Воведи
Нагоре Основен курс 1 Воведи Листа на линкови Содржина Преглед

 

 

Глобализација

Воведи во наставна единица за глобализација

Варијанта 1: Прашалник

Бидејќи глобализацијата како израз е распространет насекаде, особено добро е да се направи вовед во оваа тема со анкетирање на што е можно поголем број, лица (најдобро надвор од училиштето). Овде на пример би можело да се формираат групи, за да може да се анкетираат различни групи луѓе (мажи - жени; сопственици на продавници - административни службеници итн.). Прашањата со штиклирање треба да се евалуираат квантитативно, останатите прашања квалитативно, а резултатите треба да се визуализираат.

Варијанта 2: Дискусиски круг

Бидејќи може да се појде од тоа дека за темата глобализација постои извесно предзнаење од медиумите, слободната дискусија дава можност за вовед што ветува успех. Појдовна точка би можела да биде следнава слика. Дискусискиот круг го насочува вниманието на мноштво теми, кои се некако поврзани со глобализацијата (правда, екологија, човекови права, политика и економија). Секој разглас како и двата канала за искажување (спротивно и во насока на стрелките на часовникот) можат да се земат како појдовна точка за дискусија.

Варијанта 3: Актуелни статии од печатот или текст од интернет

Секојдневно во весниците, магазините и на интернет се среќаваат информации што можат да послужат како вовед во наставната единица за глобализација. Ова важи независно од тоа, на што се сака да се стави тежиште и која дидактичка перспектива е избрана. Следнава кратка порака ја нагласува економската димензија на глобализацијата:

Леви Штраус отпушта 3300 вработени во САД

САН ФРАНЦИСКО (AFP, 09.04.2002). (SAN FRANCISCO (AFP, 09.04.2002)). Произведувачот на тексас производи Леви Штраус се повлекува: како што соопшти Леви во Сан Франциско, американското претпријатие со традиција сака да отпушти 3300 вработени, а тоа се 20 проценти од персоналот во Соединетите Држави. Освен тоа, во текот на годината треба да се затворат шест од осумте фабрики за да се премести производството во странство, каде трошоците за плата се пониски. Со тоа Леви Штраус реализира план, според кој претпријатието повеќе не ја произведува својата облека, туку сака да се концентрира на маркетингот и развојот. Преструктурирањето било неопходно за Леви Штраус да остане конкурентен, се вели во информацијата. Двете останати фабрики во САД треба да продолжат со работа за да може на тој начин краткорочно да се реагира на можното зголемување на побарувачката. Леви Штраус е најстариот производител на производи од тексас во светот. Фирмата е основана во 1853 година, во Њујорк од страна на емигрантот од Баварија, Леви Штраус, заедно со неговите браќа.

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.