Југоисточна Европа EDC информатор

___________________________________

Издание бр. 4, септември 2005

Предговор на издавачот

Драги колеги,

на почетокот на новата школска година би сакала да Ви понудам една брошура со теми, која се занимава со една топ актуелна и невообичаено важна содржина на нашата образовна работа: образование за одржлив развој. Сигурно знаете дека во 2005 година започнува декадата на Обединетите нации „Образование за одржлив развој“. Таа ќе трае до 2014 година, а ние можеме да се надеваме дека ќе се вклучат што е можно повеќе луѓе од целиот свет и ќе дадат свој придонес.

УНЕСКО е меѓународната координативна служба за оваа декада. Затоа овој пат таа ќе биде претставена како организација.

 

 


При сета оправдана критика на големите, скапи и честопати ма
чни бирократии на меѓународните организации како УНЕСКО што секоjа година голтаат многу стотици милиони евра од даноците што ги плаќаме, постојано сум лично исполнета со многу радост од тоа што меѓународната заедница на државите дава многу пари и вложува политичка сила за заедно да работиме за подобар свет! Затоа вреди да се фрли поглед кон најголемата меѓународна организација во областите образование, наука и култура.

Ви посакувам добар почеток по летната пауза и се надевам дека во овој информатор ќе најдете голем број идеи за Вашата работа.

Срдечни поздрави,

Ваша Ингрид Халбритер
 


СОДРЖИНА

го претставуваме: УНЕСКО
За областите образование, наука и култура УНЕСКО ja претставува најважната меѓународна организација. Таа гo доби налогот за координација на декадата на ОН „Образование за одржлив развој“ 2005–2014.

на пример … Декадата на ОН „Образование за одржлив развој“ 2005-2014
Најмладата декада на Обединетите нации стартуваше на почетокот на 2005 година. Позадината, целите и спроведувањето низ примерот на Германија ги опишува Александер Лајхт од Гeрманската комисија на УНЕСКО.

на веб: Новиот онлајн учебник за образование за одржлив развој на образовниот сервер на Д@далос http://www.dadalos.org/
Д@далос како прв даде свој придонес кон декадата на ОН со тоа што разви еден нов онлајн учебник што им дава на наставниците и мултипликаторите информации за позадината и дава практични примери за тоа, како секој поединец може да придонесе кон одржлив развој.

импресум

_________________________________________________


го претставуваме:

УНЕСКО – организација на Обединетите нации за воспитување, наука и култура (http://www.unesco.org/)

Ингрид Халбритер

УНЕСКО е најголемата меѓувладина организација, којашто се ангажира низ целиот свет во областите воспитување, наука и култура. Таа, како посебна организација, спаѓа во големото семејство на Обединетите нации. „Меѓувладина“ значи: таа била создадена по иницијатива на држави, и нејзини членки се државите. УНЕСКО денес брои 191 државa-членкa, коишто си ги делат трошоците. Регуларниот буџет за 2004 и 2005 изнесува нешто повеќе од 600 милиони УС долари. Кон ова се придодаваат дополнителни средства за одредени проекти. Нејзиното седиште е во Париз, додека во целиот свет постојат преку 50 канцеларии и, се разбира, безброј проекти.

Да се даде комплетен преглед на оваа гигантска организација во оваа рамка е невозможно. Но, јас би сакала малку да Ве доближам до УНЕСКО, да Ви ја подотворам вратата и да Ви дозволам да ја погледнете, па можеби и да се стекнете со пристап до еден свет, кој, иако туѓ и далечен, ги дели нашите темелни цели и вредности и која навистина може да биде од практична корист за нашата работа - образованието за демократија. УНЕСКО е застапено во Југоисточна Европа, иако не во посакуваната мера. Во натамошниот дел би сакала да накратко да Ви објаснам, што означува УНЕСКО и преку неколку конкретни примери да Ви покажам, во кои главни области таа е активна, како работи оваа организација и како можете да стапите во контакт со УНЕСКО.

УНЕСКО – посебна организација на Обединетите нации

За разлика од специјалните органи на Обединетите нации (на пр. УНИЦЕФ и УНХЦР), УНЕСКО претставува посебна организација со сопствен правен статус и сопствен буџет. Но, постои договoрна поврзаност со Обединетите нации.

Историјатот на УНЕСКО започна уште за време на Втората светска војна во 1942, кога се сретнаа министрите за образование на алијансата и разменуваа мислења за тоа, како да ги обноват своите образовни системи по завршувањето на војната. Во ноември 1945, значи кратко по завршувањето на војната, 37 земји донесоа заклучок за формирање на УНЕСКО. Оваа нова оргнизација требаше, пред с
ι, да придонесе кон унапредување на една култура на мирот. Со текот на времето се придодаваа нови држави-членки. Денес се 191 на број, а тое се сите членки на Обединетите нации.

Особеноста на оваа организација е нејзината демократска структура: во сите држави-членки постојат т.н. национални комисии. Нивни претставници секои две години се среќаваат на Генералното собрание во Париз и тие се оние што ги донесуваат најважните одлуки според принципот „една земја – еден глас“.

На следниот линк на интернет http://erc.unesco.org/cp/nclist_portal.asp?language=E можете да ги најдете комплетните податоци за контакт на сите национални комисии. Тие во принцип имаат сопствени канцеларии, персонал, сопствени буџети и спроведуваат проекти во соодветната земја. Се разбира дека вреди да се информирате за активностите во Вашата земја или барем да ја посетите интернет страницата, којашто исто така можете да ја најдете во податоците за контакт.

Што сака да постигне УНЕСКО?

Во преамбулата на нејзиниот основачки акт стои: „Бидејќи војните се создаваат во духот на луѓето, тогаш и мирот мора да биде всаден во духот на луѓето.“ А во член 1 од основачкиот акт се вели: „Цел на УНЕСКО е, преку унапредување на соработката меѓу народите во образованието, науката и културата да се придонесе кон зачувување на мирот и безбедноста за да се зајакне во целиот свет почитувањето на правото и праведноста,  на човековите права и темелните слободи, коишто им се потврдени на народите во светот, без разлика на расата, полот, јазикот или религијата со Повелбата на Обединетите нации.“ Значи, нејзината цел е формирање доверба преку мирна соработка.

Домен на задачи

Постојат четири големи домени, во кои е активен УНЕСКО: образование, наука, култура како и комуникација и информација.

Во доменот култура, на пример, се заштитуваат, одржуваат и обновуваат природни и архитектонски знаменитости. Така, УНЕСКО придонесе во обновата на стариот мост во Мостар. На интернет можете да најдете комплетна листа на т.н. светско културно наследство: http://whc.unesco.org/en/list/. Секој посебен споменик е накратко опишан, но само на јазиците на УНЕСКО: англиски, француски и шпански. Оттаму, официјалната веб страна, којашто нуди непрегледно мноштво информации, е корисна, за жал, само за мал број луѓе од 191 земја-членка.

Во доменот на природните науки УНЕСКО се ангажира на пример за ефикасно користење на најважниот природен ресурс за нас луѓето: водата за пиење! На линкот http://www.unesco.org/water/ можете да најдете посебен портал на темата „Вода“, за жал повторно само на горенаведените странски јазици. Но, можеби Вашата национална комисија има информации на Вашиот јазик.

Социјалните науки претставуваат друго тежиште. Тука станува збор за прашањето: како може да се промени нешто во општествата за нашите високо поставени идеали и цели да вродат со плод во конкретни промени и подобрувања? Задачите се накратко и прецизно формулирани на нејзината веб страна на следниот начин:
-
да утврдиме, што би требало да биде (етика и човекови права);
-
да антиципираме, што би можело да биде (филозофија);
-
да набљудуваме, што е (емпириски социјално-научни студии).

Четвртиот домен - комуникација и информација - во прв ред се грижи за тоа дека со помош на мас-медиумите и новите медиуми, на пример интернетот, стануваат подобро достапни информации од целиот свет. Да се стават на располагање компјутери и пристап до интернет за образовните институции би било еден типичен проект во овој домен. Ова е директниот линк до соодветната веб страна: http://portal.unesco.org/ci/en/ev.php-URL_ID=1657&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html

Образование – најважната задача!

Образованието е најважниот домен на УНЕСКО. Најголем дел од буџетот се троши за програми што го унапредуваат и поддржуваат образованието на различен начин.

Ако сакате да знаете, каков образовен концепт се наоѓа во основата на програмите на УНЕСКО, Ви го препорачувам нашиот образовен сервер http://www.dadalos.org/. Таму го резимиравме за Вас концептот на целоживотното учење, коешто почива на четири столба: 'Да учиме да стекнуваме знаење', 'Да учиме да дејствуваме', 'Да учиме да живееме заедно', 'Да учиме за животот'. Кога ќе го посетите нашиот онлајн учебник за политичка дидактика, веднаш на почетната страна ќе можете да видите еден линк „Образование“. Таму опширно Ви го презентираме образовниот концепт што почива на т.н. „Делоров извештај“ со наслов „Способноста за учење - наше скриено богатство“, којшто беше направен по налог на УНЕСКО и претставува важен референтен документ.

Во нашиот онлајн учебник „Педагогија за мирот“ можете да најдете уште еден дел на истата тема, овојпат со тежиште „Да учиме да живееме заедно“. До овој дел можете да стигнете исто така преку почетната страна, а оттаму одите до линкот „УНЕСКО“. Како што знаете, сите материјали на образовниот сервер се преведени на јазиците на Југоисточна Европа.

Образование за една култура на мирот

Образовниот сервер Д@далос http://www.dadalos.org/ е мошне широко и преку години финансиски поддржан од страна на УНЕСКО, па затоа е и пример за тоа, што оваа организација конкретно прави во Југоисточна Европа. Со материјалите за образование за демократија и едукација за мирот што стојат на располагање таму, се унапредува образованието за една култура на мирот.

Концептот и поимот „Култура на мирот“ беа формулирани во 1989 на еден меѓународен конгрес на тема „Мир во духот на луѓето“ на Брегот на слоновата коска. Конгресот тогаш препорача дека УНЕСКО треба да развие концепт за една култура на мирот, која што би требало да се потпира на универзални вредности како човеково достоинство, слобода, праведност, солидарност, толеранција, човекови права и рамноправност за мажите и жените.

Во 1998 Генералното собрание на Обединетите нации ја свика „Меѓународната декада за една култура на мирот и ненасилството за децата на овој свет 2001-2010“, а една година подоцна и една заедничка декларација и акционен план. УНЕСКО го доби налогот на „lead agency“, значи на водечка меѓународна координативна служба. На оваа веб страна можете да најдете информации за декадата: http://portal.unesco.org/education/en/ev.php-URL_ID=24073&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html

Обединетите нации дефинираат култура на мирот како еден склоп на вредности, ставови и начини на однесување, кои одбиваат насилство и се стремат кон превенцја од насилство така што се оди до корените на причините за насилство и проблемите се решаваат преку дијалог и разбирање. Програмата го повикува секого да преземе одговорност во оваа смисла.

Акциониот план се состои од осум области, во кои треба да се преземат конкретни мерки. Тука спаѓаат на пример рамноправноста меѓу жените и мажите и одржлив економски развој, но и унапредување на демократската партиципација. Ова е надредената и најважната цел на нашиот работен домен, образованието за демократија! На тој начин ние со сето она што го правиме, придонесуваме кон оваа декада на ОН, но пред с
ι кон една култура на мирот.

Образование за сите!

Летото 2004 година УНЕСКО го финансираше купувањето на еден школски автобус за една мала рурална општина во источна Босна. Многу деца од ова место не може да си ја дозволат месечната карта за јавниот автобус што возеше до училиштето оддалечено околу 25 кm. Особено девојчињата мораа по завршеното 4 одделение да остануваат дома. Ова е само еден практичен пример за тоа, како УНЕСКО дава поддршка со програмата „Образование за сите“.

„
Образование за сите“ претставува една од најважните образовни програми на УНЕСКО. Таа дава придонес кон т.н. милениумски цели, за чие постинување до 2015 година се обврзаа 191 земја. Една од целите е, до 2015 година сите деца на светот да имаат пристап до основите во образованието. Секој што се интересира за милениумските цели, може да најде информации на оваа повеќејазична веб страна: http://www.un.org/millenniumgoals/

„
Образование за сите“ претставува секако еден мошне амбициозен потфат, особено ако се земе предвид дека денес 115 милиони деца не можат да одат на училиште. Уште постраотна ја сметам бројката од 862 милиони луѓе, кои денес не можат да читаат и пишуваат. За нашиот домен – образованието за демократија – „Образование за сите“ е секако од централен интерес, бидејќи секој што не може да чита и не може да пишува, речиси и да не може да учествува во формирањето на политичката волја и лесно станува жртва на манипулација.

Како Вие можете да соработувате со УНЕСКО?

Еден пример е доделувањето стипендии за истражувачки проекти. Тука можете да ги најдете сите информации за процесот на поднесување на барање, коешто мора да оди преку Вашата национална комисија: http://portal.unesco.org/en/ev.php-URL_ID=7972&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html

За да им се даде соодветна рамка и конкретен повод на Вашите образовни мерки, можете да ги користите, на пример, „Меѓународните денови“ прокламирани од страна на Обединетите нации. 8 март Ви е познат: меѓународниот ден на жената. Тој, всушност, бил воведен во 1909 од Социјалистичката партија во Америка, но во тоа време се празнувал на 28 февруари. Помалку познат е, на пример, меѓународниот ден за жртвите на мачење на 26 јуни. Комплетна листа со сите меѓународни денови можете да најдете во онлајн понудата на УНЕСКО на следнава страна: http://portal.unesco.org/en/ev.php-URL_ID=7588&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html. Секој ден води понатаму до информации за позадината, соопштенијата за печатот или до специјални веб страни.

За Вашата работа значајни би можеле да бидат и т.н. „асоцирани“ училишта на УНЕСКО, коишто постојат во речиси сите земји на светот, па така и во Вашата земја. УНЕСКО има мрежа од 7662 училишта во 175 земји, коишто и се означени како проектни училишта на УНЕСКО. Овие училишта се ангажираат со конкретни проекти особено за спроведувањето на целите што си ги припиша УНЕСКО, и се по правило отворени за соработка со невладини организации. Во Вашата земја има координатор, кој се грижи за тие училишта, ги поканува лицата за контакт од училиштата на конференции и кој претставува средиште и поврзувачка точка меѓу УНЕСКО и училишното секојдневие. На следната страна можете да најдете листа со сите координатори во одделните земји: http://portal.unesco.org/education/en/ev.php-URL_ID=14706&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html. Доколку имате интерес за работата на УНЕСКО, најдобро е да стапите во контакт со нив.

За жал, на интернет можете да најдете, како што реков, само информации на англиски, француски или шпански. Што точно прави УНЕСКО во Вашата земја, кои материјали постојат и каква поддршка се нуди, тоа најдобро може да Ви го каже националната комисија во Вашата земја.

[кон содржината]
_________________________________________________


на пример ...

Да учиме одржливост – декада на ОН „Образование за одржлив развој 2005-2014“

Александер Лајхт

Меѓународна образовна иницијатива

Сите ние знаеме: моделот на индустриско општество не е способно да опстои во иднина во својата моментална форма. Ние ги трошиме нашите природни животни ресурси така без размислување што животот на идните генерации е сериозно загрозен. Кон ова се придодава и тоа што шансите за достоен човеков живот на светот денес се мошне неправедно поделени. Сите ние го знаеме ова најдоцна од Светската конференција за животна средина и развој од 1992 во Рио де Жанеиро (http://www.un.org/geninfo/bp/enviro.html). Но, не дејствуваме соодветно. Затоа она што ни е потребно, е една опширна промена на свеста - со образование. Ова е основната мисла на светската декада „Образование за одржлив развој“ што започна оваа година и ќе трае до 2014. Државите-членки на Обединетите нации, со резолуцијата од декември 2002, се обврзаа кон светската декада и го замолија УНЕСКО, Светската организација за образование, култура, наука и комуникација, да ја преземе меѓународната координација.

Декадата на ОН „Образование за одртжлив развој“ беше предложена од светскиот самит за одржлив развој во Јоханесбург (http://www.johannesburgsummit.org/). Кога таму во 2002 година, значи десет години по важната конференција во Рио, се собраа претставници на влади и на граѓанското општество, тие беа согласни по една централна точка: ако сакаме да постигнеме напредоци во насока на трајно и праведно светско општество способно за живот, образованието за одржливост мора да одигра многу посилна улога отколку досега.

Образование за одржлив развој

Декадата на ОН сака во следните десет години да ги доведе владите, образовните институции, невладините организации, приватната економија и секој поединец дотаму, да ја интегрира идејата на одржлив развој во сите области на образованието. Значењето на одржливиот развој с
ι уште е најдобро погодено во дефиницијата на т.н. Брунтланд комисија: „Одржлив развој е развојот што ги задоволува потребите на сегашноста без да ги стави на ризик шансите на идните генерации за задоволување на своите сопствени потреби Затоа трите димензии на развојот: економијата, општеството и животната средина мораат да се доведат во меѓусебна складност. Економскиот развој на едно општество, значи, не може да се објави како единствена цел. Тоа би одело на сметка на природните ресурси или на општествената праведност.

Што значи Образование за одржлив развој? Кога луѓето треба да бидат образувани во смисла на одржливоста, мораат да учат вештини што им овозможуваат активно и одговорно да ја обликуваат иднината. Во воспитната наука тука се говори за стекнување на вештина за обликување. Тука спаѓаат: нанапред насочено мислење, мислење насочено кон иднината; живо, комплексно, интердисциплинарно знаење; автономно дејствување; учество во процесите на одлучување во општеството. Кај образованието за одржлив развој не се работи едноставно за чувствителност кон животната средина, како што понекога се претпоставува. Многу повеќе се работи за тоа, да се оспособат луѓето мошне опширно кон едно дејствување што се ориентира на лајтмотивот за еден перспективен развој.

Овој образовен концепт треба да навлезе во градинките, училиштата, во стручното образование, универзитетите, истражувачките институти, воншколските институции за натамошно образование и неформалното учење надвор од школските институции. Но, образованието за одржлив развој треба преку меѓународниот проект на „Декада на ОН“ да премине во еден интегративен образовен концепт, со кој ќе можат да се идентификуваат сите актери, коишто досега ги следеле проблемите на одржливоста одделени едни од други. Тоа се однесува на образованието за животна средина, развојно-политичкото образование или образованието на потрошувачите. Кога овие фракции ќе се спојат потесно, ќе се зголеми и политичката тежина на образованието за одржлив развој. Во таа смисла декадата на ОН може да придонесе кон вклучување на теми и актери во образованието за одржлив развој, кои досега по грешка играле само една подредена улога. Така на пример станува с
ι појасно дека областа на превенција од катастрофи и истражување на ризиците се централни за еден одржлив развој. Слично важи и за заштитата на културната разновидност што е загрозено преку либерализацијата на светските пазари.

Како се спроведува декадата на ОН? Германија како практичен пример

Образованието за одржлив развој во Германија бележи наназад жива традиција. Освен тоа, ние во Германија сме во моментот во среќна состојба што декадата на ОН „Образование за одржлив развој“ ужива голема поддршка од политиката. На 1 јули 2004 сите партии од германскиот Бундестаг едногласно побараа од сојузната влада да ја поддржи декадата на ОН и да изработи еден акционен план за таа декада. Според одлуката на Бундестагот германската комисија на УНЕСКО треба да преземе координативна функција при спроведувањето во Германија.

Образование за одржлив развој не може да биде наредено ‚од горе’. Како што станува јасно од познатиот слоган ‚Мисли глобално – делувај локално’, токму децентрализирањето претставува еден од темелните принципи на одржливоста. Само со учество на што е можно повеќе различни актери може разумно да биде реализирана декадата на ОН. Оттаму германската комисија на УНЕСКО, со поддршка од Сојузното министерство за образование и истражување етаблираше една организациска структура што треба да вклучи што е можно повеќе актери на еден ефикасен начин, да сврзе што е можно повеќе стручна мисла и да воспостави влијание во јавноста.

Централниот управувачки гремиум за декадата на ОН во Германија е националниот комитет што е повикан од страна на германската комисија на УНЕСКО. Таа поврзува 30 експерти и институции и би сакала да го репрезентира целиот спектар на одржливоста: членови се сојузните министерства како што се министерството за образование, за развој и за животна средина, претставници на парламентот, на сојузните покраини, на невладините организации, од медиумите и приватното стопанство. Овој широк состав обезбедува, програмските и организациските одлуки за реализација на декадата да почиваат на што е можно поширок консензус. Претседател на гремиумот е реномираниот германски експерт за образование за одржлив развој, научникот по воспитни науки Герхард де Хаан од Фраје Универзитетот од Берлин. За да се прошири кругот на актерите-учесници, националниот комитет покани за присуство на една тркалезна маса за декадата на ОН и таму собра 100 други иницијативи.

Што сакаме да оствариме во текот на декадата? На ова прашање одговара „Националбиот акционен план за Германија на декадата на ОН ‚Образование за одржлив развој’“, што го изработија националниот комитет и тркалезната маса. Тој план беше презентиран на пошироката јавност во јануари 2005. Акциониот план наведува четири цели, на кои ќе се ориентираат активностите на декадата во Германија: 1. натамошен развој и поврзување на активностите како и трансфер на добри практики во широчина; 2. вмрежување на актерите во образованието за одржлив развој; 3. подобрување на јавната перцепција на образованието за одржлив развој; 4. зајакнување на меѓународните соработки. (акциониот план може да се погледне на англиски јазик на http://www.dekade.org/).

Овие цели, како што е честопати случај со документи изготвени според консензус, се мошне општи. За да се потикнат вклучените актери во што е можно поконкретни мерки, политичкиот документ е дополнет со т.н. Каталог на мерки. Каталогот на мерки содржи листа за тоа, кој актер што може да придонесе во која временска рамка за четирите цели. Тој наведува индикатори и на тој начин овозможува сериозна евалуација на напредоците. Каталогот на мерки треба да биде понатаму дополнуван во текот на целата декада. Во моментот тој содржи преку 60 конкретни мерки, кои треба да придонесат за тоа, образовниот систем да биде преуправуван во насока на одржливост.

На пример: министерството за образование планира, во текот на следната година да подготви еден централен интернет портал за образованието за одржлив развој. Сојузната централа за политичко образование во своите понуди ќе ја всади одржливоста како меѓусекторска тема. Програмата Трансфер 21 сака, во рок од три години да всади специјални наставни материјали за образованието за одржлив развој како и соодветни мерки за натамошно образование за наставниците во 10% од сите германски училишта. Сојузните покраини поготвуваат модел-курикулум за развојно-политичкото образование во училиштата.

Покрај ова развојно-политичко ниво декадата на ОН во Германија е активна и на еден друг начин. Одделни проекти, коишто спроведуваат образование за одржлив развој на терен, имаат можност да бидат признаени кај националниот комитет како официјален германски проект на декадата на ОН. Овие проекти можат две години да го носат логото на декадата и да се презентираат во јавноста како добар практичен пример. Ова придонесува кон поширока видливост на декадата во Германија. Досега се одликувани околу 100 проекти.

На пример: во школскиот проект „Чет на световите“ младите од Германија разменуваат мислења за развојно-политички теми и за теми од политиката на животна средина со млади од Југот преку интернет. „Transfair акционата недела“ на стоковната куќа Карштат промовира фер тргувани производи. Во сојузната покраина Баден-Виртемберг се образуваат „ментори за ученици за заштита на природата и животната средина“, кои на својата генерација им приближуваат прашања од доменот на одржливото користење на енергија. Изложбата „Re-Art One“ покажува уметност од материјали за рециклирање. Покрај овие околу 100 подолгорочни проекти, оваа година веќе се одржаа бројни засебни манифестации и конференции за декадата на ОН.

Образование за одржлив развој интернационал

Постигнувањето на ретко која која политичка цел зависи толку многу од успешната меѓународна соработка како што е тоа случај со одржливоста. Рамковните услови на едно образование за одржлив развој, пак, драматично се разликуваат низ светот. Истото важи за содржините. Перспективноста во една т.н. земја во развој значи нешто радикално поинакво отколку во една индустриска нација. Таму најпрво станува збор за обезбедување на елементарните основи за живеење, додека во индустриските земји станува збор и за прашања на едно одржливо однесување на потрошувачите. Тука се придодава и предизвикот што го претставува индустријализацијата на т.н. нови индустријализирачки земји за одржливиот развој на светското општество.

Притоа се поставуваат многу прашања, коишто се однесуваат на суштината на проблематиката на глобализацијата. Какви структури на ‚global governance’ ни се потребни за да ја обезбедиме перспективноста на светот? Како да ја овозможиме индустријализацијата и на земјите во развој, без да се загрози светската клима? Во каков однос се наоѓаат с
ι помалкуте ресурси и обезбедувањето на мирот? И декадата на ОН треба да биде една шанса за што е можно почесто поставување на токму овие глобални прашања, за стапување во контакт со актери на едно образование на одржлив развој во другите земји и за учење едни од други во смисла на интеркултурен дијалог.

Трајното обезбедување на шансите за развој за денешните и идните генерации бара храброст, креативност и долг здив. Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, еднаш го означи како „најголемиот предизвик за 21 век“, „с
ι уште се чини апстрактната идеја за еден одржлив развој да се направи реалност за сите луѓе на земјатаСпроведувањето на оваа се чини апстрактна идеја на еден развоен концепт што опфаќа повеќе генерации, промена на свеста на секој поединец во насока кон поголема одржливост - тоа е задачата што секој би требало да си ја преземе во рамките на декадата на ОН „Образование за одржлив развој“.


За авторот:
Александар Лајхт ги координира активностите во рамките на декадата при германската комисија на УНЕСКО.

Други информации за декадата на интернет:
Веб страна за декадата: http://portal.unesco.org/education/en/ev.php-URL_ID=27234&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html (англиски, француски, шпански)

Германска веб страна за декадата на ОН: http://www.dekade.org/

Веб страна на германската комисија на УНЕСКО, на која можете да најдете информации за германскиот придонес кон декадата на германски, англиски и француски: http://www.unesco.de/

[кон содржината]

_________________________________________________


на веб


Новиот онлајн учебник за одржлив развој на образовниот сервер Д@далос http://www.dadalos.org/

Образование за одржлив развој значи да се стекнат вештини за активно и одговорно обликување на иднината. Со сигурност ќе се запрашате: како тоа може да изгледа практично? Кои содржини треба да ги пренесам и со кои методи? Овие прашања го водеа нашиот тим во Д@далос при размислувањето за тоа, каков придонес би можеле да дадеме ние кон оваа (пре)живувачки важна образовна област и кон декадата на ОН. Уште на почетокот на 2005 ние развивме еден нов онлајн учебник на тема „одржливост“, кој во меѓувреме стои на располагање на сите јазици на Југоисточна Европа и кој можете да го најдете на Вашиот јазик на горенаведениот URL на интернет.

Би сакал накратко да Ве поведам низ оваа нова понуда и да Ви ги опишам најважните содржини. Како и сите други онлајн учебници на Д@далос, овој учебник се состои од пет основни курса, кои Ви нудат одговори на важни прашања околу оваа тема. При нивното развивање поаѓавме од тоа дека Вие самите треба да им приближите на други, зошто одржливиот развој е единствената шанса за преживување на жителите на нашата планета. Но, само тоа не е доволно. Сигурно сакате на Вашите ученици или на учесниците на семинарите да им покажете патишта за тоа, како поединецот може да дејствува во смисла на одливиот развој во секојдневието и како може да го даде својот придонес. Значи ние собравме и мошне практични примери блиски до животот, кои можете добро да ги употребите во Вашата настава или во Вашата наставна работа.

Но, потребно Ви е и знаење за позадината за да можете успешно да аругментирате. Најважното ќе го најдете во Основниот курс 1. Ви покажуваме како овој поим најпрво се создал и нудиме различни дефиниции. Покрај тоа, можете да најдете листа со избрани линкови на интернет и две страни со прегледи, кои ја претставуваат комплетната понуда за одржливоста како графички така и содржински.

Основниот курс 2 веднаш влегува во пракса и прашува: како да дејствувам во смисла на еден одржлив развој? Најголемиот дел од луѓето се жалат: јас како поединец не можам ништо да променам! Политичарите се виновни за с
ι! Ние го тврдиме спротивното: секој може да стори нешто! Во оваа глава Ви покажуваме практични можности за да дејствувате одговорно. Ќе научите да заштедите 350% енергија, ако ставите поклопец на Вашиот лонец. А тоа нема позитивно влијание само за животната средина, туку и за Вашиот џеб!

Ќе дознаете дека веќе постои едно глобално движење што поддржува фер трговија. Фер трговија значи дека на малите земјоделци во земјите во развој им се плаќаат соодветни цени за добри производи и со тоа се става крај на експлоатацијата. Ако ги купуваме овие производи целно насочено, а избегнуваме други, на тој начин и ние помагаме и водиме грижа за повеќе праведност. Еден цел дел од основниот курс 2 е насочен кон нас како потрошувачи. Ние одлучуваме што купуваме. Ние треба да бидеме свесни за тоа дека нашата одлука за купување има влијание што и не н
ι погодува само нас.

Во еден друг дел од основниот курс 2 ќе дознаете што значи одржлив туризам: не се само авионските патувања што и штетат на нашата животна средина, туку мораме и да се прашаме: кој заработува од моето патување на одмор?

Поимот „Агенда 21“ сигурно веќе сте го слушнале. Што се крие зад него и како тој се однесува на нас, е претставено во основниот курс 3. „Мисли глобално – дејствувај локалноТоа е главниот принцип на една локална Агенда 21, значи на пример една иницијатива во нашата општина, при што се работи на прашањето: како можеме да произведуваме тука кај нас, да отстрануваме отпад, да градиме, да ги образуваме нашите деца, да одлучуваме политички итн. - и сето тоа во смисла на одржливиот развој?

Основниот курс 4 го обработува она што нам на луѓето ни е најмногу потребно: воздух за дишење и температура, во која можеме да живееме. Станува збор за нашата клима. Постојат многу проблеми на животната средина. Климатските промени и недостатокот на вода се најголемите! Во овој основен курс Ви објаснуваме зошто се менува климата и што се последиците. Што се случува, на пример, ако Голфската струја повеќе не тече? И зошто би можела да престане да тече? Што презела досега политиката и што можам да сторам лично јас за да ја заштитам нашата клима? Сето тоа можете да го најдете во основниот курс 4.

Основен курс 5 прашува за темелните проблеми во контекст на одржливоста. Што н
ι спречува нас всушност како светска заедница во тоа, да живееме и дејствуваме така што на нашите деца и внуци ќе им оставиме свет вреден за живеење? Овој основен курс дава импулси за размислување. Дали принципот на пазарна економија, којшто функционира само ако секој купува и конзумира колку што може повеќе, може да се доведе во хармонија со еден одржлив развој?

Ќе чуеме што физичарот и филозоф Фритјоф Капра вели за нашата слика за светот, за која веруваме дека таа е единствената можна стварност. Тој покажува дека светот можеме да го гледаме и поинаку и дека тоа може да ни го отвори патот за еден одржлив однос со него.

Понатаму ќе дознаеме што значи „Трагедијата на заедничкото добро“: ние луѓето за жал не сме во состојба да ги користиме нашите заеднички ресурси така разумно што долгорочно ќе ги има доволно за сите, доколку тоа не им користи на нашите интереси. Затоа е потребна една контролна инстанца (значи на пример некаков закон или некој што одлучува). За глобални проблеми со меѓународна димензија ова е тешко. И тука стигнуваме до темата глобализација, за која нудиме посебен онлајн учебник на образовниот сервер.

Претпоставуваме дека при читањето на редовите од оваа лектира ќе имате измешани чувства. И јас се чувствувам така и затоа би сакала да завршам со еден цитат од Фриц Шумахер, кој дава вовед во првиот основен курс и по мое мислење мошне прецизно го опфаќа со зборови тоа што го имаат најголем дел од нас во срцата:

„Дали можеме да се потпреме на тоа дека еден пресврт на многу луѓе може да успее доволно брзо за да се спаси модерниот свет? Ова прашање се поставува често, но каков и да е одговорот, тој ќе води во заблуда. 'Да' како одговор би водело до самосимпатија, 'Не' како одговор до очај. Вреди да се стремиме кон тоа да ги оставиме овие бунила зад себе и да се фатиме за работа."
[Фриц Шумахер, еко-филозоф и предводник на еколошкото движење, автор на книгата "Small is Beautiful" објавена во 1975]

[кон содржината]
_________________________________________________


импресум

Овој информатор се издава од Д@далос Сараево и е финансиран од Министерството за надворешни работи од Берлин, Сојузното министерство за економска соработка (БМЗ) и Советот на Европа.

Одговорна за редакција: Ингрид Халбритер

Адреса: Д@далос Сараево
Aleja Lipa 57
71000 Сараево
Teлефон: +387 33 715 600 (канцеларија Храсно)
Teлефон/факс: +387 33 446 680 (канцеларија Вратник)
Факс: +387 33 715 601
Мобилен Ингрид Халбритер: +387 61 276 381
E-mail: Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Прилози или предлози за теми како и повратни информации Ве молиме испратете ги директно на Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Мејлинг листа: ако сакате да го добивате овој информатор автоматски, Ве молиме обратете се на Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Ако сте го добивале овој информатор автоматски, а НЕ го сакате тоа во иднина, Ве молиме обратете се на истата адреса.

[кон содржината]

[нагоре]