EDC информатор за Југоисточна Европа

___________________________________

Издание бр. 7 ноември 2006

Предговор на авторот

Драги колеги,

од 1999/2000 Д@далос се ангажира не само со својата онлајн-понуда за политичко образование за земјите од Југоисточна Европа, туку од тој момент и самиот e присутен и активен во регионот.

Затоа од многу манифестации и разговори знаеме, дека интересот за Европската унија е исклучително голем и дека постои недостаток на засновани, добро обработени материјали и документи по овој предмет, достапни на јазиците на земјите.

Од таа причина уште во август 2002 развивме онлајн-учебник за ЕУ и го ставивме на располагање на образовниот сервер.

 


 

Брзиот развој, којшто оттогаш го имаше ЕУ, ни даде за повод кој крајот на 2005 практично сосема одново да го напишеме тој онлајн-учебник, за да им излеземе во пресрет на бројните и длабоки промени. Така, од крајот на 2005 имате можност да добиете темелен и актуелен вовед за оваа важна и интересна, но истовремено и тешка тематика.

Приложеното издание на нашиот седми EDC информатор го презентира тој онлајн-учебник во своите темели и, во едно тематско тежиште, им се посветува на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа. Со ова тежиште ќе се занимава и овој информатор.

Со почит,

Проф. д-р Волфганг Шуман
 


СОДРЖИНА

edc специјал: Односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа

Овој прв дел, којшто ќе има свое продолжение во следниот информатор, во вид на преглед го прикажува развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа и ги именува важните инструменти на ЕУ. Тоа претставува основа за развивањето на аналитичката табела од следното издание ...


на веб: Онлајн-учебник за Европската унија

Ажурираната и преработена верзија на Д@далос-учебникот ви нуди не само основни информации за ЕУ, туку ви овозможува и самостојно да го анализирате актуелниот и иден развој ...


редакција

_________________________________________________


edc специјал

Односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа (I дел)

Проф. д-р Волфганг Шуман

За значењето на тематиката

Значењето на односите помеѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа е очигледно. Тоа резултира од мноштвото принципиелни проблеми од кои страда регионот, како на пример нерешените конституционални и статусни прашања (во Босна и Херцеговина и Косово). Други тешки проблеми и дефицити постојат во администрацијата и корупцијата, што доведува до тоа голем број земји од регионот да се сè уште многу оддалечени од ефективно и демократско владеење. Кон ова се придодава и, на многу места, катастрофалната економска состојба, со недостаток на странски инвестиции, висок степен на невработеност и сиромаштија.

Но, каква врска има ова со ЕУ? Зошто од тоа произлегува особеното значење на односите помеѓу ЕУ и регионот? Како прво, ова резултира од фактот што постигнатиот напредок, и покрај големиот број проблеми, кој го постигнаа земјите од Југоисточна Европа во последните 10 години, во значителен обем се сведува и на поддршката од страна на ЕУ. Како второ, ова произлегува од фактот што дури перспективата за приближување кон ЕУ и пристапување кон неа овозможија реализација на болни и макотрпни процеси на внатрешни реформи. Дотолку повеќе, како трето, се поставува прашањето, како може и како треба да продолжи Балканот во момент кога во актуелната дискусија (крајот на 2006) во ЕУ во моментот, во многу прилози се бара неодложно да се даде приоритет на внатрешното консолидирање во ЕУ, не примајќи притоа нови земји сè до неговото завршување.

Цели на прилогот

Значи има доволно причина за поблиско соочување со односите помеѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа. Сепак, во рамките на двата информатора на располагање стои само ограничен простор за оваа тематика, така што е неопходно да се направи грубо разграничување. Притоа се водев од целта, да ви пренесам барем темелно самостојно разбирање на сложениот склоп на односи како и на неговите важни определувачки фактори. Ова треба да ви овозможи да ги осознаете, како досегашниот така и актуелниот развој, не само како редослед на случувања, туку и да ги разберете позадината и причините, за да можете врз основа на тоа самите да си создадете слика.

Најпрво во овој информатор би сакал да ви дадам преглед на развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа од средината на 90-тите години до денес, крајот на 2006. Како прво, овој преглед служи за да стекнете првични сознанија за причините и позадината што влијаат врз ваквиот развој. Програмата изгледа вака:

·          развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа 1996-2004

·          односите на ЕУ кон поединечните земји од регионот 2004-2006

·          инструменти на политиката на ЕУ кон Југоисточна Европа

·          биланс: важни фактори на влијаење и определување

Во следниот информатор што ќе излезе набргу, ќе презентирам еден модел за анализа, следејќи го притоа овој биланс; моелот за анализа се обидува да ги опфати определувачките фактори на посистематски начин и така да ви помогне за да ги разберете уште подобро меѓусебните врски. Кон ова се придодава едно испитување на преговорите за пристапување помеѓу Хрватска и ЕУ, каде станува збор за два аспекта: од една страна како се стеснуваат односите во рамките на преговарачките процеси и какви последици има од тоа и, од друга страна, како можат да се испитаат тие преговори со помош на таквиот модел за анализа.

Развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа 1996-2004

1996 -
Процесот од Ројамон: стартната точка на ЕУ во насока кон стабилизација на регионот по војната беше т.н. Процес од Ројамон, којшто беше инициран од страна на француското претседателство во декември 1996 година, со цел за поддршка на имплементацијата на Дејтонските мировни преговори. Тој процес се концентрираше на поддршката на регионални проекти во областите: граѓанско општество, култура и човекови права, за да го мобилизира граѓанското општество со цел да помогне во намалување на предрасудите, коишто веќе долго време создаваа тензии во регионот.

1997 -
Регионален концепт: по ова следеше нешто многу поконкретно, т.н. Регионален концепт, кој беше донесен во април 1997 од Општиот совет и кој, од тој момент па натаму, ја даде рамката за билатералните односи на ЕУ со земјите: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Федеративна Република Југославија и Поранешна Југословенска Република Македонија.

Овој концепт во својата основа имаше мошне стриктна условеност и се концентрираше на прашања како враќање на бегалците, меѓуетничко помирување, регионална соработка и демократизација. Притоа одлучувачко беше тоа што таквите барања на ЕУ не беа проследени со ветување за можно членство, како што беше случај со државите од Средна и Источна Европа со копенхашките критериуми од 1993 година. Наместо тоа, беа предвидени подобрени трговски односи и финансиска помош доколку се исполнеа политички економски услови.

1999 -
Војната во Косово и Пактот за стабилност: војната во Косово како и нападите на НАТО врз Југославија од март до јуни 1999 година водеа до важни квалитативни промени во политиката на ЕУ кон земјите од западен Балкан. Откако САД и НАТО беа одговорни за воениот дел, беше јасно дека ЕУ требаше да води грижа за економскиот подем и за политичката стабилност во регионот.

Прв важен чекор во оваа насока претставува Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, обид на меѓународната заедница на држави, за поврзување и координација на напорите за мир на Балканот. За првпат овој Пакт значеше опширно, активно приоѓање кон проблемите на регионот.

1999 -
Процес на стабилизација и асоцијација: Пактот за стабилност беше дополнет од страна на ЕУ со уште еден, за земјите од регионот далеку поважен, инструмент т.н. процес на стабилизација и асоцијација (САП), којшто значително го прошири регионалниот концепт, кој дотогаш се наоѓаше во основата.

Притоа, ЕУ им нуди на односните земји нов вид на договорни односи - спогодбите за стабилизација и асоцијација (ССА). Тие се подготвени имајќи ги предвид соодветните односи во поединечните земји, а моментот на започнување на преговорите за овие спогодби е различен, зависно од тоа во која мера поединечните земји ги исполнуваат соодветните услови. САП треба да биде важен фактор на придонесот на ЕУ кон Пактот за стабилност за Југоисточна Европа - така стои во извештајот на Комисијата при претставувањето на новиот инструмент. Централни елементи на САП се:

·         склучување на ССА со перспектива за пристапување

·         воспоставување на економски и трговски односи

·         зголемување на економската и финансиската помош

·         поддршка на демократизацијата, граѓанското општество и образованието

·         соработка во областа на судството и внатрешните работи

·         интензивирање на политичкиот дијалог

2000 - Загрепскиот самит: натамошен чекор во развојот на односите помеѓу ЕУ и западниот Балкан е направен во 2000 година. Со неизбирањето на туѓмановата ХДЗ во јануари во Хрватска како и поразот на Милошевиќ на изборите во Федеративна Република Југославија и победата на ДОС со Коштуница, најпрво од темел се изменија внатрешно-политичките констелации во двете односни земји.

Завршната декларација на самитот во Загреб од ноември 2000, која, впрочем, уште на самиот почеток ги нагласува овие две случувања, експлицитно потврдува дека кај, во тоа време, петте земји од западен Балкан се работи за потенцијални кандидати за пристапување (!) и го најавува воспоставувањето на специјален нов инструмент за помош за регионот - КАРДС (CARDS - Community Assistance for Reconstruction, Democratization and Stabilization), кој треба да биде опремен со 4,6 милијарди евра за периодот од 2000-2006 година.

2003 -
Самитот во Солун: друг значаен напредок во односите донесува Самитот во Солун во јуни 2003 година како и „Солунската агенда за западниот Балкан“ што се засноваше на неа. Притоа, меѓу другото, беше договорено склучувањето на т.н. европски партнерства (според примерот на пристапните партнерства со земјите од Средна и Источна Европа), зголемување на средствата за КАРДС и интензивен политички дијалог преку годишни средби на министрите за надворешни и внатрешни работи.

2004 -
Први европски партнерства: кон крајот на март 2004 година од страна на Комисијата беа одобрени првите европски партнерства за државите од западен Балкан. Тие се ориентираа според пристапните партнерства, со кои дотогаш земјите беа подготвувани за пристапување кон ЕУ. Партнерствата се потпираат и на годишните извештаи за државите од западен Балкан, објавени во март 2004 година.

Тие се подготвени според посебните потреби на секоја земја и содржат краткорочни (12-24 месеци) и среднорочни приоритети (3-4 години). Со партнерствата, владите треба да се поддржуваат да ги концентрираат своите реформски напори и расположивите средства во оние области во кои потребата е најголема.

Од надлежните служби за возврат се очекува да поднесат детален план за имплементација на приоритетите на европското партнерство, кој содржи конкретни мерки и временски план и од кој произлегува кои кадровски и финансиски ресурси треба да бидат ставени на располагање за претстојните задачи. Приоритите на европските партнерства ќе бидат од клучно значење и за финансиската поддршка на овие земји од страна на ЕУ.

Односите на ЕУ кон одделни земји 2004-2006

Бидејќи со воведувањето на инструментот за европски партнерства процесите на приближување помеѓу ЕУ и земјите од западен Балкан мошне силно се „билатеризираа“, немаше многу смисла, развојот во годините помеѓу 2004 und 2006 и понатаму да се следи прекугранично. Од овој момент е многу понеопходно, во кратки резимеа и мошне конкретно, да ги погледнеме суштинските етапи на соработката помеѓу ЕУ од една страна и одделните земји од друга страна.

Во овој преглед би сакал да ги вклучам: Албанија, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора. Во овој дел нема да биде обработена Хрватска, бидејќи со оваа земја ќе се занимаваме во следниот информатор, а во контекст на преговорите за пристапување, коишто почнаа да течат од крајот на 2005 година. Исто така, предвид не е земена ниту Поранешната Југословенска Република Македонија, која уште во април 2004 година има склучено ССА со ЕУ и веќе од декември 2005 официјално спаѓа во кругот на кандидати за членство.

Конечно, Косово, со својот посебен статус и во моментот водените разговори за иднината на регионот, претставува исклучително комплициран специјален случај, чија анализа не би дозволила поголеми заклучоци, поради што би сакал да не ја земам превид во нашиот контекст.

Развојот на односите Албанија-ЕУ

Да го започнеме нашиот мал преглед со Албанија. Најважните податоци се:
 


 
  • 2003 - Започнување на преговорите за ССА
     
  • 2004 - Одлука на Советот за водичите на Договорот за европско партнерство
     
  • 2005 - Одлука на Советот за прилагодувања на Договорот
     
  • јуни 2006 – Потпишување на ССА во Луксембург
     
  • До влегување во сила на ССА по ратификацијата важи привремена спогодба

Од 2001 година Албанија добива финансиска поддршка, пред сè, преку КАРДС програмата. Помеѓу 2001 и 2004 година преку оваа програма влегоа безмалку 188 милиони евра, од 2005 до 2006 - 87 милиони. Важно да се спомене е дека со ЕУ/албанската советодавна „Task Force (претседателство на Советот, Комисијата и албанскиот министер за европска интеграција) на располагање стои една лабава институционална рамка, која се среќава повеќепати годишно и заседава за напорите и напредокот на Албанија во областите: судство, слобода и (внатрешна) безбедност.

Развој на односите БиХ-ЕУ

Да преминеме на Босна и Херцеговина која во ноември 2005 година ги започна разговорите за ССА со ЕУ. Други важни етапи во 2006 година беа посетата на Баросо во февруари, како и втората и третата рунда разговори за ССА во мај и кон крајот на јули.
 

  • 2003 - Комисијата ги презентира предусловите за започнување на преговорите за ССА
     
  • 2004 - Европско партнерство за БиХ
     
  • 2005 - Отворање на преговорите за ССА
     
  • 2006 - Прилагодување на европското партнерство; прва мониторинг-средба
     
  • Барања на ЕУ за внатрешни реформи пред ССА


Покрај тоа, важно за нашиот контекст е што текот на преговорите за ССА практично низ целата година беше проследен со барања на ЕУ и на Шварц-Шилинг за спроведување на внатрешни реформи како предуслов за склучување на ССА. Притоа теми секогаш беа реформите во полицијата, уставните реформи со јакнење на нивото на целата држава, реформите во образованието итн.

Развојот на односите Србија-ЕУ

Бидејќи Србија и Црна Гора до референдумот во мај 2006 година беа обединети во една унија, развојот на односите со ЕУ мора, се разбира, да се набљудуваат заеднички. На почетокот на овде набљудуваниот период се наоѓаат склучувањето на европско партнерство, коешто беше прифатено од Советот на министри во јуни 2004 година како и планот за спроведување на ова партнерство, кој властите на Србија и Црна Гора го поднесоа во декември 2004 година.

Во април 2005 Комисијата поднесе извештај во кој потенцираше дека ја смета Унијата за доволно подготвена за започнување преговори за ССА, кои и започнаа во октомври 2005 година. Сепак, кај овие преговори постојано доаѓаше до сопирања, бидејќи соработката на Србија и Црна Гора со Меѓународниот трибунал во Хаг, според ЕУ, не беше доволна.
 

  • 2004 - Европско партнерство на ЕУ со Србија и Црна Гора
     
  • 2005 - Започнување на преговори за ССА
     
  • јануари 2006 - Прилагодување на европското партнерство
     
  • мај 2006 - Одложување на преговорите за ССА
     
  • мај 2006 - Посета на Рен во Белград
     
  • јуни 2006 - Контроверза ЕУ-Коштуница


Кон крајот на јануари 2006 дојде до модификација на Европското партнерство, во која, меѓу другото, како клучни приоритети беа наведени соработката со Хаг и интензивираниот дијалог со Приштина. Бидејќи соработката со Хаг, според гледиштето на ЕУ не беше задоволителна на почетокот на мај ЕУ ги одложи преговорите за ССА.

При својата прва посета во Србија по референдумот од крајот на мај 2006, ЕУ-комесарот за проширување Оли Рен стави јасно до знаење дека вратата за Србија за продолжување на преговорите за ССА е отворена, под услов Младиќ да биде испорачан во Хаг. Во изработка беше нов мандат за преговори со Црна Гора како и еден преработен мандат за Србија.
До ново, остро соочување дојде кон крајот на јуни поради критиката на Коштуница кон политиката на ЕУ за постојаното поставување на нови услови.

И пред изборите од 21 јануари 2007 година Хавиер Солана повторно појасни дека соработката со Меѓународниот трибунал претставувала conditio sine qua non за продолжувањето на разговорите за ССА.

Развојот на односите Црна Гора-ЕУ

Само неколку месеци по референдумот за независност на Црна Гора, логично е да има малку што да се каже за развојот на односите. Сепак, важно е во воведот да се потсети дека ЕУ одржливо влијаеше врз начинот на гласање со својата настојчивост за 55% мнозинство.

Бидејќи овој услов беше исполнет, ЕУ по референдумот стави јасно до знаење дека го признава резултатот и дека ќе подготви одделни преговори со Црна Гора за ССА. При својата прва посета на Подгорица по независноста кон почетокот на јули 2006 година, Рен изјави дека го очекува (повторното) започнување на преговорите за септември.

На 24 јули беше донесен новиот мандат од страна на Советот на министри. На 27 јули генералниот директор надлежен во ЕУ за односите со западниот Балкан, Рајнхард Прибе, најави во разговори во Црна Гора дека Комисијата има намера да отвори канцеларија во земјата во септември.

И навистина разговорите за ССА продолжија кон крајот на септември, а и текот на последните избори беше оценет од страна на ЕУ дека е во согласност со меѓународните стандарди. Значи сосем е можно да дојде до релативно брзо потпишување на ССА. Сепак, ЕУ-комисијата гледа значителна потреба од дејствување, меѓу другото, во јакнењето на институциските капацитети на земјата
.
 

Инструменти на политиката на ЕУ кон земјите од Балканот

КАРДС

Со одлука на Комисијата (EC) No 2666/2000, во декември 2000 година беше воспоставен КАРДС. Целта на програмата е да се поддржи учеството на земјите од западен Балкан во процесот на стабилизација и асоцијација. Во рамките на програмата во периодот 2000-2006 беа и се трошат безмалку 5 милијарди евра со цел за остварување на четири надредени цели:

·         реконструкција, демократска стабилизација, помирување и враќање на бегалци;

·         развој на институционално и законодавно ниво, вклучувајќи и хармонизација со нормите на ЕУ со цел за унапредување и зацврстување на демократијата, човековите права, граѓанското општество, медиумите и слободната пазарна економија;

·         одржлив економски и социјален развој, вклучувајќи и структурни реформи;

·         промовирање на потесни односи и на регионална соработка помеѓу земјите од регионот и ЕУ.

Сево ова звучи многу апстрактно, но зад тоа се наоѓаат голем број конкретни проекти во одделните земји по однос на одделни области, коишто можете да ги погледнете на страната на Комисијата со преглед.

Се разбира, покрај конкретните проекти на КАРДС, интересни се и агрегираните бројки, коишто влегоа и влегуваат во регионот преку програмата и во одделните земји. И по однос на ова на интернет можете да најдете
преглед, и тоа комплетен увид за годините 2000-2006, класифициран по земји, којшто покажува дека не станува збор за сосем незначителни износи.

Европски партнерства

Да преминеме на уште еден инструмент на политиката на ЕУ кон земјите од западен Балкан - европските партнерства (ЕП) воведени во март 2004 година. Станува збор за тоа, дека во тој момент ЕУ се одлучи да ја примени истата стратегија кон земјите од западен Балкан како и претходно за новите земји-пристапнички. Тоа значи дека проширениот процес на стабилизација и асоцијација ја задава надредената рамка за приближување на земјите од западен Балкан кон Унијата, сè до идното пристапување.

ЕП, коишто во конкретниот случај се прилагодуваа на соодветните потреби, ја исполнуваат намената, да им пружат помош на земјите од западен Балкан, за да може да се изврши подготовката за евентуално пристапување во една редоследна и кохерентна рамка. Понатаму, тие ја нудат рамката за изготвување на акциони планови, кои располагаат со временски планови за реформите што треба да се спроведат и во кои прецизно се дефинираат средствата, кои земјите планираат да ги вложат за да ги исполнат условите за појака интеграција кон Европската унија. Придружувачкото набљудување на овие партнерства примарно се врши преку годишните извештаи за процесот за стабилизација и асоцијација.

Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА)

Кај овој инструмент морам да бидам малку поопширен. Мошне општо, станува збор за еден договор помеѓу ЕУ и трета земја, кој ја покрива рамката за идната соработка. Типично е што ЕУ склучува такви договори, добивајќи признанија од третата земја за спроведување на промени и реформи по политички, економски и трговско-политички прашања како и во областа на човековите права. За возврат на тоа, ЕУ доделува слободен пристап до пазарите на ЕУ и/или финансиска или техничка помош. Таквите договори мораат да бидат ратификувани од страна на сите држави-членки на ЕУ.

Актуелно тие се употребувааат во два сосем различни контексти, и тоа е за нас централниот аспект. Од една страна во т.н. политика со соседството –  тука не е предвидено пристапување. Од друга страна, како дел од процесот на стабилизација и асоцијација со земјите од западен Балкан, кај кои спротивно отколку кај првите, станува збор токму за подготовка за пристапување.

Оваа темелна разлика во зацртаната цел се покажува, впрочем, и во институционалното всадување на двата процеса во ЕУ. За земјите од западен Балкан, со кои се потпишуваат ССА, во кои експлицитно се содржани и регулативи за идно членство, надлежна е генералната дирекција „Проширување“, додека за политиката со соседството  надлежна е генералната дирекција „Надворешни односи“.

Инструмент за предпристапна помош (ИПА)

Последниот инструмент сè уште не постои; но соодветна уредба е прифатена од страна на Комисијата на 17.07.2006 и ќе влезе во сила на 01.01.2007. Станува збор за т.н. инструмент за предпристапна помош, кој ги заменува досега паралелно постоечките програми PHARE, ISPA, SAPARD, инструментот за предпристапна помош на Турција како и CARDS.

Зошто ИПА како нов инструмент? Паралелноста на, донекаде преклопувачките, програми, чии цели не беа усогласени ниту меѓусебно ниту, пак, со клучните политики на Унијата, се покажаа како мошне неефикасни, а постапките како мошне комплицирани и макотрпни. Токму овие недостатоци треба да се надминат и отстранат со ИПА, која од 2007 до 2013 година треба да биде опремена со 11,5 милијарди евра, две милијарди помалку од предлогот на Комисијата од 2004 година.

Што ќе се поддржува со ИПА? ИПА опфаќа пет компоненти (уредба на Комисијата (ЕЗ) бр. 1085/2006 од 17.07.2006, глава I, член 3, страна 4):

·          преодна помош и формирање институции,

·          прекугранична соработка,

·          регионален развој,

·          развој на човечки ресурси,

·          рурален развој,

при што последните три им стојат на располагање на земјите-кандидати, но не им стојат на располагање на потенцијалните земји-кандидати од Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово. Некои стравуваат дека на тој начин ќе се создаде значително зголемување на диспаритетите помеѓу кандидатите и потенцијалните кандидати, што нема да оди во полза на и онака останатите! Исто така и сосем новите начини за поднесување барање можат да доведат до тоа некои администрации да не бидат во можност да ги повикаат расположивите средства без потешкотии.

Биланс: Како може да се сумира и објасни развојот?

Пристап? - Не!, Да!, И да и не!?

Овој краток преглед на развојот на односите помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа имаше за цел да ви ги приближи важните етапи и факти, но даде и неколку сознанија. Така, на пример, повеќепати забележавме навистина длабоки промени во политиката на ЕУ. Најпрво, во рамките на регионалниот концепт не постоеше перспектива за пристапување за земјите од Југоисточна Европа. Но, само две години подоцна, со процесот на стабилизација и асоцијација, наеднаш повторно се зеде  предвид оваа перспектива, а во моментот се чини дека таа повторно се турка во далечна иднина.

Различни брзини на приближување кон ЕУ

Потоа можевме да констатираме дека брзината на приближување на одделните земји кон ЕУ значително се разликува. Со Хрватска веќе од пред една година се водат преговори за пристапување; Албанија, со склучената Спогодба за стабилизација и асоцијација ова лето, сепак располага со цврста договорна рамка за односите; Босна и Херцеговина сè уште преговара за тоа, додека со Србија во моментот не се водат преговори за ССА. Сево ова наметнува голем број прашања.

Позадини и причини први сознанија

Прегледот на односите доведе до упатства за можните позадини. Така, се чини на пример, дека војната во Косово придонесе до повторно размислување од страна на ЕУ и тоа во насока на тоа на земјите од регионот сепак да им се отвори перспектива за пристапување. Внатрешно-политичките промени во одделните земји, како на пример во Хрватска и Србија во 2000 година, се чини дека ја охрабрија ЕУ да лансираат програма од типот на КАРДС. Сепак, овие упатства остануваат само пунктуални и несистематски.

Затоа, наша прва задача во следниот информатор ќе биде да размислиме за една мостра за анализа на овој комплекс на односи помеѓу ЕУ и Југоисточна Европа, понатаму истиот да го развиваме и, во следен чекор, да го применуваме. Освен тоа, би сакал да ви покажам како се презентираат тие односи, кога стануваат потесни, во нашиот случај помеѓу Хрватска и ЕУ, како и на кој начин во тој случај нашата мостра може да помогне за да го задржиме прегледот.

[кон содржината]
_________________________________________________


на веб

Онлајн-учебник за Европската унија

Кон крајот на 2005 година, онлајн-учебникот за Европската унија на www.dadalos.org беше комплетно преработен и ажуриран. Во рамките на тематското тежиште „ЕУ и Југоисточна Европа“ сакаме да ви ја презентираме оваа нова верзија, којашто од почетокот на 2006 година стои на располагање на сите јазици на Југоисточна Европа.

Цел на онлајн-учебникот е, да се пренесе способноста за самостојно анализирање и оценување на развојот во ЕУ. Тоа не е сосем едноставно, бидејќи ние, во случајот на ЕУ каде станува збор за еден сосема нов предмет, не можеме да се повикаме на познати модели (национална држава, меѓународна политика) и поими (влада, парламент итн.). Но, ова е особено важно со оглед на посебната сложеност на ЕУ и на фактот што Унијата се наоѓа во постојани, мошне брзи промени.

И токму во таа точка, во споредба со првата верзија од август 2002 година, презедовме значајни подобрувања, со тоа што, на пример, во основен курс 3, или во новиот основен курс 5, којшто се занимава со проширувањето, даваме едноставни модели, кои треба да ве доведат до тој стадиум.

Преглед на структурата на учебникот можете да добиете, ако ја погледнете сликата со прегледот, која ја ставивме на располагање како помош во навигацијата за секој од онлајн-учебниците на Д@далос: ... кон сликата

Онлајн-ресурсот е структуриран во пет основни курса, кои се појаснети подолу:

  • Основен курс 1 воведува во тематиката и ги објаснува потешкотиите и барањата како и придобивката од занимавањето со ЕУ.

  • Во основните курсеви 2 и 3 не се работи едноставно за „историјатот“ на ЕУ, туку за продлабочена анализа на процесот на интеграција. Со долгорочната перспектива, која постои во основата, стануваат препознатливи суштинските определувачки фактори, коишто помагаат во објаснувањето на напредокот и на кризите во минатото како и на оние од сегашноста и иднината. Во таа смисла, таа води токму кон она самостојно разбирање за кое претходно стана збор.

  • Предмет на основен курс 4 претставува комплексниот институционален склоп на ЕУ, кој детално се објаснува со помош на бројни слики.

  • Завршниот основен курс 5 е посветен на темата што несомнено е особено интересна во регионот - проширувањето. Овде, со помош на еден едноставен модел, правите обид да ги испитате и објасните досегашните кругови на проширување во нивниот тек и резултат. Истовремено, в раце добивате инструмент, за да можете да ги разберете и оцените актуелните процеси, како на пример актуелните преговори помеѓу Хрватска и ЕУ.

Сè на сè, овој онлајн-учебник ви нуди можност, самите да се информирате за ЕУ и да усвоите темелно разбирање на овој комплексен предмет, со што ќе можете да класифицирате и оцените актуелни и сегашни развојни состојби. Но покрај тоа, тој ви дава и идеи за тоа како оваа тема може да биде предавана на училиште, кај образование за возрасни или на семинари.

[кон содржината]
_________________________________________________


редакција

Овој информатор се издава од Д@далос Сараево и е финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи во Берлин и Сојузното министерство за економска соработка (БМЗ).

Одговорен за редакција: Ингрид Халбритер

Д@далос Сараево
Алеја Липа 57
71000
Сараево
Телефон: +387 33 446 680
Факс: +387 33 715 601
Мобилен на Ингрид Халбритер: +387 61 199 742
Е-пошта: Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Прилози или предлог-теми како и повратни информации испраќајте директно на Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Мејлинг листа: доколку сакате да го добивате овој информатор автоматски, ве молиме испратете порака на Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Доколку сте го добивале овој информатор автоматски, а тоа повеќе НЕ го сакате во иднина, ве молиме испратете исто така една кратка порака на истата адреса.

[кон содржината]

[нагоре]