EDC информатор за Југоисточна Европа

___________________________________

Издание бр. 6,  август 2006

Предговор на издавачката

Почитувани колеги и колешки,

со сигурност веќе си го поставивте прашањето, зошто веќе неколку месеци немате добиено EDC информатор. Причината за тоа е што дури доцна напролет ја добивме потврдата за финансирање од нашиот донатор, а потоа имавме толку многу работа, така што шестото издание е завршено дури сега. Како и да е, нθ радува што оваа година можеме да ви понудиме три нови изданија.

Како тема за ова специјално издание ја избрав „Вода“, бидејќи за време на вашиот летен одмор сигурно сте биле во контакт со оваа тема од различни перспективи. Жешко е, човек станува многу жеден, сака да се тушира почесто, да плива во море, в река или езеро. Можеби сте биле и на некое место за одмор, каде одеднаш ја исклучиле водата, бидејќи ја немало доволно..

 

 

 

Сега ќе прашате: Каква врска има ова со образованието за демократија? Е па, многу повеќе отколку што се претпоставува на прв поглед! Темата „Вода“ претставува важна тема, па дури и голема политичка тема! Водата е основа за животот на секој и еден од најголемите проблеми е тој што неа ја нема доволно, а освен тоа е распределена и мошне неправедно.

Значи, ве поканувам да се занимавате малку со оваа тема, за која по мое мислење и е потребно посебно место во образованието, бидејќи свеста за проблематиката со водата сθ уште е многу мала.

Мошне срдечно би сакала да се заблагодарам на нашиот практикант-волонтер Елина Шток, која ја подготви оваа тема за вас и го напиша овој информатор.

Најсрдечно ве поздравувам и ви ги испраќам моите најубави желби за почетокот по летната пауза!

Ингрид Халбритер
 


СОДРЖИНА

edc специјал: Во недостаток, нееднакво распределена и тешко изборена: водата – неизбежна образовна тема за одржлив развој

На почетокот на 21 век од страна на голем дел од јавноста речиси незабележливо се заостри светската криза за вода. Со континуираниот пораст на населението, последиците од климатските промени и неодговорниот однос со ресурсот вода, во многу региони доаѓа до масивно ширење на недостатокот на вода. Време е да се соочиме со оваа проблематика, нејзините причини и последици и, секако, со можностите за солидарно дејствување.


на веб: Листа со линкови на тема „Вода“

Тука се претставени кампањи и извештаи на меѓународни организации во врска со проблематиката со водата како и кампањи и извештаи на неколку невладини организации, коишто се занимаваат со оваа тема. Освен тоа, има упатства кон веб страни со дидактички материјали на оваа тема.


редакција

_________________________________________________


edc
специјал


Во недостаток, нееднакво распределена и тешко изборена: водата – неизбежна образовна тема за одржлив развој

Елина Шток, M.A.

Без вода нема живот. Луѓето, животните и растенијата се зависни од природниот водниот циклус на земјата. Но, овој циклус, условено од постојаниот прираст на населението, растечката потрошувачка на залихите на слатки води, нивното растечко загадување како и како последица на глобалното климатско затоплување, сθ повеќе излегува од рамнотежа. Се натрупуваат информации за поплави и катастрофи предизвикани од суши, а бројот на земји со значителни проблеми со вода рапидно се зголемува. Според податоци од Обединетите нации, во 2025 година секој трет човек би можел да страда од акутен недостаток на вода. Веќе денес 1,1 милијарди луѓе, една шестина од светското население, немаат пристап до чиста вода за пиење. 2,6 милијарди луѓе не располагаат воопшто или располагаат со недоволно санитарни системи. Секој ден умираат повеќе од 6.000 луѓе (од нив 4.000 деца на возраст под пет години!) од заболувања од пролив и инфекции, кои се сведуваат на загадена вода за пиење, отстуство на системи за одведување отпадни води или постоење на такви системи со недостатоци.

Без вода нема развој. Пристапот до чита вода за пиење како и достапноста на вода за производството на храна претставуваат основни предуслови за социјален и економски развој. Доколку водата е достапна само во недоволни количини и со недоволен квалитет, тоа има и гравирачки последици по можностите за индивидуалниот и општествениот развој. Започнувајќи од лошата здравствена состојба на оние, кои мораат да пијат загадена вода, преку загубата на работно време и на време за школското образование на жените и девојчињата, кои влечат вода со повеќечасовни „маршови“, па сθ до гладувања заради занемарливи или воопшто никакви жетви.

Пристапот до вода е регионално и социјално распределен мошне нееднаков. Додека најголемиот број земји на Северот се обилно снабдени со овој животно важен ресурс, земјите од Југот пред сθ патат од недостаток на вода. Истовремено помеѓу земјите, кои имаат недостаток на водни залихи, доаѓа до растечка конкуренција за распределбата на драгоценото добро: додека добро стоечките „пливаат во вода“ во буквална смисла на зборот, сиромашните слоеви од населението едвај да можат да си ги покријат своите потреби и се заробени во еден „ѓаволски круг“ од недостаток на вода, сиромаштија, глад, болест и смрт. Ова зајакнато води до бегства, а во бројни региони и до затегнатости и конфликти. Со оглед на брзиот прираст на населението и на растечката потрошувачка на вода ќе дојде до заострување на борбата за распределба помеѓу градот и селото како и помеѓу државите, кои располагаат со заеднички водни ресурси. Водата стана воена опасност. Се прогнозира дека по 50 години, , водата би можела да биде повредна од златото и стратешки поважна од нафтата.

На почетокот на 21 век меѓународната заедница на држави е конфронтирана со сериозна водна криза, во чија експлозивност не се сомнева првиот извештај на Обединетите нации за развојот на светските води од 2003 година: „Од сите кризи по однос на социјалните и природните ресурси … водната криза е онаа, која најмногу го загрозува нашето преживување и преживувањето на нашата планета земја.“ На овогодишниот светски дена на водата, 22 март, Светската организација презентираше втор извештај со наслов „Водата – заедничка одговорност“, а со тоа ја подвлече и итноста на глобланиот проблем со водата во поглед на одржливиот развој. Двата извештаја се достапни на интернет на следниот линк: http://www.unesco.org/water/wwap/wwdr/index.shtml

Заедничка одговорност претставува едно добро мото, бидејќи кога станува збор за иднината на нашата планета, одговорни сме сите ние заедно – како светско општество. Додека на политичките институции им се наметнува задачата, да создадат адекватни рамковни услови за одржлив развој, задачата на образовните институции е да создадат свест за одговорно постапување со природните ресурси на земјата како и за еколошки подносливо обликување на нашиот свет на живеење (види и EDC информатор бр. 4).

Имајќи го ова предвид, се чини дека е неизбежно на училиште поинтензивно да се занимаваме со темата „Вода“. И навистина: таа се спомнува во многу наставни планови, независно дали во посебни предмети или како тема-пресек. За жал, честопати има недостатоци во спроведувањето, коешто, како и честопати, се должи на тоа што постојат премногу малку финансиски и кадровски ресурси и недостасуваат соодветни материјали за наставата. Но, една друга причина е и тоа што кризата со вода сθ уште е премногу малку навлезена во свеста на наставниците и учениците. Од овие причини сумирав неколку информации, кои даваат мал увид во комплексното тематско поле и кои, се надевам, ќе мотивираат за тоа, проблемот со водата сθ повеќе да станува тема во вашиот образовен домен.

Сината планета …
Гледано од вселената, земјата ни се чини како сина планета. 71 процент од неа е покриен со вода, од кој поголемиот дел се наоѓа на јужната полутопка. Од вкупните водни ресурси, околу 1.386 милиони километри кубни, или дури 96,5 проценти отпаѓаат на солената вода на светските мориња. Само 3,5 проценти од копнената вода се погодони како слатка вода и вода за пиење, за наводнување во земјоделството или за индустриски цели. Најголемиот дел слатка вода е, пак, врзан во мразот на половите, во глечерите и во трајно замрзнатите полиња. Еден друг важен дел претставува подземната вода. Водата од реките и  езерата, од атмосферата, од почвата и од живите организми е во споредба безначајна. Само еден занемарлив дел од слатката вода, околу 0,3 проценти, е расположив како вода за пиење. Доколку водните залихи во светот би имале место во една када, тогаш делот, кој може да се користи трајно во една година, едвај може да наполни една чајна лажичка.

… и нејзиниот загрозен живот
Иако залихите на слатка вода претставуваат само еден процент од површината на земјата, во нив се наоѓаат 12 проценти од сите животни видови, вклучувајќи 41 процент од сите познати видови риби. Колку и да се богати реките и езерата со видови, тие се екстремно изложени на влијанија од животната средина. Преку една петтина од сите видови риби во слатки води се изумрени во последните години или се загрозени од изумирање, а во некои региони се исчезнати цели фауни од слатките води. „Црвената“ листа на загрозени животни и растителни видови, која се објавува од Меѓународната унија за заштита на природата и природните ресурси (International Union for Conservation of Nature and Natural Resources), расте сθ повеќе и повеќе (
http://www.iucnredlist.org)!

Кога станува збор за тоа, колку слатка вода им стои на располагање на луѓето, тука не се вбројува целокупната количина на слатка вода на земјата, туку брзината, со која се надополнуваат залихите на слатка вода преку глобалниот воден циклус. Меродавни за еден одржлив развој се, значи, т.н. обновливи ресурси на слатка вода, кои паѓаат на земјата во форма на врнежи. Имено, доколку од подземните води и од езерата се иззема повеќе вода отколку што се надополнува преку дождот, таквите извори подолгорочно ќе пресушат. Еден таков пример е Аралското езеро, чиј волумен од 1950-тите се намали за 80 проценти, бидејќи од притоките била земана премногу вода за наводнувачките системи на земјоделството.

… и нејзиниот воден циклус




Сонцето го придвижува водниот циклус. Преку испарување, пред сθ на морската површина, водата стигнува како воздушна влажност во атмосферата. Притоа топлиот воздух може да прими повеќе влажност од ладниот воздух. Кога топлиот воздух се качува, тој се изладува и се кондензира. Се формираат облаци, од кои излегува вода во форма на дожд, снег или град, а која паѓа назад на земјината површина. Еден дел се изврнува врз морињата, а друг дел стигнува преку копното и паѓа врз него. Додека едниот дел од таа вода испарува од невегетативната површина (евапорација), другиот дел навлегува во земјината почва и стигнува преку транспирацијата на растенијата повторно во земјината атмосфера (сумирано: евапотранспирација). Преку истекувањето на подземната вода, потоците и реките врнежите повторно стигнуваат во морињата.

Годишно на континентите и островите на земјата паѓаат врнежи во просек од околу 113.000 km³. Од нив околу 72.000 km³ испаруваат во атмосферата. Значи остануваат годишно 41.000 km³, коишто можат да ги надополнат залихите на подземни води или преку реките или по друг пат да стигнат назад до морето. Повеќе од половината од тоа (28.000 km³) неискористено тече во морето при поплави, други 5.000 km³ течат низ области, каде водата само делумно може да биде разгранета за човекови потреби. Така горната граница на корисна, обновлива количина на слатка вода изнесува помеѓу 9.000 и 14.000 km³ годишно. А значаен дел од тоа е неопходен за одржување на природните екосистеми.

Достапност, недостаток и оскудност на водата

Иако водата постојано се обновува преку горенаведениот циклус, таа претставува ограничен ресурс. Можноста за отсолување на морската вода разбуди надежи дека светските мориња можат да се користат како неисцрпен извор на слатка вода; сепак, оваа техника е и останува скапа, ја оптоварува животната средина и троши големо количество нафта, која исто така ја има сθ помалку.

Со растечки цифри за населението се намалува расположивото количество вода по жител. Со оглед на светското население од 6.6 милијарди, таквото количество кај просечна годишна количина изнесува од 1.500 до 2.000 m³ по лице. Тоа се 30 проценти помалку отколку во 1970, кога во светот живееле безмалку четири милијарди луѓе. Со внимателно постапување со расположивата вода тоа количество би било и денес доволно за сите, теоретски дури и за 20 милијарди луѓе. Сепак, природните водни залихи се нееднакво распределени, бидејќи дождот и другите врнежи паѓаат нередовно, како по однос на времето така и по однос на регионите.

Во некои области на оваа земја редовно врнат огромни количини, како на пример на пацифичките острови (годишно до 11.500 мм во Кануаи, Хаваи) или места во Индија (Черапунџи, годишно 11.477 мм). Во сувите предели, пак, едвај има врнежи (Лима: 41 мм; Ел Голеа во Алжир: 50 мм; Картум во Судан: 160 мм), а постојат области како пустината Атакама во Чиле, каде фактички никогаш не врне.

Како мерило за расположивоста на вода за една земја или ирегион се употребува годишното обновливо количество вода по лице. Во Швајцарија, водниот „замок“ на Европа, по жител годишно на располагање стојат 6.520 m³ обновливи ресурси со слатка вода; во Саудиска Арабија, една од најсиромашните земји со вода, само 160 m³. Во моментот преку половина милијарда луѓе живеат во земји, во кои има оскудност на вода или во кои владее недостаток на вода.

Поимите „оскудност на вода“ и „недостаток на вода“ се јасно утврдени на меѓународен план. Според дефиницијата на шведскиот хидролог Малин Фалкенмарк, недостаток на вода владее во земјите, чија расположива понуда на обновлива слатка вода изнесува помалку од 1700 m³ по жител годишно. Земјите, чија годишна понуда на вода е помала од 1000 m³ по жител, се погодени од оскудност на вода, која, пак, во случаи под 500 m³ се означува како екстремен. Во 1995 година веќе 12 земји страдаат од екстремна оскудност на вода, а тенденцијата е, аналогно со прирастот на населението, нагорна.

Дваесетте држави со најмала расположивост на вода, 1995

Земја

Население
(во илјади)

Вода во м³ по жител

Малта

367

82

Катар

548

91

Кувајт

1691

95

Либија

5407

111

Бахреин

557

162

Сингапур

3327

180

Барбадос

261

192

Саудиска Арабија

18255

249

Јордан

5373

318

Јемен

15027

346

Израел

5525

389

Тунис

8987

434

Алжир

28109

527

Бурунди

6064

594

Капвердски острови

386

777

Оман

2207

874

Обединети Арапски Емирати

2210

902

Египет

62096

936

Кенија

27150

1112

Мароко

26524

1131


Дваесетте држави со најмала расположивост на вода, 2050

Земја

Население
(во илјади)

Вода во м³ по жител

Либија

19109

31

Кувајт

3406

47

Катар

861

58

Малта

442

68

Саудиска Арабија

59812

76

Јемен

61129

85

Бахреин

949

96

Јордан

16671

103

Сингапур

4190

143

Барбадос

306

163

Оман

10930

177

Бурунди

16937

213

Израел

9144

235

Тунис

15907

245

Алжир

58991

251

Капвердски острови

864

347

Сомалија

36408

371

Руанда

16937

372

Кенија

66054

457

Египет

115480

503

Додека денес Блискиот и Средниот Исток како и Северна Африка се најмногу погодени  од оскудност на вода, по 50 години недостаток на слатка вода ќе има, пред сθ, во Африка, јужно од Сахара. Важна причина за ова е што тамошното население во овој период веројатно ќе се удвои, а можеби ќе се зголеми дури и за трипати.

Но, оскудност на вода не им се заканува само на земјите во развој, туку и на богатите индустриски нации како Шпанија, САД, Јапонија и делови од Велика Британија. Ова произлегува од еден актуелен извештај на WWF (World Wide Fund for Nature - http://www.panda.org). Еколошката организација настојчиво бара поштедлив и повнимателен однос кон водата – и со право: во индустриските земји дневно во просек се троши десет пати повеќе вода отколку во земјите во развој. Поконкретно: во Северна Америка и Јапонија дневната потрошувачка на вода по жител достигнува 350 литри, а во Европа човек троши во просек по 200 литри вода дневно. Наспроти ова, луѓето во регионот на Субсахара мораат во најголем дел да ја покриваат својата основна дневна потреба (пиење, јадење, перење) со 10 до 20 литри.

И потрошувачката на вода значително варира регионално и одлучувачки зависи од стилот на живеење, степенот на развој и навиките за јадење во соодветните региони. Но, за што точно човекот ја троши водата и за што му е потребна таа?

Потрошувачка на вода …

Водата неопходна за потрошувачка од страна на човекот го опфаќа директното човеково уживање на водата за пиење, потребата во секојдневниот живот за јадење, хигиена итн. (потрошувачка на вода во домаќинството) како и за потребата што е неопходна во секторите земјоделство, индустрија и услужните дејности. Оттаму, потрошувачката на вода не е само едно мерило за директно побаруваното количество вода, туку и за отстранувањето. Освен тоа, во производите, кои ние ги конзумираме, се наоѓа извесно количество „сокриена“ вода – вода, која е потребна за производството на прехрамбени производи, а која во меѓународниот сообраќај на стока се именува како „виртуелна вода“.

…
во земјоделството

Најголемиот дел од водата – вкупно 70 проценти од водата расположива во целиот свет – се троши во земјоделството. Со неа се наводнува околу 250 милиони хектари земјоделска површина. Тоа се само 17 проценти од вкупната земјоделска површина, но од неа се добива повеќе од една третина од жетвата во целиот свет. Во две од три земји најголемата потрошувачка на вода отпаѓа на земјоделството. Особено висока е потрошувачката во сувите подрачја како на Блискиот Исток , Северна Африка и Југозападот на САД, каде низ речиси целата година мора да се наводнува на вештачки начин. И државите како Пакистан, Индија, Индонезија и Кина се зависни од наводнување на полињата; на тој начин тие заработуваат повеќе од половината од своето производство на прехрамбени производи. За да се нахрани растечкиот број на население, мора да се зафатат и наводнуваат сθ повеќе садови површини. И потрошувачката на вода за сточарството е зголемена во последните години.

Следната табела ја покажува низ пример потребата од вода по единица за важни прехрамбени производи.

Потреба од вода за производство на храна (по единица)

Производ

Единица

Потреба од вода во м³

Говедо

животно

4.000

Овци и кози

животно

500

Говедско месо, свежо

килограм

15

Овчо месо/јагнешко месо, свежо

килограм

10

Пилешко месо, свежо

килограм

6

Жито

килограм

1,5

Жито

килограм

1

Мешункасти, коренови и плодови овошја

килограм

1

… во индустријата и во електростопанството

22
проценти од потрошувачката на вода во светот отпаѓаат на индустријата и на електростопанството. Овој удел варира според соодветната економска структура и е во корелација со примањето и благосостојбата. Тој изнесува од 10 проценти во земјите со ниски и средни примања до 59 проценти во земји со високи примања. Во Европа повеќе од половината расположива вода се троши во индустријата и за производство на енергија.

Индустријата употребува вода за ладење, за обработка, за чистење и за отстранување отпад. На следната табела можете да најдете еден преглед на потрошувачката на вода за производство на некои производи:

1 лименка за пијалок

3 литри

1 кг ПВЦ

550 литри

1 кг обоен конец

2.500 литри

1 џинс од памук

8.000 литри

1 блуза од памук

4.000 литри

1 т челик

20.000 литри

1 ПЦ

30.000 литри

1 т бензин

70.000 литри

1 т целулоза

550.000 литри

1 т хартија

500.000 до 1.500.000 литри

1 автомобил

100.000 до 380.000 литри

За производство на енергија водата е важна во многу области, пред сθ, за производство на струја од силата на водата како и за нејзина употреба за разладни потреби во топлани. Атомските централи и централите со фосилни горива ги претставуваат најголемите индустриски индивидуални потрошувачи; тие употребуваат неверојатно количество вода за ладење. Најголемиот дел од индустриски користената вода се враќа во водниот циклус, но тогаш е честопати загадена со хемикалии и тешки метали или, пак е толку многу затоплена, што екосистемите патат од таквата вода.

…
во домаќинството

Потрошувачката на вода во приватните домаќинства, во простории како кафеани и болници, претставува најмал дел од потрошувачката на вода во светот. Во просек таа изнесува осум проценти. Дека овој удел не е подеднакво распределен, не мора да се спомне уште еднаш. Сепак, ќе го сторам тоа, а за подобра претстава ќе ви дадам примери со неколку бројки:

Во Јужна Калифорнија, со своите огромни дворни површини, базени и игралишта за голф, дневната потрошувачка на вода изнесува околу 3.000 литри по жител. Според податоцитена Светската здравствена организација (WHO - http://www.who.int/en), 50 литри претставува минималната дневна потреба на еден човек, за да може да води донекаде достоен живот.

Ова количество ни оддалеку не им стои на располагање на сите луѓе; 1,1 милијарда во целиот свет немаат ниту 20 литра вода на ден. Во многу региони на Индија жените, коишто се одговорни за дневното набавување вода, мора да одат и до дванаесет километри, за да можат да се вратат во своите села со неколку садови на глава наполнети со бунарска вода. Во нашите широчини, пак, повеќето од нас сме навикнати на навидум неограничена вода близу до нас, која тече од славината и со едно миење на тоалетот го трошиме истото количество вода што на некои места му го обезбедува дневното преживување на цело едно семејство. Следната споредба на просечна потрошувачка на вода во домаќинствата во Австрија и Индија појаснува, каде се наоѓаат потенцијалите за заштеда:

Од потрошувачката на вода во домаќинствата во Австрија од дневно 150 л вода по човек отпаѓаат на:

Од потрошувачката на вода во домаќинствата во Индија од дневно 25 л вода по човек отпаѓаат на:

миење тоалет

48 литри

миење тоалет

0,25 литри

бањање, туширање

43 литри

бањање, туширање

8 литри

перење алишта

18 литри

перење алишта

0 литри

нега на тело

9 литри

нега на тело

0 литри

миење садови

6 литри

миење садови

9 литри

наводнување двор

6 литри

наводнување двор

0 литри

пиење, готвење

3 литри

пиење, готвење

3,75 литри

миење автомобил

3 литри

миење автомобил

0 литри

друго

14 литри

друго

4 литри

Вкупно

150 литри

Вкупно

25 литри

Причини и последици од недостатокот на вода

Глобално гледано, побарувачката на вода расте двојно побрзо од населението. Според една проценка на Обединетите нации, до 2035 година најмалку 40 проценти од населението во светот ќе живее во земји, во кои владее хроничен недостаток на вода. Покрај непроменливиот факт дека водата е ограничен и регинално нееднакво распределен ресурс, дека расте бројот на луѓето што живеат на земјата, а со тоа и потрошувачката, постојат цела редица други причини за водната криза, против кои може да се дејствува. Тука спаѓаат:

„Расфрлање“ вода преку

•
неефективни методи за наводнување во земјоделството
•
заостанати начини на производство во индустријата
•
водови со дефекти
•
слободното време и туризмот

Загадување на водата преку

•
непостоење на системи за одведуање на отпадните води
•
пестициди во земјоделството
•
индустриски отпадни води
•
навлегување на солена вода со земање на подземни води

Оштетувања на екосистемот преку

•
отшумување, ерозија на почвата, запечатување на почвата
•
климатски промени

Овие причини се разновидни и се наоѓаат во сложен меѓусебен однос со човековиот начин на живеење, особено со потрошувачкото однесување во модерните општества, за кое е потребно да се размисли во поглед на катастрофалните социјални и еколошки последици (види http://www.dadalos.org/nachhaltigkeit_maz/).

Од последиците од недостатокот на вода погодени се, во прв ред, сиромашните слоеви од населението, на кои им недостасуваат средства, за да си обезбедат пристап до чиста вода. За човештвото сиромаштијата е симптом и причина за водната криза, чии размери би сакала да ги резимирам тука уште еднаш:

·         Заедно со недостатокот на вода доаѓаат речиси 80% од сите болести во земјите во развој. Непостоењето или лошата инфраструктура за водоснабдување (на пример без бунари или оштетени водови) и за прочистување на водата (на пример мали прочистителни станици) годишно ги чини 12 милиони луѓе живот и предизвикува екстремно висока смртност кај децата.

·         Како последица на немањето вода се создаваат значителни проблеми со исхраната.

·         Недостатокот на вода е предизвикувач за бегство од земјата и за огромното растење на метрополите. Во светот постојат 25 милиони бегалци заради вода.

·         Недостатокот на вода е причина за заканувачки конфликти помеѓу држави и во државите.

·         Недостатокот на вода мотивира „разбојничко стопанисување“ со природата и уништување на природните ресурси.

·         Достапноста на вода станува инструмент за моќ и потчинување.

Елиминирањето на сиромаштијата, промената на неодржливи потрошувачки навики и начините на производство како и заштитата на природните ресурси од презагадување се значајни предуслови за решавање на водната криза, кои нθ засегаат сите нас, можеби во иста мера. Јакнењето на свеста за тоа спаѓа во најважните задачи на образование за одржлив развој. Водата е заедничко добро за човештвото, коешто треба да се сочува имајќи ги предвид идните генерации. Затоа содржината на образованието за одржлив развој треба да го пренесува пристапот до вода како човеково право.

Право на човекот за вода

Грчкиот филозоф Платон пред 2.500 годни рекол: „Водата е најпотребното нешто за одржување на животот, а токму таа лесно се уништува. Затоа е потребен еден заштитувачки закон Неговиот исказ воопшто не изгубил на актуелност. Денешните процеси на намалување и на комерцијализација на водата имаат за последица што пристапот на голем број луѓе до вода е ограничен, доколку не можат да платат.

Тоа е случај и во Европа, како на пример во Велика Британија, каде цените за вода во екот на приватизацијата на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води од 1980-тите постојано растат. Ова повеќепати доведе до барања на социјални движења за признавање на водата како човеково право и обезбедување на основната потреба од вода, на пристапот до чиста вода за пиење и нејзина праведна распределба.

Правото на вода не е специфично спомнато во првите декларации за човековите права; така, тоа право во Универзалната декларација на човековите права од 1948 година се признава само на индиректен начин, како последица на член 25: „Секој човек има право на животен стандард, соодветен за здравјето и добросостојбата...“. 1976 година кон ова како дополнение во сила влегоа двата пакта за граѓански и политички права (граѓански пакт) како и за економски, социјални и културни права (социјален пакт) (види Д@далос онлајн учебник на тема „Човекови права“).

Во 1990-тите овие права беа глобално зголемени, на пример со критичката оценка за извештаите за човековите права, кои државите ги доставуваа на секои пет години, во кои внимание му се обрнуваше и на правото на вода. Важен чекор беше именувањето на специјалниот известувач за правото на вода од страна на Поткомисијата за човекови права на ОН во 2001 година.

Од пионерско значење за официјалната потврда на човековото право на вода од страна на Обединетите нации е „Општиот коментар 15 за правото на вода ” од ноември 2002, кој беше донесен од Комисијата на ОН за економски, социјални и културни права.

Поаѓајќи од тоа дека без соодветно водоснабдување не е можно физичко преживување и здрав живот, Комисијата го гледа правото на вода образложено, пред сθ, во член 11 од Социјалниот пакт Право на сооодветен животен стандард“). Според Комисијата, човековото право на вода му дава за право на секое лице за „доволна, сигурна, прифатлива, физички достапна вода, која може да се плати, за лична и домашна употреба“. Тука, пред сθ, спаѓа водата за пиење, за готвење и за лична и домашна хигиена.

Тоа конкретно значи: Водата треба …

·         … да биде достапна во „доволна“ количина. Не е зададена прецизна количина. Но, може да се појде од тоа дека најмалку 20 литри дневно по човек се неопходни за да се биде трајно заштитен од појави на недостатоци и од болести што се опасни по живот.

·         … да не биде премногу оддалечена и да биде достапна без опасност по телото и живототфизички достапна“). И овде не може јасно да се утврди, колку би требало да биде максимално долг патот до изворот на вода. Сепак, испитувањата покажуваат дека кај пат што трае подолго од половина час, едвај да може да се донесе доволно вода дома. Во дефиницијата за „пристап до вода за пиење“ се поаѓа од еден километар како максимално дозволиво растојание.

·         … да покажува квалитет, кој не го загрозува здравјетобезбедна“) и треба да биде прифатлива и по однос на мирисот изгледот итн.

·         … „да може да се плати“, значи да не биде толку скапа, што неопходната количина воопшто не ќе може да се добие или ќе може да се добие само на сметка на други работи што се потребни за живеење како храна, живеалиште, облека итн.

Коментарите се излагања на Меѓународните договори за човекови права, кои немаат официјален правен статус, но се сосем влијателни за интерпретацијата на пактите. Во соочувањата во врска со водоснабдувањето на сиромашните и на идните генерации коментарот е важна референтна точка. Така, на пример, еден суд во аргентинската Кордоба го осуди градот и провинцијата, меѓу другото, заради повреда на човековото право на вода, упатувајќи притоа на Пактот. Тие беа обврзани, на тужителите од засегнатите делови од градот да им доставуваат бесплатно вода сθ додека проблемот не се отстрани. Како резултат на пресудата надлежните во градот и провинцијата започнаа да го подобруваат и прошируваат системот за водовод и канализација.

Овој пример покажува, колку се важни правните документи, за да може да се изврши притисок врз властите во случај на повреда на правото на вода. Сепак, правото на вода досега не спаѓаше во обврзувачките обврски на една држава, бидејќи не претставува експлицитен составен дел на меѓународно правните договори. Најопфатниот предлог по однос на ова би била една меѓународна Конвенција за правото на вода. Таква конвенција би вовела во меѓународното право детални стандарди за правото на вода, кои би го надминале Општиот коментар и кои би биле и правно обврзувачки.

Барањето за признавање на човековото право на вода наоѓа сθ поширока поддршка во меѓународни рамки. Додека милиони луѓе мораат да се борат за пристап до вода, а со тоа и за нивно преживување, државни и недржавни организациии и најавија борба на ваквата состојба. Со оглед на антагонистичките политички и економски интереси, и ова ќе биде тешка битка!

[кон содржината]
_________________________________________________


на веб

Листа со линкови на тема „Вода“


Кампањи, извештаи и мерки на меѓународен план

http://www.un.org/waterforlifedecade/
Официјална веб страна за декадата „Вода за живот“, која беше прокламирана на 22 март 2005 од Обединетите нации, а за која се подготвени информации во петте службени јазици на ОН (арапски, кинески, англиски, француски и шпански).

http://www.unwater.org/
Веб страна на ОН-вода на англиски јазик, механизам во склоп на Обединетите нации, кој беше воспоставен во 2003, по светскиот самит за одржлив развој во Јоханесбург. Негова цел е поддршка на држави при постигнувањето на милениумски развојни цели во доменот на водата до 2015.

http://www.worldwaterday.org
Тука можете да најдете информации за Светскиот ден на водата, 22 март на следниве јазици: англиски, француски, португалски и шпански. Освен тоа, постојат многу линкови до други понуди на информации на тема „Вода“.

http://www.wateryear2003.org/
Официјална веб страна на УНЕСКО за годината на слатките води 2003 на англиски, француски и шпански јазик.

http://www.iydd2006.org/
Официјална веб страна на УНЕСКО за меѓународната Година на пустините и формирањето пустини 2006 на англиски, француски и шпански јазик.

http://www.unesco.org/water/wwap/wwdr1/
На оваа веб страна на УНЕСКО има опширни информации за првиот извештај за развојот на светските води на Обединетите нации „Водата е живот“ од 2003 на англиски, француски и шпански јазик. Комплетната верзија на извештајот е достапна на сите пет службени јазици на ОН како pdf-датотека.

http://www.unesco.org/water/wwap/wwdr2/
На оваа веб страна на УНЕСКО има опширни информации за вториот извештај за развојот на светските води на Обединетите нации „Водата – заедничка одговорност “ од 2006 на англиски, француски и шпански јазик. И овој извештај може да се спушти како pdf-датотека на овие јазици; треба да следат преводи на други јазици.

http://assets.panda.org/downloads/rich_countries_poor_water_final_170706.pdf
Тука можете да го најдете актуелниот извештај на еколошката организација WWF (World Wide Fund for Nature) на англиски јазик со наслов „Rich Countries – Poor Water“.

http://www.iucnredlist.org
Веб страна на Меѓународната унија за заштита на природата (International Union for Conservation of Nature and Natural Resources), која на секои две години ја објавува „црвената“ листа на загрозени животински и растителни видови.

http://www.helvetas.ch  
Веб страна на швајцарското друштво за меѓународна соработка на германски, англиски, француски и италијански јазик. Хелветас има едно работно тежиште на тема „Вода“.

http://www.menschen-recht-wasser.de
MenschenRechtWasser
(ЧовековоПравоВода) претставува кампања на германската невладина организација Brot fόr die Welt (Леб за светот). Многу од информациите на опширната веб страна се достапни на германски, англиски и шпански јазик, како на пример општиот коментар за правото на вода.


Дидактички материјали натема „Вода“

http://ga.water.usgs.gov/edu/watercycle.html
Дијаграм на водниот циклус на 33 јазици (меѓу другото на албански, бугарски, хрватски, македонски, српски, словенечки, романски); делумно со објаснување.

http://www.wasser2003bildung.ch/
Опширна веб страна на германски, француски и италијански јазик со наставни материјали.

http://www.visumsurf.ch/wasser2003/
Квиз за годината на водата 2003 на германски, англиски и француски јазик.


[кон содржината]
_________________________________________________


Редакција

Овој информатор се издава од Д@далос Сараево, а е финансиран од Министерството за надворешни работи во Берлин и Сојузното министерство за економска соработка (БМЗ).

Одговорен уредник: Ингрид Халбритер

Адреса:
D@dalos Sarajevo
Алеја Липа 57
71000 Сараево
Телефон: +387 33 446 680 (канцеларија Вратник)
Факс: +387 33 715 601
Мобилен Ингрид Халбритер: +387 61 199 742
E-mail: Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Прилози или предлог-теми како и повратни информации ве молиме испраќајте директно на
Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Мејлинг листа: ако сакате да го добивате овој информатор автоматски, ве молиме обратете се на
Ingrid.Halbritter@dadalos.org

Ако сте го добивале овој информатор автоматски, а во иднина НЕ сакате повеќе да го добивате, напишете краток мејл на истата адреса
.

[кон содржината]

[нагоре]