Основен курс 4
Нагоре Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

ATTAC

 

Глобализација

Основен курс 4: Проблеми како последица на глобализацијата

Глобализацијата
непосредно н засега сите. Цел на овој основен курс е да се појасни овој аспект и првостепеното значење на тематиката. Притоа, централна улога играат трезвеното одмерување на можностите и ризиците што е дистанцирано од вообичаените потешкотии односно пофални химни.

Динамиката на глобализацијата е придвижувана од економски сили, но нејзините најдалекусежни последици достигнуваат далеку во сферата на политиката (Клаус Милер).

И кај проблемите како последица на глобализацијата во јавната дебата се оперира со ударни термини, кои треба да се испитуваат и анализираат. Изборот на овие ударни термини, кој без проблем може да се дополнува зависно од ситуацијата и тежиштата, е претставен на дијаграмот. Појдовна точка на овој извадок можат да бидат актуелни известувања од весниците или текстовите од интернет, кои речиси секојдневно се среќаваат.

Значаен аспект при критичкото испитување на ударните термини кон димензиите на глобализацијата се дадени во Основен курс 2, каде што се прашува кои аспекти од различните димензии спаѓаат во глобализацијата (пресеци), а кои не. Аналогно гледано, овде би требало да се праша на кои делумни аспекти од споменатите проблеми како последица на глобализацијата треба да им се даде тежина, а за кои аспекти други причини се од одлучувачко значење.

Така на пример, за областа на социјалната политика постојат многубројни диференцирани анализи, кои во прашање ја доведуваат стриктната каузална алка глобализација > конкуренција за локација > социјален дампиниг и се обидуваат да појаснат, во која мера од процесите на глобализација се ограничува просторот за дејствување на националната држава во социјалната политика.

Појаснувања кон проблемите како последица на глобализацијата

Често цитираната реченица: Националните држави биле премногу мали за големите проблеми, а премногу големи за малите проблеми, се повикува на текстот на Даниел Бел од 80-тите години. Глобалните проблеми, како на пример ефектот на стаклената градина, во рамките на една држава се решаваат исто толку малку, колку и локалните проблеми, на пример во школството.

Последица: националната држава еродира. Таа не исчезнува, ниту е одвишок, како што се сугерира со многу коментари, туку таа еродира. Кон ова се додаваат дополнителни нивоа за решавање на проблеми како над, така и под нивото на национална држава. Тогашните скаменети граници на државната територија и на моќта на државата и народот стануваат попопустливи. Ни повеќе, ни помалку, во позадина се зборува за ерозија на националната држава, која е далеку напредната во Европа на Европската Унија. Овде државите ги отстапиле централните надлежности, с
до монетарната политика на една нова, супранационална организација.

Сите овие феномени не се нови, за нив се дискутира од 70-тите години под зборот интердепендентност, но процесите се забрзаа и достигнаа нови димензии, како квалитативно, така и квантитативно. Тука лежи новината во глобализацијата.

Ова важи во иста мера и за другите аспекти наведени на сликата. Имаше еколошкото уништување  исто како и неправедна распределба, уште пред да почне да се зборува за глобализацијата. Но, овие проблеми се заоструваат со глобализацијата. На ова особено посочува во меѓувреме значајното движење на критичарите на глобализацијата (види посебна страна "ATTAC"). Од друга страна, глобализацијата создава и претпоставки за да може соодветно да се соочи со глобалните проблеми, значи на глобално ниво.

Заради зголемување на конкурентноста во глобалната конкуренција да се намалат социјалните услуги, а со тоа и трошоците за придонеси - ова се бара пред с
од економијата како нужност, додека синдикатите предупредуваат од опасноста за социјален дампинг.

Неспорно е дека работниците во Индија заработуваат помалку од оние во Европа и дека ова ќе остане така во догледно време. Тоа им создава на претпријатијата потенцијал за заканување: тие можат да се закануваат со иселување во земји со ниски примања. Но, и оваа навидум јасна зависност не може да даде јасна анализа. Одлуките за локациите не се донесуваат врз основа на трошоците за плати. Други фактори, како на пример нивото на образование или постоењето пазари, исто така играат проминентна улога.

Глобализацијата не значи дека с
може да се реши насекаде без проблеми. Но, глобализацијата не може да се инструментализира како аргумент односно храна за заканувањата за иселување.

... понатаму кон Основен курс 5: Приоди за решавање

[Aвтор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.