|

EDC
информатор
за Југоисточна Европа
___________________________________
Издание бр.
6,
август
2006
Предговор на издавачката
Почитувани колеги и колешки,
со
сигурност веќе си го поставивте прашањето,
зошто веќе неколку месеци немате добиено
EDC
информатор.
Причината за тоа е што дури доцна напролет ја добивме потврдата за
финансирање од нашиот донатор, а потоа имавме толку многу работа, така
што шестото издание е завршено дури сега.
Како и да е, нè радува што оваа година можеме да ви понудиме три нови
изданија.
Како тема за ова специјално издание ја избрав „Вода“,
бидејќи за време на вашиот летен одмор сигурно сте биле во контакт со
оваа тема од различни перспективи.
Жешко е, човек станува многу жеден, сака да се тушира почесто, да плива
во море, в река или езеро.
Можеби сте биле и на некое место за одмор, каде одеднаш ја исклучиле
водата, бидејќи ја немало доволно.. |

|
Сега ќе
прашате:
Каква
врска има ова со образованието за демократија?
Е па,
многу повеќе отколку што се претпоставува на прв поглед!
Темата
„Вода“ претставува важна тема, па дури и голема политичка тема!
Водата
е основа за животот на секој и еден од најголемите проблеми е тој што неа ја
нема доволно, а освен тоа е распределена и мошне неправедно.
Значи,
ве поканувам да се занимавате малку со оваа тема, за која по мое мислење и е
потребно посебно место во образованието, бидејќи свеста за проблематиката со
водата сè уште е многу мала.
Мошне
срдечно би сакала да се заблагодарам на нашиот практикант-волонтер Елина
Шток, која ја подготви оваа тема за вас и го напиша овој информатор.
Најсрдечно ве поздравувам и ви ги испраќам моите најубави желби за почетокот
по летната пауза!
Ингрид
Халбритер
СОДРЖИНА
edc специјал:
Во
недостаток, нееднакво распределена и тешко изборена:
водата
–
неизбежна образовна тема за одржлив развој
На
почетокот на
21
век од страна на голем дел од јавноста речиси незабележливо се заостри
светската криза за вода.
Со
континуираниот пораст на населението, последиците од климатските промени и
неодговорниот однос со ресурсот вода, во многу региони доаѓа до масивно
ширење на недостатокот на вода.
Време е
да се соочиме со оваа проблематика, нејзините причини и последици и, секако,
со можностите за солидарно дејствување.
на веб:
Листа со линкови на тема „Вода“
Тука се
претставени кампањи и извештаи на меѓународни организации во врска со
проблематиката со водата како и кампањи и извештаи на неколку невладини
организации, коишто се занимаваат со оваа тема.
Освен
тоа, има упатства кон веб страни со дидактички материјали на оваа тема.
редакција
_________________________________________________
edc
специјал
Во недостаток,
нееднакво распределена и тешко изборена:
водата
– неизбежна образовна
тема за одржлив развој
Елина Шток,
M.A.
Без вода
нема живот.
Луѓето,
животните и растенијата се зависни од природниот водниот циклус на земјата.
Но,
овој циклус, условено од постојаниот прираст на населението, растечката
потрошувачка на залихите на слатки води, нивното растечко загадување како и
како последица на глобалното климатско затоплување, сè повеќе излегува од
рамнотежа.
Се
натрупуваат информации за поплави и катастрофи предизвикани од суши, а
бројот на земји со значителни проблеми со вода рапидно се зголемува.
Според
податоци од Обединетите нации, во 2025 година секој трет човек би можел да
страда од акутен недостаток на вода.
Веќе
денес
1,1
милијарди луѓе, една шестина од светското население, немаат пристап до чиста
вода за пиење.
2,6
милијарди луѓе не располагаат воопшто или располагаат со недоволно санитарни
системи.
Секој
ден умираат повеќе од
6.000
луѓе
(од нив
4.000
деца на
возраст под пет години!)
од
заболувања од пролив и инфекции, кои се сведуваат на загадена вода за пиење,
отстуство на системи за одведување отпадни води или постоење на такви
системи со недостатоци.
Без
вода нема развој.
Пристапот до чита вода за пиење како и достапноста на вода за производството
на храна претставуваат основни предуслови за социјален и економски развој.
Доколку
водата е достапна само во недоволни количини и со недоволен квалитет,
тоа има
и гравирачки последици по можностите за индивидуалниот и општествениот
развој.
Започнувајќи од лошата здравствена состојба на оние, кои мораат да пијат
загадена вода, преку загубата на работно време и на време за школското
образование на жените и девојчињата, кои влечат вода со повеќечасовни
„маршови“, па сè до гладувања заради занемарливи или воопшто никакви жетви.
Пристапот до вода е регионално и социјално распределен мошне нееднаков.
Додека
најголемиот број земји на Северот се обилно снабдени со овој животно важен
ресурс, земјите од Југот пред сè патат од недостаток на вода. Истовремено
помеѓу земјите, кои имаат недостаток на водни залихи, доаѓа до растечка
конкуренција за распределбата на драгоценото добро: додека добро стоечките
„пливаат во вода“ во буквална смисла на зборот, сиромашните слоеви од
населението едвај да можат да си ги покријат своите потреби и се заробени во
еден „ѓаволски круг“ од недостаток на вода, сиромаштија, глад, болест и
смрт. Ова зајакнато води до бегства, а во бројни региони и до затегнатости и
конфликти. Со оглед на брзиот прираст на населението и на растечката
потрошувачка на вода ќе дојде до заострување на борбата за распределба
помеѓу градот и селото како и помеѓу државите, кои располагаат со заеднички
водни ресурси. Водата стана воена опасност.
Се
прогнозира дека по
50
години, ,
водата би можела да биде повредна од златото и стратешки поважна од нафтата.
На
почетокот на 21 век меѓународната заедница на држави е конфронтирана со
сериозна водна криза,
во чија експлозивност не се сомнева првиот извештај на Обединетите нации за
развојот на светските води од
2003
година:
„Од
сите кризи по однос на социјалните и природните ресурси
…
водната криза е онаа, која најмногу го загрозува нашето преживување и
преживувањето на нашата планета земја.“
На овогодишниот светски дена на водата,
22
март,
Светската организација презентираше втор извештај со наслов
„Водата
–
заедничка одговорност“, а со тоа ја подвлече и итноста на глобланиот проблем
со водата во поглед на одржливиот развој.
Двата
извештаја се достапни на интернет на следниот линк:
http://www.unesco.org/water/wwap/wwdr/index.shtml
Заедничка одговорност
претставува едно добро мото, бидејќи кога станува збор за иднината на нашата
планета, одговорни сме сите ние заедно
– како
светско општество.
Додека
на политичките институции им се наметнува задачата, да создадат адекватни
рамковни услови за одржлив развој, задачата на образовните институции е да
создадат свест за одговорно постапување со природните ресурси на земјата
како и за еколошки подносливо обликување на нашиот свет на живеење
(види и
EDC информатор бр.
4).
Имајќи
го ова предвид, се чини дека е неизбежно на училиште
поинтензивно да се занимаваме со темата „Вода“. И навистина:
таа се
спомнува во многу наставни планови, независно дали во посебни предмети или
како тема-пресек.
За жал,
честопати има недостатоци во спроведувањето, коешто, како и честопати, се
должи на тоа што постојат премногу малку финансиски и кадровски ресурси и
недостасуваат соодветни материјали за наставата.
Но,
една друга причина е и тоа што кризата со вода сè уште е премногу малку
навлезена во свеста на наставниците и учениците.
Од овие
причини сумирав неколку информации, кои даваат мал увид во комплексното
тематско поле и кои, се надевам, ќе мотивираат за тоа, проблемот со водата
сè повеќе да станува тема во вашиот образовен домен.
Сината планета
…
Гледано
од вселената, земјата ни се чини како сина планета. 71 процент од неа е
покриен со вода, од кој поголемиот дел се наоѓа на јужната полутопка. Од
вкупните водни ресурси, околу 1.386 милиони километри кубни, или дури 96,5
проценти отпаѓаат на солената вода на светските мориња. Само 3,5 проценти од
копнената вода се погодони како слатка вода и вода за пиење, за наводнување
во земјоделството или за индустриски цели. Најголемиот дел слатка вода е,
пак, врзан во мразот на половите, во глечерите и во трајно замрзнатите
полиња. Еден друг важен дел претставува подземната вода. Водата од реките и
езерата, од атмосферата, од почвата и од живите организми е во споредба
безначајна. Само еден занемарлив дел од слатката вода, околу 0,3 проценти, е
расположив како вода за пиење. Доколку водните залихи во светот би имале
место во една када, тогаш делот, кој може да се користи трајно во една
година, едвај може да наполни една чајна лажичка.
… и нејзиниот
загрозен живот
Иако залихите на слатка вода претставуваат само еден процент од површината
на земјата, во нив се наоѓаат 12 проценти од сите животни видови,
вклучувајќи 41 процент од сите познати видови риби. Колку и да се богати
реките и езерата со видови, тие се екстремно изложени на влијанија од
животната средина. Преку една петтина од сите видови риби во слатки води се
изумрени во последните години или се загрозени од изумирање, а во некои
региони се исчезнати цели фауни од слатките води. „Црвената“ листа на
загрозени животни и растителни видови, која се објавува од Меѓународната
унија за заштита на природата и природните ресурси (International Union for
Conservation of Nature and Natural Resources), расте сè повеќе и повеќе (http://www.iucnredlist.org)!
Кога станува збор за тоа, колку слатка вода им стои на располагање на
луѓето, тука не се вбројува целокупната количина на слатка вода на земјата,
туку брзината, со која се надополнуваат залихите на слатка вода преку
глобалниот воден циклус. Меродавни за еден одржлив развој се, значи, т.н.
обновливи ресурси на слатка вода, кои паѓаат на земјата во форма на врнежи.
Имено, доколку од подземните води и од езерата се иззема повеќе вода отколку
што се надополнува преку дождот, таквите извори подолгорочно ќе пресушат.
Еден таков пример е Аралското езеро, чиј волумен од 1950-тите се намали за
80 проценти, бидејќи од притоките била земана премногу вода за
наводнувачките системи на земјоделството.
… и нејзиниот воден циклус

Сонцето го придвижува водниот циклус. Преку испарување, пред сè на морската
површина, водата стигнува како воздушна влажност во атмосферата. Притоа
топлиот воздух може да прими повеќе влажност од ладниот воздух. Кога топлиот
воздух се качува, тој се изладува и се кондензира. Се формираат облаци, од
кои излегува вода во форма на дожд, снег или град, а која паѓа назад на
земјината површина. Еден дел се изврнува врз морињата, а друг дел стигнува
преку копното и паѓа врз него. Додека едниот дел од таа вода испарува од
невегетативната површина (евапорација), другиот дел навлегува во земјината
почва и стигнува преку транспирацијата на растенијата повторно во земјината
атмосфера (сумирано: евапотранспирација). Преку истекувањето на подземната
вода, потоците и реките врнежите повторно стигнуваат во морињата.
Годишно на континентите и островите на земјата паѓаат врнежи во просек од
околу 113.000 km³. Од нив околу 72.000 km³ испаруваат во атмосферата. Значи
остануваат годишно 41.000 km³, коишто можат да ги надополнат залихите на
подземни води или преку реките или по друг пат да стигнат назад до морето.
Повеќе од половината од тоа (28.000 km³) неискористено тече во морето при
поплави, други 5.000 km³ течат низ области, каде водата само делумно може да
биде разгранета за човекови потреби. Така горната граница на корисна,
обновлива количина на слатка вода изнесува помеѓу 9.000 и 14.000 km³
годишно. А значаен дел од тоа е неопходен за одржување на природните
екосистеми.
Достапност, недостаток и оскудност на водата
Иако водата постојано се обновува преку горенаведениот циклус, таа
претставува ограничен ресурс. Можноста за отсолување на морската вода
разбуди надежи дека светските мориња можат да се користат како неисцрпен
извор на слатка вода; сепак, оваа техника е и останува скапа, ја оптоварува
животната средина и троши големо количество нафта, која исто така ја има сè
помалку.
Со растечки цифри за населението се намалува расположивото количество вода
по жител. Со оглед на светското население од 6.6 милијарди, таквото
количество кај просечна годишна количина изнесува од 1.500 до 2.000 m³ по
лице. Тоа се 30 проценти помалку отколку во 1970, кога во светот живееле
безмалку четири милијарди луѓе. Со внимателно постапување со расположивата
вода тоа количество би било и денес доволно за сите, теоретски дури и за 20
милијарди луѓе. Сепак, природните водни залихи се нееднакво распределени,
бидејќи дождот и другите врнежи паѓаат нередовно, како по однос на времето
така и по однос на регионите.
Во некои области на оваа земја редовно врнат огромни количини, како на
пример на пацифичките острови (годишно до 11.500 мм во Кануаи, Хаваи) или
места во Индија (Черапунџи, годишно 11.477 мм). Во сувите предели, пак,
едвај има врнежи (Лима: 41 мм; Ел Голеа во Алжир: 50 мм; Картум во Судан:
160 мм), а постојат области како пустината Атакама во Чиле, каде фактички
никогаш не врне.
Како мерило за расположивоста на вода за една земја или ирегион се
употребува годишното обновливо количество вода по лице. Во Швајцарија,
водниот „замок“ на Европа, по жител годишно на располагање стојат 6.520 m³
обновливи ресурси со слатка вода; во Саудиска Арабија, една од
најсиромашните земји со вода, само 160 m³. Во моментот преку половина
милијарда луѓе живеат во земји, во кои има оскудност на вода или во кои
владее недостаток на вода.
Поимите „оскудност на вода“ и „недостаток на вода“ се јасно утврдени на
меѓународен план. Според дефиницијата на шведскиот хидролог Малин
Фалкенмарк, недостаток на вода владее во земјите, чија расположива понуда на
обновлива слатка вода изнесува помалку од 1700 m³ по жител годишно. Земјите,
чија годишна понуда на вода е помала од 1000 m³ по жител, се погодени од
оскудност на вода, која, пак, во случаи под 500 m³ се означува како
екстремен. Во 1995 година веќе 12 земји страдаат од екстремна оскудност на
вода, а тенденцијата е, аналогно со прирастот на населението, нагорна.
Дваесетте држави со најмала расположивост на вода, 1995
|
Земја |
Население
(во илјади) |
Вода во
м³
по жител |
|
Малта |
367 |
82 |
|
Катар |
548 |
91 |
|
Кувајт |
1691 |
95 |
|
Либија |
5407 |
111 |
|
Бахреин |
557 |
162 |
|
Сингапур |
3327 |
180 |
|
Барбадос |
261 |
192 |
|
Саудиска Арабија |
18255 |
249 |
|
Јордан |
5373 |
318 |
|
Јемен |
15027 |
346 |
|
Израел |
5525 |
389 |
|
Тунис |
8987 |
434 |
|
Алжир |
28109 |
527 |
|
Бурунди |
6064 |
594 |
|
Капвердски острови |
386 |
777 |
|
Оман |
2207 |
874 |
|
Обединети Арапски Емирати |
2210 |
902 |
|
Египет |
62096 |
936 |
|
Кенија |
27150 |
1112 |
|
Мароко |
26524 |
1131 |
Дваесетте држави со најмала расположивост на вода,
2050
|
Земја |
Население
(во илјади) |
Вода во
м³
по жител |
|
Либија |
19109 |
31 |
|
Кувајт |
3406 |
47 |
|
Катар |
861 |
58 |
|
Малта |
442 |
68 |
|
Саудиска Арабија |
59812 |
76 |
|
Јемен |
61129 |
85 |
|
Бахреин |
949 |
96 |
|
Јордан |
16671 |
103 |
|
Сингапур |
4190 |
143 |
|
Барбадос |
306 |
163 |
|
Оман |
10930 |
177 |
|
Бурунди |
16937 |
213 |
|
Израел |
9144 |
235 |
|
Тунис |
15907 |
245 |
|
Алжир |
58991 |
251 |
|
Капвердски острови |
864 |
347 |
|
Сомалија |
36408 |
371 |
|
Руанда |
16937 |
372 |
|
Кенија |
66054 |
457 |
|
Египет |
115480 |
503 |
Додека денес
Блискиот и Средниот Исток како и Северна Африка се најмногу погодени од
оскудност на вода,
по 50
години недостаток на слатка вода ќе има, пред сè, во Африка, јужно од Сахара.
Важна
причина за ова е што тамошното население во овој период веројатно ќе се
удвои, а можеби ќе се зголеми дури и за трипати.
|