EDC информатор за Југоисточна Европа

___________________________________

Издание бр. 7 ноември 2006

Предговор на авторот

Драги колеги,

од 1999/2000 Д@далос се ангажира не само со својата онлајн-понуда за политичко образование за земјите од Југоисточна Европа, туку од тој момент и самиот e присутен и активен во регионот.

Затоа од многу манифестации и разговори знаеме, дека интересот за Европската унија е исклучително голем и дека постои недостаток на засновани, добро обработени материјали и документи по овој предмет, достапни на јазиците на земјите.

Од таа причина уште во август 2002 развивме онлајн-учебник за ЕУ и го ставивме на располагање на образовниот сервер.

 


 

Брзиот развој, којшто оттогаш го имаше ЕУ, ни даде за повод кој крајот на 2005 практично сосема одново да го напишеме тој онлајн-учебник, за да им излеземе во пресрет на бројните и длабоки промени. Така, од крајот на 2005 имате можност да добиете темелен и актуелен вовед за оваа важна и интересна, но истовремено и тешка тематика.

Приложеното издание на нашиот седми EDC информатор го презентира тој онлајн-учебник во своите темели и, во едно тематско тежиште, им се посветува на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа. Со ова тежиште ќе се занимава и овој информатор.

Со почит,

Проф. д-р Волфганг Шуман
 


СОДРЖИНА

edc специјал: Односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа

Овој прв дел, којшто ќе има свое продолжение во следниот информатор, во вид на преглед го прикажува развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа и ги именува важните инструменти на ЕУ. Тоа претставува основа за развивањето на аналитичката табела од следното издание ...


на веб: Онлајн-учебник за Европската унија

Ажурираната и преработена верзија на Д@далос-учебникот ви нуди не само основни информации за ЕУ, туку ви овозможува и самостојно да го анализирате актуелниот и иден развој ...


редакција

_________________________________________________


edc специјал

Односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа (I дел)

Проф. д-р Волфганг Шуман

За значењето на тематиката

Значењето на односите помеѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа е очигледно. Тоа резултира од мноштвото принципиелни проблеми од кои страда регионот, како на пример нерешените конституционални и статусни прашања (во Босна и Херцеговина и Косово). Други тешки проблеми и дефицити постојат во администрацијата и корупцијата, што доведува до тоа голем број земји од регионот да се сè уште многу оддалечени од ефективно и демократско владеење. Кон ова се придодава и, на многу места, катастрофалната економска состојба, со недостаток на странски инвестиции, висок степен на невработеност и сиромаштија.

Но, каква врска има ова со ЕУ? Зошто од тоа произлегува особеното значење на односите помеѓу ЕУ и регионот? Како прво, ова резултира од фактот што постигнатиот напредок, и покрај големиот број проблеми, кој го постигнаа земјите од Југоисточна Европа во последните 10 години, во значителен обем се сведува и на поддршката од страна на ЕУ. Како второ, ова произлегува од фактот што дури перспективата за приближување кон ЕУ и пристапување кон неа овозможија реализација на болни и макотрпни процеси на внатрешни реформи. Дотолку повеќе, како трето, се поставува прашањето, како може и како треба да продолжи Балканот во момент кога во актуелната дискусија (крајот на 2006) во ЕУ во моментот, во многу прилози се бара неодложно да се даде приоритет на внатрешното консолидирање во ЕУ, не примајќи притоа нови земји сè до неговото завршување.

Цели на прилогот

Значи има доволно причина за поблиско соочување со односите помеѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа. Сепак, во рамките на двата информатора на располагање стои само ограничен простор за оваа тематика, така што е неопходно да се направи грубо разграничување. Притоа се водев од целта, да ви пренесам барем темелно самостојно разбирање на сложениот склоп на односи како и на неговите важни определувачки фактори. Ова треба да ви овозможи да ги осознаете, како досегашниот така и актуелниот развој, не само како редослед на случувања, туку и да ги разберете позадината и причините, за да можете врз основа на тоа самите да си создадете слика.

Најпрво во овој информатор би сакал да ви дадам преглед на развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа од средината на 90-тите години до денес, крајот на 2006. Како прво, овој преглед служи за да стекнете првични сознанија за причините и позадината што влијаат врз ваквиот развој. Програмата изгледа вака:

·          развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа 1996-2004

·          односите на ЕУ кон поединечните земји од регионот 2004-2006

·          инструменти на политиката на ЕУ кон Југоисточна Европа

·          биланс: важни фактори на влијаење и определување

Во следниот информатор што ќе излезе набргу, ќе презентирам еден модел за анализа, следејќи го притоа овој биланс; моелот за анализа се обидува да ги опфати определувачките фактори на посистематски начин и така да ви помогне за да ги разберете уште подобро меѓусебните врски. Кон ова се придодава едно испитување на преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ, каде станува збор за два аспекта: од една страна како се стеснуваат односите во рамките на преговарачките процеси и какви последици има од тоа и, од друга страна, како можат да се испитаат тие преговори со помош на таквиот модел за анализа.

Развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа 1996-2004

1996 -
Процесот од Ројамон: стартната точка на ЕУ во насока кон стабилизација на регионот по војната беше т.н. Процес од Ројамон, којшто беше инициран од страна на француското претседателство во декември 1996 година, со цел за поддршка на имплементацијата на Дејтонските мировни преговори. Тој процес се концентрираше на поддршката на регионални проекти во областите: граѓанско општество, култура и човекови права, за да го мобилизира граѓанското општество со цел да помогне во намалување на предрасудите, коишто веќе долго време создаваа тензии во регионот.

1997 -
Регионален концепт: по ова следеше нешто многу поконкретно, т.н. Регионален концепт, кој беше донесен во април 1997 од Општиот совет и кој, од тој момент па натаму, ја даде рамката за билатералните односи на ЕУ со земјите: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Федеративна Република Југославија и Поранешна Југословенска Република Македонија.

Овој концепт во својата основа имаше мошне стриктна условеност и се концентрираше на прашања како враќање на бегалците, меѓуетничко помирување, регионална соработка и демократизација. Притоа одлучувачко беше тоа што таквите барања на ЕУ не беа проследени со ветување за можно членство, како што беше случај со државите од Средна и Источна Европа со копенхашките критериуми од 1993 година. Наместо тоа, беа предвидени подобрени трговски односи и финансиска помош доколку се исполнеа политички економски услови.

1999 -
Војната во Косово и Пактот за стабилност: војната во Косово како и нападите на НАТО врз Југославија од март до јуни 1999 година водеа до важни квалитативни промени во политиката на ЕУ кон земјите од западен Балкан. Откако САД и НАТО беа одговорни за воениот дел, беше јасно дека ЕУ требаше да води грижа за економскиот подем и за политичката стабилност во регионот.

Прв важен чекор во оваа насока претставува Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, обид на меѓународната заедница на држави, за поврзување и координација на напорите за мир на Балканот. За првпат овој Пакт значеше опширно, активно приоѓање кон проблемите на регионот.

1999 -
Процес на стабилизација и асоцијација: Пактот за стабилност беше дополнет од страна на ЕУ со уште еден, за земјите од регионот далеку поважен, инструмент т.н. процес на стабилизација и асоцијација (САП), којшто значително го прошири регионалниот концепт, кој дотогаш се наоѓаше во основата.

Притоа, ЕУ им нуди на односните земји нов вид на договорни односи - спогодбите за стабилизација и асоцијација (ССА). Тие се подготвени имајќи ги предвид соодветните односи во поединечните земји, а моментот на започнување на преговорите за овие спогодби е различен, зависно од тоа во која мера поединечните земји ги исполнуваат соодветните услови. САП треба да биде важен фактор на придонесот на ЕУ кон Пактот за стабилност за Југоисточна Европа - така стои во извештајот на Комисијата при претставувањето на новиот инструмент. Централни елементи на САП се:

·         склучување на ССА со перспектива за пристапување

·         воспоставување на економски и трговски односи

·         зголемување на економската и финансиската помош

·         поддршка на демократизацијата, граѓанското општество и образованието

·         соработка во областа на судството и внатрешните работи

·         интензивирање на политичкиот дијалог

2000 - Загрепскиот самит: натамошен чекор во развојот на односите помеѓу ЕУ и западниот Балкан е направен во 2000 година. Со неизбирањето на туѓмановата ХДЗ во јануари во Хрватска како и поразот на Милошевиќ на изборите во Федеративна Република Југославија и победата на ДОС со Коштуница, најпрво од темел се изменија внатрешно-политичките констелации во двете односни земји.

Завршната декларација на самитот во Загреб од ноември 2000, која, впрочем, уште на самиот почеток ги нагласува овие две случувања, експлицитно потврдува дека кај, во тоа време, петте земји од западен Балкан се работи за потенцијални кандидати за пристапување (!) и го најавува воспоставувањето на специјален нов инструмент за помош за регионот - КАРДС (CARDS - Community Assistance for Reconstruction, Democratization and Stabilization), кој треба да биде опремен со 4,6 милијарди евра за периодот од 2000-2006 година.

2003 -
Самитот во Солун: друг значаен напредок во односите донесува Самитот во Солун во јуни 2003 година како и „Солунската агенда за западниот Балкан“ што се засноваше на неа. Притоа, меѓу другото, беше договорено склучувањето на т.н. европски партнерства (според примерот на пристапните партнерства со земјите од Средна и Источна Европа), зголемување на средствата за КАРДС и интензивен политички дијалог преку годишни средби на министрите за надворешни и внатрешни работи.

2004 -
Први европски партнерства: кон крајот на март 2004 година од страна на Комисијата беа одобрени првите европски партнерства за државите од западен Балкан. Тие се ориентираа според пристапните партнерства, со кои дотогаш земјите беа подготвувани за пристапување кон ЕУ. Партнерствата се потпираат и на годишните извештаи за државите од западен Балкан, објавени во март 2004 година.

Тие се подготвени според посебните потреби на секоја земја и содржат краткорочни (12-24 месеци) и среднорочни приоритети (3-4 години). Со партнерствата, владите треба да се поддржуваат да ги концентрираат своите реформски напори и расположивите средства во оние области во кои потребата е најголема.

Од надлежните служби за возврат се очекува да поднесат детален план за имплементација на приоритетите на европското партнерство, кој содржи конкретни мерки и временски план и од кој произлегува кои кадровски и финансиски ресурси треба да бидат ставени на располагање за претстојните задачи. Приоритите на европските партнерства ќе бидат од клучно значење и за финансиската поддршка на овие земји од страна на ЕУ.

Односите на ЕУ кон одделни земји 2004-2006

Бидејќи со воведувањето на инструментот за европски партнерства процесите на приближување помеѓу ЕУ и земјите од западен Балкан мошне силно се „билатеризираа“, немаше многу смисла, развојот во годините помеѓу 2004 und 2006 и понатаму да се следи прекугранично. Од овој момент е многу понеопходно, во кратки резимеа и мошне конкретно, да ги погледнеме суштинските етапи на соработката помеѓу ЕУ од една страна и одделните земји од друга страна.

Во овој преглед би сакал да ги вклучам: Албанија, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора. Во овој дел нема да биде обработена Хрватска, бидејќи со оваа земја ќе се занимаваме во следниот информатор, а во контекст на преговорите за пристапување, коишто почнаа да течат од крајот на 2005 година. Исто така, предвид не е земена ниту Поранешната Југословенска Република Македонија, која уште во април 2004 година има склучено ССА со ЕУ и веќе од декември 2005 официјално спаѓа во кругот на кандидати за членство.

Конечно, Косово, со својот посебен статус и во моментот водените разговори за иднината на регионот, претставува исклучително комплициран специјален случај, чија анализа не би дозволила поголеми заклучоци, поради што би сакал да не ја земам превид во нашиот контекст.

Развојот на односите Албанија-ЕУ

Да го започнеме нашиот мал преглед со Албанија. Најважните податоци се:
 


 
  • 2003 - Започнување на преговорите за ССА
     
  • 2004 - Одлука на Советот за водичите на Договорот за европско партнерство
     
  • 2005 - Одлука на Советот за прилагодувања на Договорот
     
  • јуни 2006 – Потпишување на ССА во Луксембург
     
  • До влегување во сила на ССА по ратификацијата важи привремена спогодба

Од 2001 година Албанија добива финансиска поддршка, пред сè, преку КАРДС програмата. Помеѓу 2001 и 2004 година преку оваа програма влегоа безмалку 188 милиони евра, од 2005 до 2006 - 87 милиони. Важно да се спомене е дека со ЕУ/албанската советодавна „Task Force (претседателство на Советот, Комисијата и албанскиот министер за европска интеграција) на располагање стои една лабава институционална рамка, која се среќава повеќепати годишно и заседава за напорите и напредокот на Албанија во областите: судство, слобода и (внатрешна) безбедност.

Развој на односите БиХ-ЕУ

Да преминеме на Босна и Херцеговина која во ноември 2005 година ги започна разговорите за ССА со ЕУ. Други важни етапи во 2006 година беа посетата на Баросо во февруари, како и втората и третата рунда разговори за ССА во мај и кон крајот на јули.
 

  • 2003 - Комисијата ги презентира предусловите за започнување на преговорите за ССА
     
  • 2004 - Европско партнерство за БиХ
     
  • 2005 - Отворање на преговорите за ССА
     
  • 2006 - Прилагодување на европското партнерство; прва мониторинг-средба
     
  • Барања на ЕУ за внатрешни реформи пред ССА


Покрај тоа, важно за нашиот контекст е што текот на преговорите за ССА практично низ целата година беше проследен со барања на ЕУ и на Шварц-Шилинг за спроведување на внатрешни реформи како предуслов за склучување на ССА. Притоа теми секогаш беа реформите во полицијата, уставните реформи со јакнење на нивото на целата држава, реформите во образованието итн.

Развојот на односите Србија-ЕУ

Бидејќи Србија и Црна Гора до референдумот во мај 2006 година беа обединети во една унија, развојот на односите со ЕУ мора, се разбира, да се набљудуваат заеднички. На почетокот на овде набљудуваниот период се наоѓаат склучувањето на европско партнерство, коешто беше прифатено од Советот на министри во јуни 2004 година како и планот за спроведување на ова партнерство, кој властите на Србија и Црна Гора го поднесоа во декември 2004 година.

Во април 2005 Комисијата поднесе извештај во кој потенцираше дека ја смета Унијата за доволно подготвена за започнување преговори за ССА,