Основен курс 1
Нагоре Основен курс 1 Листа на линкови Содржина Преглед

 

Основен курс 2
Основен курс 3
Основен курс 4
Основен курс 5
УНЕСКО

 

Педагогија за мир

Онлајн-курсот на тема „Педагогија за мир“ е поделен во пет секвенци од основни курсеви:

Основен курс 1:

Што претставува педагогијата за мир?
Овде ќе најдете вовед во тематиката и дефиниција.

 
Основен курс 2:

Што значи мир? 
Вториот основен курс е посветен на централните поими мир, војна, насилство, конфликт и поставува прашања за сознанијата од истражувањето за мирот и конфликтите.

Основен курс 3:

Зошто е потребна педагогијата за мир? 
Во третиот основен курс ќе стане збор за задачите и целите на педагогијата и едукацијата за мир.

Основен курс 4:

Што прават педагозите за мир? 
Основниот курс 4 го насочува погледот кон праксата. Со конкретни примери ја претставуваме областа на конструктивната обработка на конфликти како срж на едукацијата за мир.

Основен курс 5:

Педагогија за мир и фер игра 
Едукацијата за мир во никој случај не се ограничува на политичката настава. За пример ја земаме фер играта и заштитата од насилство во спортот.

Основен курс 1: Што претставува педагогијата за мир?

Следниов текст ги опфаќа најзначајните аспекти што ќе бидат продлабочени во одделните основни курсеви од овој тематски комплекс:


"Педагогијата за мир како орган на посредување меѓу теоријата (истражување за мир и конфликти) и праксата, која се однесува на адресатот (едукација за мир), преку сопствената теоретска едукација и развојот на моделите за учење го дава својот придонес кон анализата и постапувањето со конфликтите и насилството на индивидуално ниво, на ниво специфично за групата, на национално/општествено и на меѓународно ниво
(...).



[Норвешкиот научник за мирот и конфликтите, Јохан Галтунг, се вбројува во истакнатите претставници на овој предмет]

Историскиот развој на педагогијата за мир се одвиваше по Втората светска војна во фази што се преклопуваат, и кои донекаде постојат паралелно и денес: првата фаза, индивидуалистичко-идеалистичката педагогија за мир' беше обележана преку еден индивидуалистички приод на објаснување: 'војната започнува во главите на луѓето'. Втората фаза, еден приод, ориентиран кон политичката наука, војната ја опфаќа како политички проблем на меѓународниот систем.  Третата фаза се состоеше од, во меѓувреме надминатиот, конфликт меѓу Истокот и Западот (...). Кон содржинскиот инструментариум припаѓаа негативниот и позитивниот поим за мир, како и директниот, структуралниот, културниот поим за силата од Јохан Галтунг (...). И еколошката проблематика беше преземена во смисла на опширно намалување на насилство против природата во целната концепција на едно мировно еко-движење (...).

Учењето на едукацијата за мир се разбира како социјално и политичко учење: социјално учење како спроведување на 'педагошкиот принцип', намалување на 'владеачките структури', а зголемување на учеството и соодлучувањето на сите страни што учествуваат во училишниот живот. (Мировно)-политичкото учење треба да биде обликувано така што 'ќе биде ориентирано кон клучните теми'."


[од: Susanne Lin, Stichwort "Friedenserziehung"; in: Handwörterbuch Umweltbildung, hrsg. v. Oskar Brilling/Eduard W. Kleber, Baltmannsweiler: Schneider-Verlag Hohengehren 1999, 68-70 (Сузане Лин, клучен збор "Едукација за мир"; во: Малиот речник едукација на околината, издадено од Оскар Брилинг/Едвард В. Клебер, Балтмансвајлер: издавачка куќа Шнајдер Хоенгерен 1999, 68-70)]

УНЕСКО - светската организација за образование, наука, култура и комуникација, се вбројува во најзначајните меѓународни организации во областа на едукацијата за мир. Под насловот Способноста за учење: наше скриено богатство УНЕСКО објави извештај за образованието во 21-от век. Во таму изготвениот образовен концепт едукацијата за мир игра значајна улога. Најзначајните пасажи на извештајот по однос на овааа тема ги документираме на засебна страна.
[... кон извештајот на УНЕСКО]

Следниот цитат за "Education for a Culture of Peace" го појаснува пристапот на УНЕСКО во областа на едукацијата за мир:

"The development of a holistic approach, based on participatory methods and taking into account the various dimensions of education for a culture of peace (peace and non-violence, human rights, democracy, tolerance, international and intercultural understanding, cultural and linguistic diversity) is its main objective."

Други информации за активностите на УНЕСКО: http://www.unesco.org/education/ecp/index.htm

Бидејќи војните започнуваат во главите на луѓето, тогаш мора во главите на луѓето да се воспостави заштита за мирот - преамбула на уставот на УНЕСКО 1945



... понатаму кон основен курс 2: Што значи мир?

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.