасочување на заканувачкото откажување за
обликувањето на политиката во полза на анонимни системски логики и формирање
на обездржавен свет ...
[Дирк Меснер / Франц Нушелер] |
... се бараа приоди за решавање, кои не ги
доведуваат во прашање економските и политичките предности на глобализацијата
и се соодветни за надминување или омекнување на создадените неправди и
опасности ... Оваа задача во меѓувреме се означува со името Global Governance ...
[Германски парламент] |
|
... комплексен повеќеслоен систем на владеење
надвор од националната држава...
[Улрих Менцел] |
...обид за совладување на глобалните проблеми
...
[Дирк Меснер / Франц Нушелер] |
|
... спротивното од правилата, кои содржат
натамошна либерализација и глобализација на пазарите...
[Холгер Мирле] |
... концепт што се родил од дефицитот во
регулирањето на светската политика, со кој треба да се јакне вештината и
транспарентноста на меѓународните институции со инволвирање на недржавни
актери ...
[Клаус Милер] |
|
Капитализмот е силен и моќен тигар, кој може
да биде подбуцнат со цел за оживување на една економија, под претпоставка
дека неговите сили се зауздани од граѓанско-државни и политички институции.
Глобализацијата го пушти тигарот од кафез и на тој начин ослободи еден див
капитализам, кој како ослободен тигар повторно ги прифати своите разбојнички
и користољубиви навики [Бенџамин Р. Барбер].
Целта на Global Governance е (повторното) припитомување на тигарот
ослободен со глобализацијата. |
Global Governance како одговор на глобалните
проблеми
Нееднаквата распределба на добивките,
отфрлањето на плаќањето даноци преку т.н. Offshore
финансиски центри,
меѓународни кризи како последица на шпекулативни капитални движења, руинирачкиот
натпревар за локации врз основа на заканувачкиот потенцијал на мултинационални
претпријатија и другите проблеми како последица на (економската) глобализација
можат да се обработуваат само во глобални рамки, при што актерите мораат да
соработуваат на сите нивоа. Истото важи за глобалните проблеми со ефект на
стаклена градина за миграцијата и меѓународниот криминал па сι
до проширувањето на атомското, биолошкото и хемиското оружје.
За овие и други проблеми националната држава е премногу мала.
Нејзините рамки
дојде до првото успешно припитомување на капитализмот. Сега неговите граници,
со кои тој е дефиниран се во
целосен неспоив однос со одграничувањето на
глобализацијата: националната држава е подложна на ерозија, таа повеќе не може
сама да извршува важни државни функции како обезбедување сигурност за своите
граѓани во времето на оружјето за масовно уништување.
Архитектурата на Global Governance
Global Governance сака да ги
исполни вакуумот, дефицитот од
регулирање што се создава, со меѓународна соработка. Притоа националната држава останува централно
ниво на регулирање, но со нови политички форми, особено со вклучување на
(глобално) граѓанско општество и јакнење на меѓународните организации. Следнава
слика дава приказ на соодветната архитектура:

Global Governance: утопија или потреба
Global Governance не е романтичен проект за еден свет,
туку реален одговор на предизвиците на глобализацијата, вака аргументира Франц
Нушелер. Со концептите за Global Governance се прави обид за наоѓање приоди за
решавање на проблемите во светот. Потребата од нови патишта за решавање на
политичките проблеми е безмалку неспорно, но архитектите на Global Governance
честопати се наоѓаат пред критиката дека нивните предлози биле утописки.
Како глобалната соработка може да функционира ефективно, ако Соединетите држави
како хегемонијална сила сι
повеќе одат сами по одделни патишта и на пр. истапуваат од Протоколот од Кјото,
што значи тежок удар на напорите за глобална климатска заштита? Кој треба да ја
координира соработката меѓу државите, претпријатијата, градовите, НВО-ите итн.?
И кога би можело да се координира една ефективна соработка: кој ќе ги легитимира
одлуките? Како можат да се организираат демократски постапки во глобални размери? Global Governance
мора едновремено да биде ефективна и демократска. Овие две темелни барања се
наоѓаат во меѓусебен затегнат однос.
Најнапредниот модел за соработка меѓу државите и општествата претставува
Европската унија (ЕУ), која од таа причина може да важи како лабораторија за Global Governance.
А во рамките на
ЕУ може точно да се набљудува наведената дилема за ефикасност и
демократија, при што мора да се предочи дека европските држави се, секако, многу
послични од она што е случај во светски размери.
Предлози за продлабочување на тематиката
1. EУ како лабораторија за Global Governance - опширни информации за ЕУ
нуди Европа-серверот (www.europa.eu.int)
како и посебен тематски комплекс на Д@далос [...
кон тематскиот комплекс
Европска унија]
2. Обединетите нации (ОН) како приод за раководење на светот - опширни
информации нуди онлајн-понудата на ОН (www.un.org)
како и посебен тематски комплекс на Д@далос [... кон тематскиот комплекс
Обединети нации]
3. Светските конференции од 90-тите години како пример за Global Governance
[... повеќе]
4. Aгендата 21 како карактеристичен пример за Global Governance [...
повеќе]
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|