EDC информатор Југоисточна Европа

_________________________________________________

Издание бр. 1 од 5. октомври 2004 (ажурирана верзија од април 2005)

Предговор на издавачот

Почитуван читателу на новиот информатор,

Од 1 октомври 2004 во следните два месеца би сакале да Ви понудиме еден информатор. Овој информатор е наменет за сите што се заинтересирани за образование за демократијата, граѓанската наука, образование за мирот и образование за човековите права. „EDC“ е кратенка од „Education for Democratic Citizenship“ (Образование за демократско граѓанство). Оваа кратенка „EDC“, според нашето разбирање, ги опфаќа сите едукативни области што имаат една заедничка, надредена цел на учењето: мотивација и оспособување за учество во општеството и политиката.

Најпрво би сакала да Ви се претставам: јас сум Ингрид Халбритер, доаѓам од Штутгарт, Германија. Откако матурирав работев две години во Франција, потоа се школував за преведувач и толкувач по француски јазик во Штутгарт, а потоа студирав политички науки и реторика на Универзитетот Тибинген. По завршувањето на студиите бев вработена во германската организација за помош “Kinderberg e.V.” како раководителка на проекти за мировна педагогија. Од
1998 водам образовни програми во Југоисточна Европа и сум ко-основач на здружението Д@далос во Сараево. Од средината на 1999 година живеам во стариот дел на Сараево, којшто во меѓувреме стана моја втора татковина.

Цврсто верувам во тоа дека секој поединец може да даде значаен придонес во општеството и политиката. Верувам и во тоа дека секој поединец носи одреден степен на одговорност за самиот себе, за своите сограѓани, за општеството во кое живее и за нашата планета.

Што Ви нудиме во овој информатор? - Нашата идеја е да Ве снабдиме со теорија и пракса. Во рубриката „на пример“ ќе Ви понудиме научни есеи или стручни прилози за содржински теми, кои што се релевантни за нашата област. Во оваа рубрика сакаме да Ве информираме и за национални и меѓународни политики на едукацијата, така на пр. во следното издание ќе Ве информираме за „Европската година на демократско разбирање на граѓанството преку образованието“ на Совет на Европа, за што е прогласена претстојната 2005 год.

Постојат многу организации и одделни личности што реализираат извонредни проекти во сферата на учење демократија. Сакаме да известуваме за овие проекти и луѓе, и тоа во рубриката „Се претставуваме“. Во ова издание Ви го презентираме нашиот проект.

„На веб“ е рубриката, во која се говори за веб страни. И тука започнуваме со нашата понуда, образовниот сервер Д@далос.

„Термини“ рубриката Ве информира за можностите за усовршување или за настани, кои би можеле да бидат интересни за Вас. Тука правиме разлика меѓу отворен и затворен тип на настани. Кај отворениот тип на манифестации може да се пријави секој, додека затворениот тип се насочени на еден однапред дефиниран круг. Дури и кога не можете да учествувате на нив, сметаме дека е важно да го дознаете тоа, за да видиме преку примери, што се нуди во регионот.

Многу ме радува што ќе можам да разговарам со Вас и што ќе можам да Ве поддржам при Вашата работа во доменот на учење демократија и граѓанска наука.


Многу срдечни поздрави,


Ваша Ингрид Халбритер


СОДРЖИНА

Се претставуваме:
Здружение за мировна педагогија Д@далос во Сараево
Автор: Ингрид Халбритер, раководител на проектот

На пример … политичкото образование во Германија
Автор: Рагнар Милер, agora-wissen Штутгарт

На веб: www.dadalos.org (меѓународен образовен сервер за политичко образование, едукација за човекови права и мировна педагогија)
Автор: Ингрид Халбритер

Термини:
Отворени манифестации: „Европа-вечери“ (од 21 октомври 2004 во Сараево)
Затворени манифестации: Обука на модератори за методот „Бецафта“ (12 -16.10.2004 во Загреб)

Редакција

_________________________________________________

Се претставуваме:

Д@далос Сараево – Здружение за мировна педагогија
Ингрид Халбритер

Д@далос Сараево е формирано летото 1999 год. во Сараево. Целта не здружението е да даде придонес кон демократизацијата во Југоисточна Европа. Проектите што ги реализира Д@далос започнуваат од образованието: во училиште, на универзитет, но и кај невладини организации (НВО). Притоа здружението се концентрира на демократското политичко образование. Тоа сака да ги пренесе донекаде основите на политиката, значи основните поими на демократијата како „најлоша форма на државата, ако се исклучат сите други “ (Винстон Черчил).

Своите цели Д@далос ги остварува различни проекти, коишто најчесто се реализираат во целиот регион на Југоисточна Европа (поранешна Југославија, Албанија, Бугарија, Романија, Молдавија). Сржта на работата е меѓународниот образовен сервер
www.dadalos.org. Тука, во меѓувреме, на располагање стојат девет онлајн прирачници со материјал за позадината и наставен материјал. Теми: Човекови права, Демократија, Политички партии, Европска унија, Примери, Политичка дидактика, Педагогија на мирот, Глобализација и Обединети нации. Јазици: албански, бугарски, босански, германски, англиски, хрватски, македонски, романски и српски (за детали видете поглавје „На веб“).

Овие онлајн прирачници се издавааат секоја година на ЦД-ром и се испраќаат и дистрибуираат бесплатно на заинтересирани. Можете да нарачате на:
Enda.Pecenkovic@dadalos.org

Од 1999 преку викенд курсеви Д@далос воведе безмалку 2.200 наставници во користењето на образовниот сервер. Врз основа на ова здружението разви нов производ: концептот за обука „Fit@school“. На еден ЦД-ром на располагање стојат презентации во Powerpoint за усовршување на наставниот кадар. Повеќе информации можете да добиете на
Haris.Muhic@dadalos.org. Овој ЦД-ром можете да го нарачате бесплатно; досега „Fit@school“ постои на босански/хрватски/српски/албански, бугарски и германски јазик.

Д@далос понатаму нуди усовршувања за тренери (наставници, доценти, соработници во невладини организации). Во моментов има две програми: „Предавање политика во Југоисточна Европа “ и „Бецафта – еден со друг“. Првата програма се состои од курс, во кој се комбинираат обични семинари со „e-учење“. Учесниците доаѓаат на три викенд семинари, а во меѓувреме обработуваат задачи што се придружувани од раководителот на курсот преку и-мејл. Ги објаснуваме најважните дидактички принципи на демократското политичко образование, а учесниците учат самостојно да развиваат и подготвуваат наставни единици и школски часови на политички теми. Не радува тоа што во 2005 год. ќе можеме да понудиме два курса. Повеќе информации можете да добиете од
Ingrid.Halbritter@dadalos.org.

„Бецафта“ или „еден со друг“ претставува метод на учење демократија, кој беше развиен од Институтот Адам во Ерусалим. Што значат темелните вредности на демократијата - при овој метод тоа лично се доживува и чувствува и се сфаќа како рационално. Првите 15 идни модератори од Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора ги завршија своите први курсеви во 2004. Наскоро на располагање ќе биде ставен и прирачник за обука на босански/хрватски/српски јазик
www.dadalos.org/EDC.

Кон почетокот на декември 2004 се одржа 4-дневно усовршување за новинари од Србија и Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина на германски јазик. Општо гледано, населението не знае многу за ЕУ и речиси и да не може да ги процени последиците од пристапот на својата земја кон ЕУ. Ова усовршување треба да помогне, известувањето за ЕУ во регионот да биде попрофесионално.

Друг домен кај Д@далос е обидот да се воспостави контакт меѓу луѓе, организации и институции, кои се ангажираат во политичкото образование, понатаму да овозможи размена на информации и искуства и да поттикне соработка. Овој информатор претставува една активност. Друга таква активност е т.н. EDC пазар, веб страна на англиски јазик, којашто претставува добри проекти што можат да им понудат нешто на другите (види
www.dadalos.org/EDC).

Сосема ново нешто за Д@далос е т.н. „I.M.PACT“ проект. Д@далос е една од шесте организации во Југоисточна Европа, која од 2005 год. ќе нуди обуки во областа на планирање проекти и самоевалуација за организации и институции што се занимаваат со политичко образование. Информации за овој проект можете да најдете на страната
www.impact-see.org, за жал само на англиски. Но, најдоцна до крајот на годината ќе има прирачници за двете области, коишто ќе ви бидат на располагање на Вашиот мајчин јазик.

Д@далос има две мали канцеларии во Сараево со четири вработени. Наши најтесни партнери се проф. д-р Волфганг Шуман и Рагнар Милер од друштвото „agora-wissen“ во Штутгарт. Овие двајца политиколози, експерти за Европа и специјалисти за пренесување на знаење преку нови медиуми (интернет, ЦД-ром) ги развиваат нашите содржини и го водат најголемиот број од нашите обуки за тренери (повеќе информации можете да добиете на страната
www.gesellschaft-agora.de).

Тесно соработуваме со неколку избрани невладини организации
: FAR во Бургас/Бугарија, Зоненберг од Хрватска и Д@далос од Црна Гора. На конкретни проекти  соработуваме со канцелариите на Институтот за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на народни универзитети (ИИЗ-ДВВ) во Албанија, Бугарија, Србија и Црна Гора, Цивитас@БиХ, „Граѓанске иницијативе“ Белград, со Универзитетот Никшиќ, со Педагошката академија во Риека и министерствата за образование во регионот и германските политички фондации соработуваме.

Наши главни донатори се: УНЕСКО (особено германската комисија на УНЕСКО), Министерството за надворешни работи од Берлин, норвешката и швајцарската влада, работната група „Политичко образование“ на германските политички фондации. Линкови за сите донатори можете да најдете на нашата почетна страна www.dadalos.org.

Ингрид Халбритер, која ја води програмата при Д@далос, е испратена во рамките на Цивилната служба за мир (Ziviler Friedensdienst) како експерт за мир од EIRENE e.V., Нојвид, со средства од Сојузното министерство за стопанска соработка (BMZ) во Бон (мај 2004 до април 2007).

[кон содржината]

_________________________________________________


На пример ...

Политичко образование во Сојузна Република Германија

Рагнар Милер

Бидејќи, како и досега, „демократите не паѓаат од небо“, демократијата, како особено тешка форма на држава и општество со многу предуслови, е зависна од политичкото образование, на што последните години со оглед на плановите за штедење повторно зајакнато се укажуваше. Следниот текст прави обид накусо да ги резимира важните основи на политичкото образование. Тој е поделен на два дела:

Задачи и цели на политичкото образование: тука се презентираат суштинските основи на политичкото образование, онака како што се обликуваа во стручната дидактичка дискусија во Германија. Притоа не се навлегува во прикажување на историјатот на политичкото образование, туку во средиштето се наоѓа подразбирањето на задачите и целите на политичкото образование.

Дидактички принципи на политичкото образование: поаѓајќи од централниот "Бојтелсбашки консензус" од 1976 год., се етаблираа низа дидактички принципи, кои ја сочинуваат сржта на политичката дидактика.

Задачи и цели на политичкото образование

Цел на политичкото образование е „зрел граѓанин“ односно „зрела граѓанка“. Тоа што ова може да се прочита во, практично, секоја публикација на оваа тема, не треба да нι поведе во погрешна насока за содржинската неопределеност на поимот, којашто на пр. станува болно забележителна кога станува збор за тоа овој поим да биде преведувен на друг јазик. Следнава слика наведува други, честопати наведувани цели на политичкото образование, коишто со живот ја исполнуваат синтагмата „зрел граѓанин“.

Во основа важи: „Политиката и образованието, а со тоа и политичкото образование се форми на меѓународно дејствување. Тие се ориентираат кон цели т.е. вредности ... Модерната држава не може да одговори на прашањето што е највисокото добро во еден ансамбл на плуралистички вредности. Можеме да се согласиме со тоа дека треба да спречува зла и дека како културна и социјална држава мора и позитивно да ја ориентира својата активност кон вредности. Но, политиката не можеме да ја разбереме како 'остварување' на највисоки вредности, туку како регулирање на конфликти и како борба за подобар поредок во поглед на општо признати цели, кои како ориентациски вредности остануваат постојана задача ... Политичкото образование мора да го има ова предвид.“

Задачи на политичкото образование со можност за консензус

Прашањето кои се задачите на политичкото образование останува во детали спорно и подлежи на промени. Следниот извадок од еден текст, сепак, наведува неколку полиња на задачи, кои што во сегашно време можат да важат како „со можност за консензус“:

„1. Образованието и зацврстувањето на слободна демократска свест за вредности,
2. Разбирање на основната структура на политиката како решавање на актуелните проблеми преку донесување обврзувачки решенија по спорни општествени прашања,
3. Ориентациско знаење по важни актуелни прашања со идно значење, на пр. демократијата и загрозувањата по неа, односот меѓу екомонијата и екологијата, иднината на трудовото општество, глобализацијата, обединувањето на Европа,
4. Стекнувањето одредени вештини како однос кон информации, медиуми итн.
Оттука непосредно произлегуваат две полиња на задачи со неизбежни, припишани содржини: 1. конкретизација на темелните вредности ... 2. разбирање на процесот на политички одлуки со двата аспекта:
- носители на одлуки и нивна легитимација (парламент, влада, усогласувања и избори, федерализам);
- содржини за одлучување и извори за нив: интереси и нивни агенти (граѓански иницијативи, здруженија, партии, медиуми).
“

Цели на политичкото образование

Политичкото образование сака да го разбуди интересот за политика и да ги создаде предусловите за тоа, адресатите да станат зрели граѓани со тоа што се обидува да пренесе способност за самостојна политичка анализа и суд. За тоа се разбира потребно е и основно знаење. Затоа во задачите на политичкото образование се вбројува и пренесувањето на основите на политиката. Овде спаѓа односот кон темелните поми како демократија, поделба на власта, избори, партии, мир, моќ итн.

Но, демократското политичко образование не престанува со пренесувањето основно знаење, тоа само ја формира неизбежната основа за натамошните цели на политичката настава. Бидејќи секој што не се разбира во политичкиот систем, секој што не може да продре во функциите и меѓусебните поврзаности, не може ни да ги искористи своите шанси за партиципација, нему му недостасува компетентноста за демократија, тој како граѓанин останува незрел. Оттаму се појавува една низа цели, кои се надоградуваат една на друга.

Првите три степени се наоѓаат, конкретно формулирани на еден или друг начин, во практично сите публикации на оваа тема, но останува спорно дали четвртиот степен, политичкиот ангажман треба да се смета исто така во суштинските цели на политичкото образование. Овој аспект, на пр., се дискутира во контекст на поимот на модели на граѓани. Со добри причини може да се укаже на тоа дека можат да се замислат и „зрели“ граѓани што не се ангажираат политички.

Пренесување на демократски компетенции

Терминолошки алтернативниот пат за дефинирање на целта на политичкото образование го става поимот на компетенции во средиштето. Јоахим Детјен разликува три дополнителни форми на компетенции:

„Под когнитивна компетенција се подразбира потребата од одредено ниво на знаење и способност за учење, при што знаењето се однесува на институционалниот ред на политичкиот систем, на функционални поврзаности во рамките на системот па сι до неговите зависности со светската политика и светската економија. Но, и граѓанинот треба да располага со стручно информирани знаења по однос на содржините за актуелните политички решенија.

Процедурални компетенции се знаења и вештини што се потребни за да може и фактички да се искористат можностите за политичкот влијаење и шансите за партиципација. За таа цел, граѓанинот мора да поседува знаења за административните надлежности и правните постапки. Тој мора да располага со стратешки способности за да може да ги оствари сопствени цели или општите цели, коишто се признати како исправни.

Хабитуални компетенции се ставови ... што граѓанинот мора да ρ ги дава на заедницата заради нејзино опстојување ... Модерните демократии се особено изискувачки во своите хабитуални очекувања. Како државна заедница ним секако им е потребна правна послушност, но покрај тоа и подготвеност за жртви за одбрана на заедницата од закани од надвор. Како либерални заедници ним им е потребна толеранција и да се биде фер по однос на погледот кон светот. Како демократски заедници тие се насочени кон партиципација, која според можностите треба да биде рационална, одговорна и редовна. Како заедници на социјална држава тие не можат да опстојат без смисла за социјална правда и солидарност.“

Дидактички принципи на политичкото образование

Дидактичките принципи, онака како што се обликувале во стручната дидактичка дискусија во последните децении, ја формираат сржта на политичката дидактика. Тие ги операционализираат општите цели на политичкото образование, коишто честопати се опфатени со синтагмата „зрел граѓанин“. Појдовна точка за обликувањето на овие принципи беше положувањето на контроверзите од почетната фаза на политичката дидактика преку Бојтелсбахеровиот конснзус од 1976 год.

Бојтелсбахеровиот консензус

Во 1976 год. покраинската централа за политичко образование на Баден-Виртемберг организираше стручна конференција во Бојтелсбах. „Гледано ретроспективно кон оваа манифестација еден учесник, Ханс-Георг Велинг, формулираше три основни принципи на политичкото образование, коишто според неговиот впечаток на конференцијата останаа неконтрадикторни во смисла на минимален консензус.“ Протоколот од таа конференција влезе во историјата на политичкото образование на Германија како „Бојтелсбахеровиот консензус“ ја маркираше пресвртницата во насока на професионализација и оттогаш го формира темелот на политичката дидактика.

"1. Забрана за надвладување. Не е дозволено одненадеж да се нападне ученикот ... во смисла на посакувани мислења и со тоа да биде спречен во 'доаѓањето до самостоен суд' (Минсен). Токму тука се наоѓа границата меѓу политичкото образование и индоктринацијата. Но, индоктринацијата е некомпатибилна со улогата на наставникот во едно демократско општество и со, насекаде прифатената, претстава за зрелоста на ученикот.

2. Она што во науката и политиката е контроверзно, мора да изгледа контроверзно и во наставата. Ова барање е најтесно поврзано со претходно наведеното, бидејќи штом пропаднат различните ставови, штом се прикријат опциите и штом не се дискутира за алтернативи, тогаш се трk