Основен курс 2
Нагоре Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

Регионализација
Тријадизација

 

Глобализација

Основен курс 2: Димензии на глобализацијата

Димензиите се во  тесна поврзаност ...

 

При разликувањето на, во овој случај прикажан на сликата пет, димензии важно е да се види дека тие не можат да се одделат јасно една од друга. Само колку за пример: глобалните еколошки проблеми не можат да се набљудуваат изолирано ниту од димензијата економија ниту од димензијата политика. Ова глобално вмрежување не само на актери, туку и на тематски области, се вбројува во спецификите на глобализацијата.
 

 Пресеци и граници...

Различните димензии формираат различни по големина пресеци со глобализацијата, бидејќи важно е да се види, што с спаѓа под глобализација и дека таа во никој случај не се исцрпува во економските процеси, па и кога економската глобализација претставува потекло и важна подвижна сила. Но, важно е и да се препознае, дека с не припаѓа кон глобализацијата и дека не е с меродавно уредено од неа.

И глобализацијата се судира со граници. Овој аспект треба да се задржи во фокусот како натамошен чекор кон диференцијалното набљудување. Од една страна се работи за пресеци со различна големина, зависно од димензијата, а од друга страна се работи за тоа да се дистанцираш себеси од моќта на поимот и неговата современа примена, со цел да се земат предвид границите (види и на одделната страна Регионализација).
 

Економската димензија ...

Без проблем можат да се земат примери од дневниот печат за сите димензии, при што на преден план најчесто се наоѓа економската димензија (енормно зголемување на трговијата и на директните инвестиции, глобализација на финансиските пазари како карактеристичен пример, транснационално интегрирано производство, транснационални претпријатија, конкуренција за локациите меѓу државите и регионите, крај на националните економии).

Тука честопати се укажува на тоа дека овие процеси биле погрешно именувани со етикетата глобализација, бидејќи тие во суштина се ограничуваат на Северна Америка, Европа и Југоисточна Азија (Јапонија), значи се ограничуваат на таканаречената тријада. За ова посоодветен бил поимот тријадизација (види одделна страна Тријадизација).
 

Димензијата екологија ...




 

Глобалните проблеми како затоплување на земјината атмосфера, озонската дупка или сечење на тропските шуми највпечатливо ја отсликуваат глобализацијата, бидејќи овде неспорно се работи за глобални проблеми, кои треба да се обработат глобално. Сепак, и во екологијата се разбира постојат регионални и локални проблеми, на пр. кога таквите проблеми се од прекуграничен карактер, како на пример загадувањето на реките.

Зависностите од просторот и времето без граници стануваат јасни, кога ќе стане јасен фактот дека опстојувањето на далечните мали островски држави што се споиле во организацијата AOSIS и што се егзистенцијално загрозени од идното зголемување на висината на нивото на морската вода, зависи од однесувањето во минатото и иднината особено на луѓето од високоразвиените индустриски држави.

Не е зачудувачки што на овие проблеми им беше посветена првата од редицата Светски конференции во 90-тите години, конференцијата за животната средина и развој во Рио де Женеиро од 1992.
 

Општествената димензија ...

Светот станува глобално село, нови видови комуникациони заедници (Chat, E-Mail) на големи оддалечености се придодаваат кон традиционалните заедници како семејството или соседството. Но, колку за пример од општествената димензија, тие не ги заменуваат овие традиционални комуникациски простори.
 

Културната димензија ...

Холивудските продукции се гледани низ целиот свет; со ова не се оспорува американизација на културата, но: затоа, пак, не исчезнуваат локалните и регионалните култури. Напротив: присебноста за такви култури се вбројува кон пропратните појави на глобализацијата, поради што исто така и поимот глокализација влезе во дебатата.
 

Политичката димензија ...

Политиката се бори против масивните проблеми. Глобализацијата и конкуренцијата за локации го ограничуваат просторот на дејствување за националната политика, а голем број проблеми можат соодветно да се обработат само интернационално односно глобално. Мора де се најдат нови политички форми и арени. Така, на пример, европската интеграција се означува како одговор на предизвиците на глобализацијата, одговор што ветува успех.

Политиката, која во суштина како и досега е територијално организирана и на ниво на националните држави с
повеќе заостанува зад интернационалната односно глобално организирана, разграничена и нематеријалистичка економија. При вметнувањето на капитализмот во социјална држава се заканува неуспех од несоодветен однос.

Но, на глобализацијата фактички не може да
се припише сето она, за што се смета за одговорна. Честопати таа им служи на политичарите како жртвено јагне и аргументативно снаменско оружје. Овој аспект станува јасен кога се размислува на примерите од областа на политиката што не се вбројуваат во пресеците со глобализацијата.

Други текстови:
 
bullet Регионализација наместо глобализација?
bullet Тријадизација наместо глобализација?

 
... понатаму кон Основен курс 3: Причини за глобализација

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.