Основен курс 1
Нагоре Основен курс 1 Воведи Листа на линкови Содржина Преглед

 

Основен курс 2
Основен курс 3
Основен курс 4
Основен курс 5

 

Глобализација

Преглед на секвенците од основниот курс

Основен курс 1: Што е глобализација? (Обиди за дефиниција)

Основен курс 2: Димензии на глобализацијата (мултидимензионалност)

Основен курс 3: Причини за глобализација (мултикаузалност)

Основен курс 4: Проблеми како последица на глобализацијата

Основен курс 5: Приоди за решавање: Global Governance


Основен курс 1: Што е глобализација?


Потешкотиите со глобализацијата започнуваат уште со дефинирањето на поимот. Ниту во научната, ниту во широката јавна дебата не постои призната дефиниција. Следнава табела ги резимира различните приближувања кон поимот глобализација:

Глобализација е ...

... процес на надминување на историски создадените граници. Затоа таа е истозначна со ерозијата (значи не со губењето) на суверенитетот на националната држава  и се претставува како изместување на пазарната економија од моралните правила и институционализираните врзувања на општествата ...
[Елмар Алтфатер]

... интензивирање на глобални социјални односи, со кои на тој начин се поврзуваат меѓусебно оддалечени места, при што случувањата што се врежуваат на едното место се одигруваат на другото место што е оддалечено многу километри и обратно ...
[Антони Гиденс]

... квантитативно и квалитативно интензивирање на прекугранични трансакции и нивно истовремено просторно проширување ...
[Улрих Менцел]

... најголемото економско и општествено превирање од индустриската револуција ...
[Дирк Меснер / Франц Нушелер]

... зголемената меѓусебна зависност и интеграција на различните економии на глобусот ...
[Мегнад Десаи]

... процес на зголемени поврзувања меѓу општества и проблемски области ...
[Јоханес Варвик]

... со глобализацијата се интензивира конкуренцијата на пазарите ...
[Христијан фон Вајцекер]

... ослободување од оковите на силите на светскиот пазар и економското обезмоќување на државата ...
[Шуман/Мартин]

... стана наслов што веќе некое време се користи во политички, публицистички и научни дебати во инфлаторска смисла, притоа гледајќи на него од една страна како на закана, и од друга страна како на шанса ...
[Јоханес Варвик]

... a social process in which the constraints of geography on social and cultural arrangements recede and in which people become increasingly aware that they are receding (...). Globalization does not necessarily imply homogenization (...). Globalization merely implies greater connectedness and de-territorialization ...
[Малколм Вотерс]

Динамиката на глобализацијата се придвижува од економски сили, а нејзините широки последици влегуваат во доменот на политиката [Клаус Милер].

Сложеноста на темата глобализација бара интензивно соочување, особено на поимното ниво, при што е потребно на почетокот да се тематизираат и дискутираат пред с следниве точки:

bullet

централниот аспект на бришењето на границите и последиците од тоа по националната држава (клучен збор ерозија);
 

bullet

епохалното значење што честопати му се придава на процесот на глобализација (аналогно кон индустријализацијата);
 

bullet

прашањето за тоа дали се работи за еден нов вид процес, или дали глобализацијата постои веќе долго време, а процесите само се забрзале од крајот на 80-тите (варијантата, според која глобализацијата е само еден чист мит, речиси и да не може да се препознае во оваа дебата);
 

bullet

разликувањето на двете во принцип различни пристапи кон поимот глобализација, имено разбирањето на овој поим во потесна, економска смисла (на пр. дефиницијата на Десаи или Вајцекер) од една страна, и во поширока смисла насочена кон сите социјални односи (на пр. дефиницијата на Гиденс) од друга страна;
 

bullet

поврзувачките елементи независно од сите разлики пред с централната улога на интердепендентност, на меѓусебна зависност што и се припишува во безмалку сите дефиниции.

Појаснувања кон обидите за дефиниција

Економската димензија на глобализацијата несомнено поседува големо значење и претставува значајна причина и погонска сила за процесите на глобализација во други домени. Притоа не смее да се заборави дека глобализацијата опфаќа далеку повеќе од зголемената интеграција на светската економија и  оттаму не смее да се сведе на економски процеси, што, како и порано, честопати се случува (види Основен курс 2: Димензии на глобализацијата).

Различните вклучени научни дисциплини (во прв ред економијата, историјата, политичката наука и социологијата) тешко се соочуваат со дефинирањето на овој поим. Тоа не треба да н
чуди, оваа задача наликува на познатата задача за квадратурата на еден круг, на поимното разграничување на укинувањето на границите.

Кратките цитати укажуваат на исклучително значајниот аспект на укинувањето на границите и последиците од тоа по националната држава (Алтфатер). Тука се наоѓа разбирањето на глобализацијата во потесна, економска смисла (Десаи, Вајцекер). Епохалното значење на процесите што се сумираат под зборот глобализација, станува јасно со неговата истозначност со индустриската револуција (Меснер/Нушелер).

На мета ниво, Варвик зборува за функцијата на поимот во јавниот дискурс, што јасно укажува на тоа дека не може да се зборува за глобализација, без притоа да се говори и за тоа како се зборува за глобализацијата.

Повеќепати се тематизира основното значење на интердепендентноста (меѓусебната зависност), поврзувањето (интеграција) односно размената (Менцел, Десаи, Гиденс, Варвик). Голем број обиди за дефиниција се задоволуваат и со овој аспект на зголемени поврзувања (Варвик, Менцел), кој е некритичен, но затоа и во голема мера без содржина.

Кај Алтфатер и Шуман/Мартин се појавува една важна насока на критиката против глобализацијата, имено осамостојувањето на економијата што повеќе не може да се контролира од политиката ниту, пак, може да биде вметната во неа.

... понатаму кон Основен курс 2: Димензии на глобализацијата

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.