|
| |
Основен курс 3: Причини
за
глобализација
Комплексните феномени можат да се
објаснат само мултикаузално.
По однос на ова во дебатата за глобализација владее
единство, додека сé
останато останува спорно.
Во зависност од тоа кое разбирање на
глобализацијата се
зема за основа, предвид доаѓаат други
причини и движечки сили. На следниот дијаграм дадени
се често наведуваните причини,
при што листата не е целосна.

Без сомнение,
технолошките новитети, особено во областа на
информациите и комуникацијата,
одиграле и сé уште
играат централна улога.
Интернетот претставува симбол
за
глобализација
во различна смисла. Глобализацијата на финансиските пазари, поместувањето
огромни суми околу глобусот
за време од неколку секунди не би било можно без оваа технологија,
а истото важи и за организацијата на транснационално-интегрираното производство и многу
други нешта.
Енормното зголемување на трговијата како
друг централен елемент на економската
глобализација резултира од тоа
што трошоците за транспорт
рапидно се намалени, а стоките можат
да се транспортираат
побрзо. Ова особено важи за секторот
на услужни дејности: производи како
софтвер или бази на податоци можат
за неколку секунди да се испратат од
едниот на другиот
крај на светот, низ канали за испраќање податоци.
Исто така и крајот на студената војна
честопати се споменува како причина. Доколку светот во конфликтот помеѓу
Истокот и Западот беше поделен на две
страни, кои помалку ги негувала односите меѓу себе, оваа граница -
„железната завеса“ -
се урна во
периодот од 1989/90. Поранешните држави на „Источниот блок“ се отворија
кон светскиот пазар.
Сé
повеќе држави им укажуваа доверба на демократијата и пазарната економија, како
основа во своите принципи на организација.

 |
Централна улога, пред сé за нивото на свеста,
одиграа глобалните проблеми. За
ова сведочат
не само „продавниците на еден свет“ во
високоразвиените индустриски држави, на
глобалните проблеми им
е потребна интернационализација на политиката и
тие ја унапредуваат глобална свест. Организациите како
Greenpeace или
Amnesty International, кои
се посветуваат на такви глобални теми како што се животната средина или
човековите права, се
„глобални играчи“. Притоа, се отсликлуваат почетоците на едно светско општество.
|
|
 |
Критичарите на
глобализацијата, како на пример мрежата
ATTAC, сé повеќе
укажуваат на тоа дека
не станува збор за некаков принуден процес, дека глобализацијата повеќе претставува последица на политиката на
дерегулирање под водство на САД од Втората светска војна (види
одделна страна "ATTAC"). Без либерализација на
светската трговија во рамките на GATT односно на
СТО, овој развој,
всушност, не би
можел да се замисли.
 |
Интересни
информации
на оваа тематика
можете да најдете на интернет
страните на организациите „Bretton Woods“:
|
[Други линкови
можете да најдете на Листата на линкови
при тематскиот комплекс
„Глобализација“]
|
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|