И се разбира,
се надеваме дека ќе можеме повторно да ве поздравуваме како посетители на
нашиот образовен сервер и ќе нè радува, доколку со вашите коментари и вашиот
фидбек ќе придонесете за проширување и усовршување на нашата интернет понуда
за политичко образование.
_________________________________________________ · нивото на национална држава, на кое владата и парламентот донесуваат обврзувачки одлуки за граѓаните на соодветната земја. · нивото на т.н. меѓународен систем, на кое националните држави воспоставуваат меѓусебни односи, а кое се одликува со фактот што не постои инстанца, која, слично на националната држава, би можела да донесува подеднакво обврзувачки одлуки за сите земји. · нивото на Европската унија, на кое, исто како на меѓународно ниво, соработуваат национални држави. Но, тие национални држави си создадоа нови, посебни органи (Комисија, Совет на министри, Европски парламент и Европски трибунал), кои, и тука е одлучувачката разлика од Меѓународниот систем, можат да донесат директно обврзувачки одлуки за граѓаните од сите држави-членки.
Односите
помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа во интеракцијата на трите нивоа
Цели и структура на прилогот Надоврзувајќи се на ова сознание, во следниот прилог би сакал најпрво да ја издиференцирам и рафинирам оваа, сè уште мошне расплинета, мостра и, со помош на други примери за примена, да ја демонстрирам ползата од неа. Откако на овој начин ќе добиете подлабок увид во важни причинско-последични поврзаности на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, со случајот на преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ ќе погледнеме пример, кадешто овие односи уште повеќе се стеснуваат. Покрај информации за рамката и текот на преговорите ќе стане збор и за тоа, да ги набљудуваме нив од перспектива на нашата мостра за анализа. Така, програмата во детали изгледа вака:
·
Причинско-последични поврзаности во односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа
–
мостра
за анализа
· Процеси на преговори помеѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, примерот со преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ · Како изгледа општата рамка за преговорите за пристапување? · Како течат преговорите? · Како се изработуваат позициите во Хрватска и во ЕУ? · Институционалната рамка (преговарачки гремиуми) во Хрватска · Состојба на преговорите · Процесот на преговори и односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа во анализа Мостра за анализа
Сакаме да ја
издиференцираме нашата груба скица од слика 1, а тоа значи за секое одделно
ниво да определиме, кои се важните фактори што ги определуваат односите
помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, или поконкретно: кои се важните фактори што
го определуваат процесот на приближување кон и можниот процес на
пристапување на западен Балкан во ЕУ. Ова сакаме, едно по едно, да го
испитаме за секое ниво, а ќе започнеме со меѓународното ниво.
А дури паѓањето на оваа структура, крајот на конфликтот Исток-Запад, ги овозможи процесите, за кои станува збор тука, имено најпрво големиот круг на проширување од 1 мај 2004 година и перспективата за пристапување за земјите од Југоисточна Европа сега. Подоцна ќе кажеме повеќе за тоа, како овие поврзаности се претставуваат конкретно.
А, кај
„Случувањата во Меѓународниот систем“, меѓу другото, секако треба да се
спомнат Балканските војни,
кои
поттикнаа активности на меѓународната заедница
(Пакт
за стабилност) како
и на ЕУ
(процес
на стабилизација и асоцијација).
Притоа, како прво, секако се работи за активностите на централните органи, кои, второ, во рамките на зададените „правила на игра“ водат до, трето, конкретната политика на Унијата во односите кон Југоисточна Европа и воопшто на полето на проширувањето. Сепак, таа слика останува нецелосна, ги покажува определувачките фактори на ниво на ЕУ, но не во Унијата, бидејќи тука спаѓаат, се разбира, и 25-те односно за кратко време 27-те држави-членки, кои значително ја соопределуваат и влијаат врз политиката, пред сè, преку Советот на министри и Европскиот совет.
Детерминанти
во ЕУ
Што се однесува до државата и владата, централно значење очигледно им се придава на уставно-правните одредби, кои регулираат, кој какви надлежности поседува, дали на пример за согласност за промена на Договорот за ЕУ или за проширување одлучуваат парламентот или народот на референдум. Истото важи за институционалната рамка - односот меѓу владата и парламентот во ЕУ-политиката, улогата на политичките партии итн. Понатаму, принципиелните ставови на владите за ЕУ и нивниот развој во целина, а посебно да го наведеме ставот кон проширувањето. Помислете на оваа состојба во Данска или во Обединетото кралство од една и на Германија и Австрија од друга страна. Но, се разбира, важно е и тоа што сакам да го означам со „национални интереси“, тоа значи напорите на државите-членки, на ниво на ЕУ што е можно поодржливо и ефективно да можат да извршат влијание во насока на нивните специфични интереси. Една работа, за која претставува очигледен предизвик со секое проширување преку зголемување на бројот на „соиграчите“ . Ова набројување не се стреми кон целосност, но треба да ви прикаже за што всушност се работи.
Што се
однесува до областа на општеството во поширока смисла,
се
разбира дека економската состојба и економските капацитети на
државата-членка, особената засегнатост на одредени гранки или региони како и
очекувањата и стравувањата кај населението играат извонредна улога.
Бројни
примери за секој од тематизираните фактори можете да најдете во
основен курс 5
од
онлајн-учебникот за Европската унија на образовниот сервер Д@далос.
Во избраниот случај станува збор за актуелните преговори со Турција за пристапување, кои, како што покажа, меѓу другото и со „Не“ на референдумот за устав од минатата година, предизвика стравувања меѓу француското население. Тие, започнати од владата, преку Советот на министри, а поврзано со правилото за едногласност, можат масивно да влијаат врз процесот на преговори. Или помислете на улогата на Кипар, на една многу мала земја, која во последните недели постојано се закануваше дека ќе положи вето против отворање на натамошни глави за преговори во разговорите со Турција. Значи, да се вратиме на поставеното прашање, нашата мала мостра за анализа ни помага кон подобро препознавање и означување на важни поврзаности. Детерминанти на национално ниво
Што се
однесува до важните определувачки фактори на ниво на националната држава,
нашата
задача во голема мера ја завршивме во слика
4,
бидејќи
елементите што се важни по однос на ова во државите-членки на ЕУ,
имаат
подеднакво значење и во другите земји, меѓу другото и во оние од Југоисточна
Европа, за кои овде станува збор.
Помислете на далекусежните влијанија од сложената институционална рамка во
Босна и Херцеговина, со која земјата не е во состојба, да исполни важи
барања на ЕУ.
Помислете на масивните економски проблеми со кои, во различна мера, мораат
да се борат сите земји од Југоисточна Европа, или помислете на далекусежните
очекувања, кои ги имаат народите од едно пристапување во ЕУ.
Детерминантите
во преглед
Како може да се започне со оваа мостра за анализа веќе демонстрирав преку поврзаностите помеѓу двете нивоа на слика 5. Соодветни поврзаности вон трите нивоа беа предмет на слика 1, која со помош на нашата комплетна мостра за анализа секако би можеле да ја анализираме и следиме далеку поиздиференцирано. Пример за примена
Дозволете ми
да ги појаснам можностите за примена и ползата на нашиот рудиментарен модел,
дополнувајќи го ова со уште еден мошне актуелен пример од декември
2006/јануари 2007 година, претстојните избори во Србија. Како што
покажаа
актуелни анкети од средината на декември,
кога изборите би се одржале сега, десната партија СРС на Воислав Шешељ, кој
во моментов се наоѓа во Хаг, би ги добила изборите со 34,9 проценти од
гласовите, што би претставувало 102 од 250 места во парламентит(!) (1).
Ова имаше за последица цела редица реакции како на меѓународно ниво, така и на ниво на ЕУ, кои имаа за цел да спречат таков резултат. Така, пратеникот на ООН за преговорите во Косово, Марти Ахтисари, одлучи да го задржи својот, всушност веќе достасан, предлог за статусот на Косово до по одржување на изборите; очигледен обид, барем да не се влоши понатаму расположението на населението (2). На самитот на НАТО во Рига кон крајот на ноември на Србија и беше испратена покана (како и на Црна Гора и на Босна и Херцеговина) за програмата „Партнерство за мир“ со аналогна интенција (3); а ЕУ во следните денови уште една јасно ќе ја изјасни јасната европска перспектива за сите граѓани на Србија (4, реакција на ЕУ). Но, дека ова претставува мошне сложен процес, јасно го покажува нашата слика уште еднаш. Тука постојат неколку држави-членки, чии влади се наоѓаат под силен притисок од своето население и се скептично до одбивно поставени кон натамошно проширување на ЕУ. Така, на пример, во т.н. Евробарометар-анкета за проширувањето објавена во јули, (страна 69) 65%, значи повеќе од две третини од Австријците, се изјаснија против прием на, во моментот на прибирањето на податоците сè уште во вид на Унија постоечката, Србија и Црна Гора, додека, пак, 67% од Швеѓаните беа за. Овие две и уште 23 други позиции се соочуваат во Советот на министри!
Како следен
актер постои Комисијата,
чии
членови исто така не се согласни по однос на натамошниот курс по прашањето
за проширувањето.
Така,
Претседателот на Комисијата Баросо,
пред кратко време јасно се изјасни за пауза во проширувањето до разјаснување
на интерните институционални прашања во ЕУ,
додека,
пак, комесарот надлежен за проширување,
Оли Рен,
се чини дека
го претпочита мошне поотворениот курс за потенцијалните кандидати.
И сево
ова станува уште покомплицирано со фактот што при формулирањето на
позицијата на ЕУ улога играат и други аспекти од меѓународен карактер,
како во
конкретниот случај оценката на меѓународниот кривичен суд за поранешна
Југославија во Хаг. Преговори за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ Откако веќе стекнавме подобар увид во важните поврзаности во односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, да го погледнеме како пример случајот со преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ, во кој овие односи уште повеќе се стеснуваат. Покрај информацијата за рамката и текот на преговорите, тука станува збор и за тоа, да ги набљудуваме од перспективата на нашата мостра за анализа. Да започнеме најпрво со две сосем едноставни прашања, имено: „Што воопшто се преговорите за пристапување?“, Како можеме да си ги претставиме?; и второ: „За што воопшто се преговара?“ Што се преговорите за пристапување? Со преговори за пристапување се означува процесот, во чии рамки една земја, т.н. кандидат за пристапување, се приклучува кон ЕУ и ги презема нејзините договорни основи. На крајот на преговорите постои меѓународен договор помеѓу државите-членки на ЕУ и земјата-кандидат - тоа е договорот за пристапување. Учесници во процесот на преговарање се земјата-кандидат од една страна и државите-членки на ЕУ од друга страна. Во текот на преговорите, позициите на ЕУ се застапуваат преку претседателството, а оние на земјата-кандидат преку преговарачка делегација.
Преговорите се
одржуваат во рамките на една билатерална меѓудржавна конференција, на која
учествуваат претставници на Европската комисија. Поединечните средби на
преговарачката делегација по правило се одржуваат на ниво на министри за
надворешни работи и/или на ниво на заменици-шефови на делегации. Ова
конкретно значи дека на преговарачката маса седат постојаните претставници
на државите-членки на ЕУ што се наоѓаат во ЕУ во Брисел, додека од страна на
земјата-кандидат шефовите на преговарачкиот тим.
За што се
преговара?
За процесот на преговори овој огромен „Acquis“, кој опфаќа повеќе од 80.000 страници законски текст, е поделен на 35 глави. Тука не станува збор за тоа, дека се преговара за „Acquis“, значи за прашањето, дали и во која мера ЕУ би морала или би требала да измени нешто во него! Со земјата-кандидат се бараат патишта и услови за хармонизација на нејзиното законодавство со законодавството на ЕУ. Значи, кај преговорите за пристапување всушност не станува збор за класични преговори, туку за процес на прилагодување на земјата-кандидат на вредностите како и на законските, економските и социјалните однапред зададени нешта на ЕУ. Како течат преговорите? По овој краток преглед да преминеме на прашањето, како конкретно течат преговорите. Да ги погледнеме преговорите помеѓу ЕУ и Хрватска. По политичката одлука на Европскиот совет за свикување на билатералната меѓувладина конференција, преговорите беа отворени на 3 октомври 2005 година, на кои дојде до размена на општите позиции на ЕУ и на Република Хрватска. Скрининг Кон ова формално отворање на процесот на преговори се надоврзува една евалуација за усогласеноста на националното (хрватско) законодавство со „Aqcuis“, што се означува како “Screening”. Притоа главна цел е, за секоја глава да се идентификува какви разлики постојат. Врз основа на тоа земјата-кандидат се замолува да се изјасни за тоа, дали таа е во состојба, да го прилагоди своето законодавство кон она на ЕУ во соодветната област (глава), или се потребни преодни периоди за истото. Скринингот се спроведува, значи, за поединечни глави, а потребниот временски период зависи, пред сè, од обемот на „Acquis“ во соодветната глава. Тој може да варира од еден ден до повеќе недели. Севкупно, процесот на скрининг по правило бара околу една година. Поминување низ сите поединечни глави По завршување на скринингот одлука за тоа, дали ќе се отворат преговорите за одредена глава зависи од констатираната способност на земјата-кандидат за реализација на неопходните прилагодувања за време на евалуацијата. Таквата одлука се донесува од страна на државите-членки во Советот на министри. Со ова влегување во поединечните глави започнува одлучувачката фаза во процесот на преговори. Во текот на оваа фаза станува збор за тоа, да се утврдат условите, под кои земјата-кандидат ќе го преземе и имплементира „Acqui“ во таа област, вклучувајќи го и прашањето за неопходните преодни периоди, кои впрочем зависат не само од земјите-кандидати, туку можат да се бараат и од ЕУ, на пример во слободното движење на работници. Преговорите се водат врз основа на позиции, коишто се подготвуваат за секоја глава како од ЕУ, така и од Хрватска. Во текот на целиот преговарачки процес редовно се информираат како Европскиот парламент од една страна, така и националниот совет за придружување/надзор на преговорите за пристапување на Хрватска од друга страна. Откако ќе се постигне согласност по една глава, таа времено се затвора. Формалната одлука за тоа се донесува на интервладината конференција на министерско ниво. Доколку пред склучување на договорот за пристапување се покаже, дека земјата-кандидат не ги исполнува своите обврски односно дека не може да ги исполни, или доколку во меѓувреме дошло до промена на „Acqui“, преговорите во соодветната глава можат повторно да отпочнат. Завршна фаза и склучување договор Откако времено се затворени сите глави, Европскиот совет го констатира крајот на процесот на преговарање. Тогаш резултатите од преговорите се резимираат во еден нацрт-договор за пристапување, којшто се изработува од претставниците на државите-членки, од институциите на ЕУ како и од земјата-кандидат. Откако ќе се изнајде консензус од сите инволвирани страни, тој нацрт им се приложува на институциите на ЕУ, на државите-членки и на земјата-кандидат, каде се подготвува ратификацијата на документот според соодветните регулативи. Пред ратификацијата од страна на партнерите во преговорите, Комисијата мора да го достави својот конечен став, Европскиот парламент мора да даде согласност и нацртот да биде едногласно (!) прифатен од страна на Европскиот совет. Потоа шефовите на држави и влади на државите-членки и шефот на владата на земјата-кандидат на свечена церемонија го потпишуваат договорот, кој потоа оди до потписниците, кадешто мора да биде потврден во согласност со нивните национални одредби. А тоа значи или дека треба да се добие согласност од националните парламенти и/или дека треба да се одржи референдум. А, сетете се на нивото на државите-членки од нашата мостра за анализа, тоа може да претставува значајна, а можеби дури и непремостлива препрека. Како се изготвуваат позициите на Хрватска и на ЕУ? Да се осврнеме на прашањето, како во текот на преговорите се изготвуваат позициите на двете страни. Најпрво земјата-кандидат, врз основа на резултатите од скрининг-процесот, ја презентира својата позиција, значи своите претстави за прилагодувањето и имплементацијата на „Acqui“ во одредена глава врз основа на своите расположиви институционални и административни капацитети. Во Хрватска во овој процес на подготовка на преговарачката позиција вклучени се следните институции: · преговарачкиот тим за пристапување на Хрватска во ЕУ; · работните групи за подготовка на преговорите по поединечните глави; · координацискиот совет за пристапувањето на Хрватска во ЕУ; · националниот совет за придружување и надзор на преговорите за пристапување; · владата. Позициите изготвени во оваа институционална рамка се проследуваат од владата преку Секретаријатот на меѓувладината конференција до ЕУ. Доколку се посака од ЕУ, во контекст на ова се подготвуваат дополнителни информации за преговарачката позиција, кои се доставуваат од владата по веќе опишаниот пат до ЕУ. Ова е, на резимиран начин, прикажано на следната слика.
Во ЕУ, чии најважни и, во нашиот контекст вклучени, органи, ви ги прикажав на слика 12, процесот на подготовка на преговарачките позиции изгледа вака: најпрво Комисијата подготвува предлог. Врз основа на тоа Европскиот совет едногласно ја одлучува позицијата на ЕУ што треба да биде застапувана во преговорите.
Притоа се утврдуваат и предусловите, коишто мора да ги исполни земјата-кандидат, за да може времено да се затвори една глава. Тие можат да бидат, на пример, степенот на хармонизација на законодавството, резултатите од процесот на имплементација, создавањето на одредени административни или судски претпоставки или исполнувањето на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Тие позиции влегуваат на меѓувладината конференција, а процесот до затворање на поединечните глави, а потоа и на преговорите па сè до ратификацијата на договорот за пристапување тече како што е опишано во делот „Како течат преговорите?“. Институционалната рамка во Хрватска Во следниот чекор поблиску ќе ја разгледаме институционалната рамка, која беше создадена во Хрватска за спроведување на процесот на преговарање. Инволвираните актери веќе ви се познати; сега ќе стане збор за тоа, секој од нив да се разгледа конкретно. Преговарачки тим за пристапувањето Тој ги води разговорите и преговорите со ЕУ со одговорност за сите глави. Овој гремиум е одговорт пред владата како и пред координативниот совет за пристапување. Во неговите задачи понатаму спаѓаат изработката на извештаи за текот на преговорите, на пример, по секоја средба на меѓувладината конференција на министерско ниво како и по барање на владата. Во преговарачкиот тим спаѓаат: како претседател на делегацијата – министерската за надворешна политика и европска интеграција, Колинда Грабар Китаровиќ; како заменик-претседател на делегацијата и шеф-преговарач Владимир Дробњак; како заменик шеф-преговарач Мартина Далиќ и Борис Вујчиќ; шефот на застапувањето на Хрватска во ЕУ, Бранко Баричевиќ, а како секретарка Тамара Обрадовиќ Мазал. Работни групи за секоја поединечна глава 35-те работни групи, по една за секоја глава, учествуваат во анализата на состојбата со хармонизацијата на законодавството на Хрватска со она на ЕУ како и во изработката на нацрти за хрватската преговарачка позиција во „својата“ глава. Притоа, тие соработуваат со оние делови од управата, односно други надлежни гремиуми, кои ја имаат одговорноста во „нивната“ област и тоа со персоналот што е таму надлежен за координација на ЕУ-политиката. Работните групи се состојат од 16 (надворешни односи, доделување јавни набавки) и 400 лица (аграрна политика). Секоја располага со еден раководител, кој ја усогласува својата работа со надлежниот член на преговарачкиот тим за соодветната глава. Преку следните линкови можете да дојдете до преглед на 35-те групи на англиски односно хрватски јазик со дополнителни информации. Координативен совет за пристапувањето
Кај
координативниот совет за пристапувањето на Хрватска во ЕУ станува збор за
една интерминистерска работна група на владата, која ги тематизира сите
аспекти во контекст на преговорите. Неговите задачи, меѓу другото, се
состојат во тоа, да ги испитаат нацртите на преговарачките позиции на
преговарачкиот тим пред нивно проследување до Националниот совет или до
владата.
Национален совет за надзор на преговорите Кај Националниот совет за надзор на преговорите станува збор за специјален гремиум на хрватскиот парламент, кој врши надзор на текот на преговорите, дава ставови од страна на парламентот за подготвените преговарачки позиции, тематизира прашања што ќе се најдат на следната агенда и врши надзор на спроведувањето на задачите од страна на поединечните членови на преговарачкиот тим. Освен тоа, доколку е потребно, овој совет дава мислења за (планираната) хармонизација на хрватското законодавство со законодавството на ЕУ. Советот, преку својот претседател, одржува редовни консултации и врши редовна размена на информации со претседателот, шефот на владата, претседателот на парламентот, министерката за надворешни работи и европска интеграција како и со шеф-преговарачот за текот на преговорите, напредокот во преговорите и за можните патишта за затворање на одделни глави. Тој се состои од членови на хрватскиот парламент, од претставници на канцеларијата на претседателот, од академската заедница како и од организацијата на работодавци и синдикатите. За кои лица во конкретниот случај станува збор, можете да видите од извонредната и мошне информативна веб страна на хрватското министерство за надворешни работи и европска интеграција на англиски односно хрватски јазик. Од одлучувачко значење за нашиот контекст е тоа што кај овој совет се прави обид, иако во скромен обем, за вклучување на граѓанското општество во процесот на преговарање. Вп контекст на ова, потсетете се повторно на нашата мостра за анализа, во која општеството игра значајна улога на ниво на националната држава. Статус на преговорите Така, дојдовме до петтиот дел на главата за преговорите за пристапување помеѓу ЕУ и Хрватска, имено до статусот на преговорите. Преглед на досегашните етапи во преговорите тука не е потребен, бидејќи тие се до минута детално документирани, започнувајќи од 3 октомври 2005 година до денес, на веб страната на хрватското министерство за надворешни работи и европска интеграција на англиски и хрватски јазик. Имајќи ја предвид оваа обемна, беспрекорна понуда би имало малку смисла, тука уште еднаш да се запишат, таму веќе, опфатените етапи од процесот на преговарање. Покрај тоа, таму на располагање стои еден постојано ажуриран документ во PDF формат (Progress in EU-Croatia negotiations at a glance), кој во табеларна форма дава детален преглед на актуелната состојба во преговорите по сите 35 глави (состојба на подготовка на текстот: 11.10.2006). До овој документ можете да стигнете доколку појдете на почетната страна во десната колона и под насловот „Overview of Progress in Negotiations“ кликнете на линкот „Current state of play“. Аналогно можете да постапите и доколку ја посетите почетната страна на хрватски јазик.
Така, дојдовме
до последниот дел од нашата обработка на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна
Европа и до преговорите за пристапување помеѓу ЕУ и Хрватска, каде го
набљудувавме овој процес уште еднаш, преку „очилата“ на нашата мостра за
анализа.
Што би биле
таквите прашања?
Дозволете ми, како пример, да наведам едно, имено зошто односите на ЕУ со
Хрватска се толку напреднати и зошто се водат преговорите за пристапување со
оваа земја веќе подолго од една година, додека помеѓу Босна и Херцеговина и
ЕУ не постои сеуште ниту Спогодба за стабилизација и асоцијација, а во овој
момент, во средината на декември 2006, со Србија воопшто не се ни преговара.
Првата причина sе крие зад факторите институционална рамка и уставно-правни одредби [1]. Тука Хрватска, поинаку отколку Србија или Босна и Херцеговина, успеа релативно рано (меѓународно признавање уште 1991) и јасно да ја определи својата (национална) државност и уште еднаш да ја зацврсти својата позиција како европска национална држава со донесувањето на нов устав во 2000 година. Ова, од гледна точка на Еу, е од големо значење, бидејќи една таква држава е и во состојба, да спровува реформи и обврски, кои се поврзани со подготовката за членство во Унијата, што ни одблиску не е случај со Босна и Херцеговина. Друга важна причина за напреднатите односи на Хрватска кон ЕУ претставуваат ставовите кон ЕУ [2] во земјата. Веќе кон крајот на 90-тите може да се констатира јасна желба на надвладувачко мнозинство на хрватското население, да живее во функционална демократија, како и сознанието, дека во тој контекст пристапувањето кон ЕУ е од витален национален интерес; една желба, која, меѓу другото, се најде и во форма на едногласно донесена декларација од страна на хрватскиот парламент во 2002 година (Chaillot Paper no. 70, October 2004, 27). Не зачудува фактот што овие ставови се инкорпорираа и во партискиот систем (институционална рамка, [1]). Така, изборниот пораз на Туѓмановата ХДЗ во 2000 година придонесе кон реформирање и под водство на Иво Санадер, да се даде нов профил, кој појасно се потпира на профилот на други конзервативни европски партии. Каква огромна разлика од националистичките партии во Босна и Херцеговина и Србија! А, кога Иво Санадер дојде на власт како премиер во јануари 2004 година, тој пред меѓународната заедница со доверба увери дека ќе го продолжи европскиот курс на претходната влада, меѓу другото и преку соработка со судот во Хаг. Да се дојде до толку висок степен на усогласување – подготвената листа не може и не треба да биде целосна од просторни причини, а и не би можела да ги објасни значајните фактори на национално ниво во Хрватска или веќе повеќепати темазираната посебна динамика во односите помеѓу ЕУ и Хрватска. За таа цел е потребен дополнителен поглед во нивото на Еу и во меѓународно ниво. Детерминанти во ЕУ Секако, детерминантите во ЕУ, а со тоа мислам нивото на ЕУ и нивото на државите-членки е мошне разновидно. Затоа, во вид на пример, ги сакал да се концентрирам на една точка, која повторно и мошне длабоко ги демонстрира влијанијата од интеракцијата на овие две нивоа со едногласноста како начин на одлучување по прашањата за проширување во рамките на ЕУ. Во конкретниот случај, на почетокот на октомври 2005 стана збор за одлуката за отворање на преговорите за пристапување со Турција. Претходно сите влади во принцип дадоа согласност за тоа, но на одлучувачката седница на министрите за надворешни работи на ЕУ, Австрија истрајно се противеше за носење на одлуката за формално отворање на разговорите. Позадината на ова беше: надвладувачкото одбивање за полноправно членство на Турција меѓу населението. Од друга страна Австрија, врз основа на тесните историски врски, беше јасен залагач за членство на Хрватска, со која преговорите беа одложени заради недоволната соработка со Меѓународниот суд во случајот на Анте Готовина. Опширни информации за овој процес како и позициите на различните дрќави-членки на ЕУ и ставот на хрватската влада можете да го најдете тука. Со оглед на барањето за едногласност, на Австрија во ваквата констелација и успеа, практично да го изнуди во вид на пакет-решение, истовременото започнување на преговорите со Турција и Хрватска (види и сликата [3] подолу). Ова исто така покажува, колку е енормно важно за еден кандидат за пристапување, во редот на државите-членки на ЕУ да има еден или дури и повеќе залагачи, нешто што не е случај со Босна и Херцеговина или Србија, барем не во таква јасна форма како во случајот со Хрватска. Заради комплетирање останува да се напомене дека ЕУ со својата политика реагира секогаш мошне брзо и директно на позитивните промени во Хрватска (2001: потпишување на Спогодба за стабилизација и асоцијација; јуни 2004: декларирање на Хрватска за кандидат за пристапување итн.), а со тоа, истовремено во вид на меѓусебно дејство, уште и го зацврсти развојот што упатува во насока на ЕУ [4].
Детерминанти
на меѓународно ниво
Резиме
Со ова
стигнавме до крајот на два информатора, чија цел беше, како дополнение кон
нашиот онлајн-учебник за Европската унија, поопширно да ве запознаеме со
една тематика, која од познати причини ви е многу блиска, имено односите
помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа. Притоа стануваше и станува збор, пред сè, за
тоа, да ви пренесеме темелно разбирање за определувачките фактори во овие
односи, кои ќе ве доведат во состојба, да можете самостојно да класифицирате
и оценувате минати, сегашни и идни развои. И се надеваме и веруваме, дека
мострата за анализа, која не придружуваше низ целиот овој информатор, може
да даде придонес кон тоа.
Едно од обележјата на ЕУ претставува фактот што Унијата се наоѓа во постојана, мошне брза промена. Затоа размислувавме, како можеме да ажурираме за новите развојни трендови, па изготвивме други онлајн-понуди што ни овозможуваат да ве упатиме кон навистина дневно-актуелни теми за новите, важни развојни трендови во ЕУ како и да ве упатиме кон интересна литература и извори и на тој начин да ви помогнеме во континуирано проширување и продлабочување на вашите знаења. Притоа, единствениот недостаток е тоа што, од трошковни причини, оваа услуга за жал можеме да ја понудиме само на нашите корисници што говорат германски, а делумно и на англиски. Како прво, тука го имаме веблогот за ЕУ, една континуирано ажурирана веб-страна, со која си поставивме за задача, потпирајќи се на искуството од нашите предавања и семинари за ученици, новинари и тренери, да дадеме придонес кон промовирањето и подобрувањето во пренесувањето знаења за ЕУ. Таму можете да најдете дискусии за актуелни случувања, упатства кон литература и извори и многу, многу други нешта. Т.н. „Labels“ на десната страна притоа ви помагаат, брзо да ги најдете информациите што вас лично особено ве интересираат. Коментирана листа на линкови за ЕУ
Листата на
линкови, која постојано се дополнува, во моментот опфаќа безмалку
250
извори, во
далеку поголем дел на англиски јазик.
Дозволете ми, накратко да ви објаснам, како можете најдобро да ја користите
оваа збирка на извори, која ја сложував со години наназад.
Доколку сакате да се информирате за нови развои во доменот на процесот на проширување, би морале да кликнете само десно на тагот „enlargementnews“ (1), тогаш во левиот дел од прозорецот ќе бидат прикажани само овие, во моментот, 45 извори. Ако сакате претходно да се информирате, за што станува збор, едноставно кликнете на „Expand“ (2), по што ќе се отвори поле со кратко резиме и, во многу случаи, посебни, дополнителни коментари од мене. Уште една предност на оваа збирка на адреси се состои во тоа што изворите се меморирани локално, на мојата сметка. Дури и изворите со вести, коишто повеќе не стојат на располагање онлајн или можат да се видат само по претходно плаќање, се достапни за вас покрај секој запис со само еден клик.
Тогаш, во полето едноставно ги внесувате таговите „constitution“ и „enlargement“, како што може да се види на слика 18, притоа софтверот дури ви помага со тоа што при притискање ви нуди избор на достапните тагови и кликнувате на „Search Tag“, а во долниот дел на прозорецот ги добивате токму оние извори, кои ги исполнуваат двата услова. На крајот, „Advanced Search“ ви нуди можност да извршите и најсложени пребарувања. Како вовед, ако сакате да дознаете, што има воопшто на интернет на извори за ЕУ, би ви го препорачал тагот „portals“. Во оваа категорија се собрани веб-страни, кои опфаќаат извонредно широка понуда за сите видови на извори за ЕУ, па оттаму и името „Portal“. Веб-страна за предавања во врска со ЕУ на Универзитетот Тибинген За крај, на располагање стои цело шаренило јасни информации на веб-страната за моите предавања во врска со ЕУ на Универзитетот Тибинген. Во тековниот зимски семестар 2006/07, на пример, во семинарот „ЕУ-интеграција“, се дава темелен вовед во предметот. Во документите што ви стојат тука на располагање, меѓу другото спаѓаат документи за семинарот, опширни презентации и материјали за делење на теми од одделни состаноци, кои можат да ви дадат мноштво идеи за ваша сопствена работа. Ви посакувам добра забава во сурфањето, пребарувањето и, пред сè, наоѓањето и за крај би сакал да дополнам, дека можете, секако, да стапите во контакт со нас за специјални прашања по е-пошта.
[кон
содржината] |