И се разбира,
се надеваме дека ќе можеме повторно да ве поздравуваме како посетители на
нашиот образовен сервер и ќе нè радува, доколку со вашите коментари и вашиот
фидбек ќе придонесете за проширување и усовршување на нашата интернет понуда
за политичко образование.
_________________________________________________ · нивото на национална држава, на кое владата и парламентот донесуваат обврзувачки одлуки за граѓаните на соодветната земја. · нивото на т.н. меѓународен систем, на кое националните држави воспоставуваат меѓусебни односи, а кое се одликува со фактот што не постои инстанца, која, слично на националната држава, би можела да донесува подеднакво обврзувачки одлуки за сите земји. · нивото на Европската унија, на кое, исто како на меѓународно ниво, соработуваат национални држави. Но, тие национални држави си создадоа нови, посебни органи (Комисија, Совет на министри, Европски парламент и Европски трибунал), кои, и тука е одлучувачката разлика од Меѓународниот систем, можат да донесат директно обврзувачки одлуки за граѓаните од сите држави-членки.
Односите
помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа во интеракцијата на трите нивоа
Цели и структура на прилогот Надоврзувајќи се на ова сознание, во следниот прилог би сакал најпрво да ја издиференцирам и рафинирам оваа, сè уште мошне расплинета, мостра и, со помош на други примери за примена, да ја демонстрирам ползата од неа. Откако на овој начин ќе добиете подлабок увид во важни причинско-последични поврзаности на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, со случајот на преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ ќе погледнеме пример, кадешто овие односи уште повеќе се стеснуваат. Покрај информации за рамката и текот на преговорите ќе стане збор и за тоа, да ги набљудуваме нив од перспектива на нашата мостра за анализа. Така, програмата во детали изгледа вака:
·
Причинско-последични поврзаности во односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа
–
мостра
за анализа
· Процеси на преговори помеѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, примерот со преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ · Како изгледа општата рамка за преговорите за пристапување? · Како течат преговорите? · Како се изработуваат позициите во Хрватска и во ЕУ? · Институционалната рамка (преговарачки гремиуми) во Хрватска · Состојба на преговорите · Процесот на преговори и односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа во анализа Мостра за анализа
Сакаме да ја
издиференцираме нашата груба скица од слика 1, а тоа значи за секое одделно
ниво да определиме, кои се важните фактори што ги определуваат односите
помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, или поконкретно: кои се важните фактори што
го определуваат процесот на приближување кон и можниот процес на
пристапување на западен Балкан во ЕУ. Ова сакаме, едно по едно, да го
испитаме за секое ниво, а ќе започнеме со меѓународното ниво.
А дури паѓањето на оваа структура, крајот на конфликтот Исток-Запад, ги овозможи процесите, за кои станува збор тука, имено најпрво големиот круг на проширување од 1 мај 2004 година и перспективата за пристапување за земјите од Југоисточна Европа сега. Подоцна ќе кажеме повеќе за тоа, како овие поврзаности се претставуваат конкретно.
А, кај
„Случувањата во Меѓународниот систем“, меѓу другото, секако треба да се
спомнат Балканските војни,
кои
поттикнаа активности на меѓународната заедница
(Пакт
за стабилност) како
и на ЕУ
(процес
на стабилизација и асоцијација).
Притоа, како прво, секако се работи за активностите на централните органи, кои, второ, во рамките на зададените „правила на игра“ водат до, трето, конкретната политика на Унијата во односите кон Југоисточна Европа и воопшто на полето на проширувањето. Сепак, таа слика останува нецелосна, ги покажува определувачките фактори на ниво на ЕУ, но не во Унијата, бидејќи тука спаѓаат, се разбира, и 25-те односно за кратко време 27-те држави-членки, кои значително ја соопределуваат и влијаат врз политиката, пред сè, преку Советот на министри и Европскиот совет.
Детерминанти
во ЕУ
Што се однесува до државата и владата, централно значење очигледно им се придава на уставно-правните одредби, кои регулираат, кој какви надлежности поседува, дали на пример за согласност за промена на Договорот за ЕУ или за проширување одлучуваат парламентот или народот на референдум. Истото важи за институционалната рамка - односот меѓу владата и парламентот во ЕУ-политиката, улогата на политичките партии итн. Понатаму, принципиелните ставови на владите за ЕУ и нивниот развој во целина, а посебно да го наведеме ставот кон проширувањето. Помислете на оваа состојба во Данска или во Обединетото кралство од една и на Германија и Австрија од друга страна. Но, се разбира, важно е и тоа што сакам да го означам со „национални интереси“, тоа значи напорите на државите-членки, на ниво на ЕУ што е можно поодржливо и ефективно да можат да извршат влијание во насока на нивните специфични интереси. Една работа, за која претставува очигледен предизвик со секое проширување преку зголемување на бројот на „соиграчите“ . Ова набројување не се стреми кон целосност, но треба да ви прикаже за што всушност се работи.
Што се
однесува до областа на општеството во поширока смисла,
се
разбира дека економската состојба и економските капацитети на
државата-членка, особената засегнатост на одредени гранки или региони како и
очекувањата и стравувањата кај населението играат извонредна улога.
Бројни
примери за секој од тематизираните фактори можете да најдете во
основен курс 5
од
онлајн-учебникот за Европската унија на образовниот сервер Д@далос.
Во избраниот случај станува збор за актуелните преговори со Турција за пристапување, кои, како што покажа, меѓу другото и со „Не“ на референдумот за устав од минатата година, предизвика стравувања меѓу француското население. Тие, започнати од владата, преку Советот на министри, а поврзано со правилото за едногласност, можат масивно да влијаат врз процесот на преговори. Или помислете на улогата на Кипар, на една многу мала земја, која во последните недели постојано се закануваше дека ќе положи вето против отворање на натамошни глави за преговори во разговорите со Турција. Значи, да се вратиме на поставеното прашање, нашата мала мостра за анализа ни помага кон подобро препознавање и означување на важни поврзаности. Детерминанти на национално ниво
Што се
однесува до важните определувачки фактори на ниво на националната држава,
нашата
задача во голема мера ја завршивме во слика
4,
бидејќи
елементите што се важни по однос на ова во државите-членки на ЕУ,
имаат
подеднакво значење и во другите земји, меѓу другото и во оние од Југоисточна
Европа, за кои овде станува збор.
Помислете на далекусежните влијанија од сложената институционална рамка во
Босна и Херцеговина, со која земјата не е во состојба, да исполни важи
барања на ЕУ.
Помислете на масивните економски проблеми со кои, во различна мера, мораат
да се борат сите земји од Југоисточна Европа, или помислете на далекусежните
очекувања, кои ги имаат народите од едно пристапување во ЕУ.
Детерминантите
во преглед
Како може да се започне со оваа мостра за анализа веќе демонстрирав преку поврзаностите помеѓу двете нивоа на слика 5. Соодветни поврзаности вон трите нивоа беа предмет на слика 1, која со помош на нашата комплетна мостра за анализа секако би можеле да ја анализираме и следиме далеку поиздиференцирано. Пример за примена
Дозволете ми
да ги појаснам можностите за примена и ползата на нашиот рудиментарен модел,
дополнувајќи го ова со уште еден мошне актуелен пример од декември
2006/јануари 2007 година, претстојните избори во Србија. Како што
покажаа
актуелни анкети од средината на декември,
кога изборите би се одржале сега, десната партија СРС на Воислав Шешељ, кој
во моментов се наоѓа во Хаг, би ги добила изборите со 34,9 проценти од
гласовите, што би претставувало 102 од 250 места во парламентит(!) (1).
Ова имаше за последица цела редица реакции како на меѓународно ниво, така и на ниво на ЕУ, кои имаа за цел да спречат таков резултат. Така, пратеникот на ООН за преговорите во Косово, Марти Ахтисари, одлучи да го задржи својот, всушност веќе достасан, предлог за статусот на Косово до по одржување на изборите; очигледен обид, барем да не се влоши понатаму расположението на населението (2). На самитот на НАТО во Рига кон крајот на ноември на Србија и беше испратена покана (како и на Црна Гора и на Босна и Херцеговина) за програмата „Партнерство за мир“ со аналогна интенција (3); а ЕУ во следните денови уште една јасно ќе ја изјасни јасната европска перспектива за сите граѓани на Србија (4, реакција на ЕУ). Но, дека ова претставува мошне сложен процес, јасно го покажува нашата слика уште еднаш. Тука постојат неколку држави-членки, чии влади се наоѓаат под силен притисок од своето население и се скептично до одбивно поставени кон натамошно проширување на ЕУ. Така, на пример, во т.н. Евробарометар-анкета за проширувањето објавена во јули, (страна 69) 65%, значи повеќе од две третини од Австријците, се изјаснија против прием на, во моментот на прибирањето на податоците сè уште во вид на Унија постоечката, Србија и Црна Гора, додека, пак, 67% од Швеѓаните беа за. Овие две и уште 23 други позиции се соочуваат во Советот на министри! Како следен актер постои Комисијата, чии членови исто така не се согласни по однос на натамошниот курс по прашањето за проширувањето. Така, Претседателот на Комисијата Баросо, пред кратко време јасно се изјасни за пауза во проширувањето до разјаснување на интерните институционални прашања во ЕУ, д& |