Педагогија за мир

 

Основен курс 1
Листа на линкови
Содржина
Преглед

 

Педагогија за мир


Мирот е највисоката цел на дејствувањето - и покрај тоа силата и војната ги има насекаде. Мировното однесување неспорно се вбројува во најзначајните цели на едукација - и тоа може да се поучува и може да се учи. Оваа констатација ја формира основата и централниот предуслов за едукација за мир. Целите може да резимираат на следниов начин:

со поддршка од:

"Едукацијата за мир треба да придонесува за промена на светот. Личната подготвеност за насилство треба да се намали, а структурите на насилство во меѓучовечките односи, во сите општествени области и меѓу државите треба да се откријат и отстранат".
[од: Susanne Lin, Stichwort "Friedenserziehung"; in: Handwörterbuch Umweltbildung, hrsg. v. Oskar Brilling/Eduard W. Kleber, Baltmannsweiler: Schneider-Verlag Hohengehren 1999, 68-70 (Сузане Лин, клучен збор "Едукација за мир"; во: Малиот речник Едукација на околината, издадено од Оскар Брилинг/Едвард В. Клебер, Балтмансвајлер: Издавачка куќа Шнајдер Хоенгерен 1999, 68-70)]

Следниот тематски комплекс на Д@далос се занимава со теоретскиот фундамент на педагогијата за мир, кон што се вбројува и разработката на научната позадина и на истражувањето на мирот и конфликтите. Покрај тоа, се работи исто така и за практични приоди на едукацијата за мир. Конечно, разновидните ресурси на Д@далос се врзуваат на оваа тема. На тој начин опширните наставни материјали за човековите права, и правата на децата претставуваат значаен придонес како што се портретите на личностите што се издвојуваат (Кинг Мартин Лутер , Махатма Ганди итн.) во рамките на тематскиот комплекс „Примери“.

Многу нé радува што за развојот на онлајн-понудата за оваа сложена тема придобивме искусни партнери за соработка. Нашата благодарност за плодната соработка ја насочуваме кон експертите од Институтот за педагогија за мир  од Тибинген, коишто се водечки на ова поле. Тие го нагласуваат поимот на способноста за конфликти:

„Како централна цел и суштина на едукацијата за мир може да се разбере 'Способноста за конфликти'. Едукацијата за мир треба да оспособи конструктивно постапување со конфликти, да се избегне ескалација односно да се овозможи повторно помирување на страните во конфликтот и тоа (...) на лично, општествено и меѓународно ниво.“
[Günther Gugel / Uli Jäger, Institut für Friedenspädagogik Tübingen e.V. (Гинтер Гугел / Ули Јегер, Институт за педагогија за мир, Тибинген)]

Како и вообичаено со помош на писмен запис на содржината или преку графикон можете да добиете преглед на онлајн-понудата за темата „Педагогија за мир“. Уживајте во работата со овој тематски комплекс и многу успех!

"There is no way to peace. Peace is the way." – Mahatma Gandhi



... понатаму кон основен курс 1: Вовед и преглед: Што претставува едукацијата за мир? 

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.